Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една од најубавите улици во својот омилен град, има работа која не би ја менувал за ништо на светот, кариерата му е во подем, ужива во сопствените предавања и во амбиентот на работното место. Еден ден на испит кај него доаѓа студентка со фалсификуван потпис во индексот. Тука започнуваат турбуленциите од чијашто разрешница ќе зависи се во животот на професорот.
Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје.
Има објавено три романи:
Гаргара, 2014, Панили, финалист за наградата Роман на годината Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, 2016, Или-Или, финалист за наградата Роман на годината Диссомнии, 2017, Антолог, финалист за наградата Роман на годината, добитник на Рациново признание.
Прекраснотии! Како поинаку да се опише роман кој го земаш в раце, и по првото отворање на страниците, не сакаш да го затвориш до самиот крај, а истовремено и не сакаш никогаш да заврши? Едно уметничко дело може да има сѐ, и да е направено како од учебник, опфаќајќи и вклучувајќи ги сите елементи кои добро уметничко дело од истиот вид треба да ги има, а сепак да биде празно зашто никој не му вдахнал душа. А од друга страна, друго дело може да те остави запрепастен, не обидувајќи се воопшто ни да ги пронајдеш „елементите од учебник“ кои по дифолт тоа дело од истиот таков вид „мора“ да ги поседува. И да не ти е гајле. Оти ти е убаво. И оти знаеш дека и на другите би им било убаво. Затоа, силно препорачувам! И ви завидувам оти ќе уживате, а јас веќе нема да можам, зашто со други очи ќе го гледам, и затоа што вие не знаете, но јас сега знам дека „ништо не е така како што навидум изгледа“.
Многу сум среќен што прв пишувам за романов на Goodreeds, само неколку дена по неговата официјална промоција и што сум меѓу првите кои го оцениле. Ќе го следам неговиот пат до освојувањето на „Роман на годината“ за 2016. И ќе ми биде мило кога ќе ви речам: „Ви реков!?“.
Освен насловот, на корицата пишува уште и „Ништо не е така како што навидум изгледа.“. Тоа всушност и беше она што ми се провлекуваше низ потсвеста цело време додека го читав ова кратко, но сепак исклучително книжуле. А сепак на крајот малку се изненадив, иако поголемиот дел од тоа што можеше да се случи и го очекував. Мала книга по обем, но голема по сè останато. Стилот одличен, добро осмислена, сè некако таман. Се состои од три дела, во сите три наратор е Иван Коваленко, професотр на Лавовскиот универзитет во Украина. Приказната всушност оди во обратен редослед, бидејќи Иван, иако раскажува хронолошки, всушност се враќа во мислите во минатото, а сè е убаво компонирано. Уживање беше да се чита и иако сè беше како што треба, жел ми е што толку брзо ја прочитав. И секако, си ги набавив и другите два романи на Игор, „Диссомнии“ и „Гаргара“.
Еден збор: Ге-ни-јал-но! Во секоја смисла. Од едноставниот но „замашен“ стил на пишување, до целата сценографија што писателот ја има замислено. Книгава ветува.... И исполнува уште толку повеќе.
До книгата Гаргара стигнав случајно преку размена на книги во Магор и искрено не очекував дека ќе ми се допадне, до толку, да земам да барам што друго има од авторот па еве и да го купам и прочитам и ова дело, кое ми се допадна и многу повеќе. Не очекував таков расплет на настаните. Нема непотребни обајснувања и пишувања, се е на место. Кратко и концизно. Прекрасно. Вреди да се прочита. А јас ќе си ја купам и Диссомнии наскоро.
Прекрасна книга. Од приказна, до стил на пишување, до емоции и топлина. Читателот може да ја почувствува тежината која стои натежната на плеќите на главниот лик. Но и самиот развој на настаните е интересен, неочекуван... Оригинална приказна од сите аспекти, но и книга која изобилува со многу искреност. Животе, имаш ли душа?
This is a book that will play with your thoughts like a roller coaster. At the beginning, you support the main character, feel a little sorry for him, get angry at some other characters... and then, it strikes you like a thunder on a sunny day... This book will be long time in your mind after you finished the last page. Well done!
Еднаш одамна, в раце ми падна Дисомнии. И ми се допадна. На ланскиот саем си ја купив и Првиот универзитетски ден на мојата ќерка и дури денес и дојде редот. Мало книгиче, а толкава приказна. И брзо се чита, две седнувања в автобус. Не се испушта од раце.
Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет човек, во брак е со саканата Јулија во која е заљубен уште од студентските денови. Еден ден, на испит кај него доаѓа една студентка која го има фалсификувано неговиот потпис во индексот. Во нејзина одбрана, таа кажува дела платила на друга студентка за да добие потпис кој бил лично од професорот. Но таа студентка, ја нема ни под дрво ни под камен. И тука целиот живот на професорот се врти наопаку. Се шират трачеви, муабети, работното место му е загрозено, бракот му е во прашање.
Што се крие зад навидум лажниот потпис во индексот?
И авторот нема да биде тој, ако не ве остави со подотворена уста. А јас нема да зборувам многу, бидејќи книгата е мала. А ако ве интересираат книги сместени во актуелната Украина и градот Лавов, сигурно ќе ви се допадне. Оваа книга има топла препорака од мене.
Секое лето ме уморува се повеќе. Летата во Охрид знаат да бидат исцрпувачки и наметливи, или едноставно - мачни. Кога зборувавме со Марија за временската прогноза и за честите невремиња, ме праша дали сум го паметел летото кога исто така имаше поројни дождови. Без двоумење одговорив да, тоа беше летото 2014 година и таа се зачуди па ме праша како сум можел да запаметам лето според тоа дали врнело. Понекогаш дождот го сфаќам лично, одговорив, и сите години од мојот живот ги паметам според летата и книгите и точно, во летото 2014 врнеше дожд и не одев на плажа, а во големата кујна од станот под кирија ги читав трите тома на Дејвид Коперфилд кои ме чинеа цело лето. Се уште го паметам тоа лето - изданието на Дејвид Коперфилд беше старо и мирисаше на умрено, стрико ми имаше нова девојка, репрезентацијата на Италија испадна уште во групната фаза, а дождот не запираше.
Подоцна увидов дека Дејвид Коперфилд сум ја прочитал во 2015 година, но сум и ја припишал на годината пред неа.
Надоврзувајќи се на ова, овде ќе го споменам и стравот од потрошеноста на животот. Чувствувам дека ме изнемоштува помислата на животот што следува - самата помисла дека, ете, животот следува, ме прави летаргичен.
Денес еден мој другар за англиската буква Y рече „ипсилун“. Не беше прв пат да го слушнам тоа. Зборувавме за една Турчинка по име Ајрин, но математичкиот назив на буквата Y ме направи отсутен во разговорот.
Единствено прибежиште од животот е уметноста и оние неколку мигови после свршување.
Едноставна убавина, убава едноставност - е првата мисла која ми доаѓа за стилот во кој е напишана оваа прекрасна книга. Но нарацијата води до најскриените катчиња на човековата душа, кајшто не е важно што си, туку кој си во душата. Навидум лесни морални дилеми, кои писателот маестрално ги опишува водејќи се од несовршеноста на луѓето и љубовта, како универзална сила која го движи овој свет.
Јас посакувам оваа книга да биде роман на годината за 2016, како показател на умешноста со која овој писател владее со пишаниот збор. Но за мене, оваа книга ќе биде парче душа која писателот ја ставил на дланка, за да се препознаат во неа сонувачите.
Ми се допаѓа начинот на кој тече мислата на писателот, течно и нежно како река. Ми се допадна и самата приказна, во која тој одлучил да ги поврзе, Чернобилската катастрофа со катастрофата која ќе се случи во неговиот живот, но сепак и од гнило дрво може да излезе одличен плод. Ми се допадна како егоистичноста и самољубието на професорот се судрија со неговата самобендисаност и кукавичлук. Но, и како тие истите и го освестија и конечно ја поттикнаа неговата храброст, да пресече со самиот себе си и да почне конечно да го живее животот, кој самиот си го одбрал. Сето, тоа како бумеранг да му се врати во мислите, токму на првиот универзитетски ден на неговото најголемо достигнување, неговата ќерка. Се на се убаво скоцкана приказна, тамам колку и треба ви 134 стр. Браво
Професор Иван Коваленко навидум живее прекрасен живот со сопруга Јулија. Но, каква пресвртница ќе му донесе животот кога ќе влезе студентка Олесја Жулобович. Таа заводничка којашто ќе посака на ист таков начин да го заведе и професор Иван. Колку ќе биде успешна нејзина игра? А, колку и самиот Иван ќе може да се жртвува себеси за спас на нивна љубов?
Едвај 2 ⭐️ Не знам што толку ги изненадило кај книгава другите читатели ама мене ми беше баш предвидлива. Ептен ми е некако безвезна, како без поента и порака. Ништо посебно не ми се допадна што мислам подобро и да не чита човек мислења за книги за потоа само се разочара.
Потполно уживав во читањето на "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка", поаѓајќи од симболиката на корицата, па сè до последниот збор на оваа книга од 100тина страници. Не можам да си дозволам да кажам "книгичка" поради бројот на страните, напротив, повеќе би одговарало да речам "книгиште".
Приказната започнува наивно, гордиот татко ја испраќа ќерка си на нејзиниот прв универзитетски ден. Додека ја чека, му навираат спомени за неговите денови како угледен професор на универзитет, воедно и омилен меѓу студентите. Еден ден, една не толку секојдневна случка на факултет, полека но сигурно, предизвикува домино ефект врз животот на професорот. Од овде почнува да се разврзува нишката на приказната, за која е неблагодарно да дораскажам повеќе, освен од срце да ви ја препорачам.
Умерено нанижаните епитети, богатите компарации и метафори кои ја збогатуваат приказната помагаат речениците при читањето да се слизнуваат со леснотија, страниците сами се вртат. Напишана е во навидум лесно читлив стил, а изобилува со мудрости и интелигенција. Е во тоа е умешноста на пишувањето.
Таква каква што е, совршено долга, со ниту многу-ниту малку заплети и расплети, ова е приказна, пред сè, за човекот...за човековото его и природа, за кукавичлукот, за свеста и разумот, за болката и тагата, за неправедноста, грешењето и избавувањето, но и за надежта, а сепак, најмногу за љубовта.
Ова е книга која ја читаш и со очите и со срцето и кога ќе ја дочиташ не ја затвораш, туку ја носиш со себе.
Првиот универзитетски ден на мојата ќерка не е приказна за никој друг, туку е приказна за секој од нас што барем еднаш се почувствувал изгубено помеѓу потезите што ги направил и оние што не ги направил во животот, и за секој од нас што барем еднаш си рекол: „Ех, ако можев да се вратам назад, да сменам нешто, да изиграм поинаку.“
Игор не раскажува туку отвора врати, во мислите, во стравовите, во љубовите што нѐ изградиле и грешките што нѐ научиле. Нѐ носи до точката каде што ја вртиме “шаховската таблата“, и конечно го гледаме животот не само од своја, туку и од туѓа перспектива и така се гледаме себеси појасно.
Она што најмногу ме погоди е онаа тишина помеѓу зборовите, каде се кријат сите нешта што ги носиме со години, а никогаш не сме ги изговориле. Таму е љубовта што не сме ја разбрале, и детето во нас што уште чека некој да го научи како се игра оваа игра наречена живот.
Ова не е книга за читање. Ова е книга за чувствување. За будење. За мир со минатото.
Мало ама провокативно книжуле. Првиот универзитетски ден на неговата ќерка е само повод да раскаже зошто тој повеќе не е професор на тој универзитет. На средината на истиот ден, приказната повторно се врти кон ќерката и објаснувањето на неговата лична историја и судбината која двајцата ја имаат. Ми се допадна книгава, лесно читлива, но со изненадувачки пресврт. Е, тука доаѓа моето мрчење. Ја изедначувам со „Тајната на Алексови“ на Наде Стоиљковиќ. Немаат никаква допирна точка во приказната, ама како што ден денеска не можам да ја прифатам тајната на Алексови, така и овде, во ова книжуле, не можам да го прифатам пресвртот. Прочитајте, нема да зажалите :)