Има само десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристчки дух. Таков е и неговиот роман - засмева, растажува, замислува. Забавна и возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности, Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
- Еј мајки и татковци, баби и дедовци, внимание, молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно не погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.