Исповеди на еден психотичен ум е роман-збирка кој во себе содржи различни раскази поврзани преку еден неконвенционален заеднички крај. Приказната вклучува ликови во кои се претставени трите различни лица на еден човек, предмет на анализа на една млада девојка која го листа дневникот на својот дедо обидувајќи се да открие кој навистина бил тој. Исповеди на еден психотичен ум е слика за младите урбани луѓе кои се во потрага по своето место во новото динамично општество во кое правилата и вредностите се во голема мера разнишани.
4.5 Одлична книга за емоционално оштетените, за гордоста и за тоа што прави тој пуст страв од осаменост кога ќе го помешате со желбата да создадете одредена слика во општеството. Интересен стил на пишување, совршено го доловува модерниот живот во Скопје, градот во кој сите ставаат маски за да ја прекријат својата ранливост. Плус тој plot-twist на крај само ќе го зачини читањето. :)
Дебитанскава книга на Ристевски е интересна книга во секоја смисла на зборот. Интересен жанр, роман во разкази? Интересен стил на пишување, дефинитивно македонски, исклучуво скопски. Книгава да бидам искрен ми се допадна. Лесна е за читање и поделена во 4 раскази, а тие четири раскази ги поврзува заедничкиот крај. Да не беше последниот расказ и plot twist-от на крајот најверојатно немаше да и дадам 5ка. Книгава има добра поука преку приказната на главниот лик со шизофреничен ум, прикажувајќи го длабоко и психолошки, односно какви се сите тие луѓе со тие растројствата, како да ги препознаваме и најважното да се пазиме од нив :)
„Ако сакаш да ја најдеш иглата во сено, треба да се опуштиш скроз и да си легнеш во сеното и да уживаш, па ако самата те боцне после некое време - супер, ако не, јебига, не те бивало за таа игла, ама барем си научил да уживаш во сеното.”
Владимир Ристевски дава фантастична промена на македонската литература. Го претставува урбанизмот на 21 век во Скопје на моќен веристички начин. Хедонизам, хумор и лесна доза мизогинија. Резултатите се „Исповеди на еден Психотичен ум“, роман кој дава нова дефиниција на терминот „читање во еден здив“. Пост Скриптум - Нема (к)рај!