Птици врз кои ноќта и денот се делат: стоте песни е книга со избор од поезијата на Блаже Конески, издадена од „Темплум“ во 2014 година, како прва книга од библиотеката „Модерна Македонија“. Изборот на песните го приредил Никола Гелевски.
Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Решив да ја прочитам по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Повеќето песни кои се дел од збиркава веќе добро ги знаев, но секогаш уживам во поезијата на Конески, без оглед на тоа колку пати ја читам.