Jump to ratings and reviews
Rate this book

Гаргара

Rate this book
Во 2004 година Орест отвора подземно кафуле во Лавов. Го нарекува Гаргара, според кафулето што постоело во 1963 година на истото место. Старото кафуле во 1963 година исчезнало во неразјаснети околности. Од него останала само Книгата за пофалби и поплаки, која содржи два автобиографски раскази. Орест заедно со својата пријателка тргнува во ризична потрага по авторите на расказите во Книгата за пофалби и поплаки и истовремено се обидува да го расветли мистериозното исчезнување на кафулето во 1963 година.

„Ваков роман се дочекува на нозе... јазикот му „спие“ во стилот, стилот му „спие“ во структурата, структурата му „спие“ во одлично изведениот роман...“
Оливера Ќорвезироска

186 pages, Paperback

Published January 1, 2016

3 people are currently reading
51 people want to read

About the author

Игор Станојоски

9 books30 followers
Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје.

Има објавено три романи:

Гаргара, 2014, Панили, финалист за наградата Роман на годината
Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, 2016, Или-Или, финалист за наградата Роман на годината
Диссомнии, 2017, Антолог, финалист за наградата Роман на годината, добитник на Рациново признание.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
61 (62%)
4 stars
22 (22%)
3 stars
11 (11%)
2 stars
3 (3%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 17 of 17 reviews
Profile Image for Andrei.
147 reviews
June 17, 2017
Kако што некаде другде реков (а исто и авторот), ова е тип на книга која те седнува во некаков воз и ти шепнува - патувањето тукушто започна. Се чита во еден здив, те води во подземните тунели на мистериозниот Л`вив, поттикнувајќи ја жедта да го посетиш барем еднаш во животот овој град. Стилот иако богат, е со едноставна конструкција на речениците без прита да се загуби човек во мислата. Изобилува со скриени референци кои на читателот често му проникнуваат насмевка. Одлична авантура, проткајана со мириси на кафе, љубов и мистериозни разрешници. Препорака до сите, особено оние кои имаат посебен фетиш на книгите на Зафон ;).
Profile Image for Димитар Димоски.
Author 2 books39 followers
July 31, 2017
Додека ја чекав да си дојде од работа, деновите ги минував ретроспективно, одново ѕиркав во стопати прегледаните филмови на Били Вајлдер, а потоа ја читав Гаргара и така времето без нејзиното присуство поминуваше изненадувачки брзо.
Вечерта наздравувавме со бело вино и на малата маса на балконот гореа свеќи. „Имам проблем со главниот лик во мојата книга“ и реков.
„Што со него?“
„Сакам да пишува за жената што ја изгубил само во сеќавања, не сакам таа да се појави некогаш“
„Епа нека ја преболи“
„Хероите од книгите не преболуваат“, реков и потоа тоа ми звучеше на откровение.
Надвор беше убава ноќ. Се слушаше само звукот на штурците.

Неколку утра подоцна, пред да се испратиме, ќе и оставам ливче во книгата за кога ќе ја отвори да ја чита, да го види. На него ќе пишува „Оризовото млеко не е толку лошо колку што ми рече дека е“.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book100 followers
September 19, 2020
Прекрасна книга. Станојоски е мојот омилен македонски современ писател. Приказната има сѐ: мистерија, љубов, дисиденти, една необична книга која содржи трогателна приказна и разделба. Стилот на пишување е прекрасен, начинот на кој се испреплетуваат различни ликови и приказни исто така. Топло ја препорачувам!
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
November 12, 2023
Не знам дали затоа што горе-долу овој пат знаев што да очекувам, или можеби затоа што ова му е роман-првенец на Игор Станојоски, не ми остави толку силен впечаток како „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“. Да бидам искрен, се мислев како да го оценам, зашто не дека не ми се допадна, само очекував повеќе мистерија, можеби потрогателна приказна или поизразен пресврт. Некаде измеѓу 4 и 5 ми е. Јазичниот колорит, стилот на писателот и техниката со која одлучил ова да биде приказна во приказна, на некој начин дистанцирајќи се од авторството на текстот, со што се засилува приказната, правејќи ја помалку фиктивна, ако можам така да се изразам, се нештата кои најмногу ми се допаднаа и по што ќе ја памтам Гаргара. Пасажите за јазикот, т.е. одломките од книгата за пофалби и поплаки кои ги напишал „лекторот по македонски јазик“ се уште еден сегмент кој нема да го заборавам. И секако - делот од приказната за Сарафил и Марика, колку и да има патетика во таа приказна ако некој се обиде некому да ја раскаже, тука не звучеше патетично или мелодраматично, туку напротив, баш тој дел е делот кој отскокнува над остатокот од наративот. Убав роман, во секој случај.
Profile Image for Martina.
23 reviews4 followers
February 15, 2020
Значи книгата ми направи баш Гаргара, ме прочисти од другите книги. Ова е тоа што ми требаше долго време, да ме држи цврсто додека читам и да не ме остави и после тоа. "Исто како кога читаш патувајќи со воз, низ прозорецот се отсликуваат неодоливи пејсажи, а ти не можеш да го оттргнеш погледот од романот што го читаш и не можеш да се воздржиш од желбата да дознаеш што ќе се случи понатаму, додека нараторот течно и заразно управува со твоите мисли и мечти".
Сега не ми е сеедно со која книга ќе почнам. После прочистувањето не би да се валкам со било која.
Profile Image for Loreta Kostovska.
86 reviews3 followers
October 15, 2023
Навистина одлична како и секоја книга на Игор. Приказна која ве вовлекува во неа и не ве остава на мир додека не ја прочитате. Интересни, одлично разработени ликови, едноставен но богат стил на пишување, и неколку животни приказни кои на многу интересен начин се испреплетуваат меѓу себе. Ниту еднаш додека ја читав не помислив дека нешто е премногу или премалку, се во книгата е потаман. Ненаметливите описи на Лавов и сите случувања во него пренесени преку зборовите на Игор ми разбудија желба навистина да го посетам овој град и да ја доживеам неговата убавина.
Profile Image for Ana.
50 reviews5 followers
May 9, 2020
Едноставен, впечатлив стил, толку лесен, а толку привлечен за читање. Приказна која те влече додека не ја прочиташ до крај, во еден здив. Со секој нов збор, секоја нова реченица, секоја нова страница се јавува поголема желба да дознаеш како се' навистина се завршило. Како да чекаш да се отплеткаат замрсените конци на една долго чувана тајна.
Сакав уште, признавам.
Profile Image for Александар Николовски.
Author 18 books191 followers
September 27, 2019
Стилот е добар, приказната океј, но на крајот според мене малку повеќе избрзано, затрупано па потапкано што се вика, оценка 3.2/5!
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
55 reviews3 followers
October 1, 2025
“Во Гаргара доаѓаат тие што имаат најголема потреба да си ги исплакнат устата, грлото и душата од секојдневната порција лајна што ја добиваат од влсата, од претрпените неправди и угнетувања.“

Гаргарата не е лек, таа е привремено олеснување. Гаргараш, ја чуствуваш течноста, ама не ја голташ. Исплакнуваш, исплукуваш и имаш чуство на прочистување.

Е, читањето на оваа книга е Гаргара за душата, гаргара на мислата пред нејзиното изговарање. Ја вкусуваш и дел од тој вкус останува во тебе засекогаш. Ја читаш, ја дожививаш и стнуваш продолжение на нејзиниот наратив и никогаш повеќе нема да ја вратиш на полица, оти засекогаш останува вгнездена во тебе.
Можеш да прочиташ и илјадници книги и да не остеиш ништо, а потоа да прочиташ и да доживееш една ваква и никогаш повеќе да не си ист.

А ако случано голтнеш од гаргарта, тоа значи дека си одлучил да ја голтнеш вистината, и тогаш зборовите во книгата не се само обичен текст, туку стануваат дел од животот.

Маестрална книга. Ви ја препорачувам
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books37 followers
August 20, 2023
Ми се допаѓа како Станојоски вешто управува со ситниците и малите описи и така складно ги вклопува, што од една страна го прави делото побогато, а од друга уживањето го прави поцелосно.
„Гаргара“ нѐ води низ улиците на Лавов, но и низ тајните подземни премини под самиот град, приказната за Орест кој ќе го отвори кафулето „Гаргара“ на почетокот на 21виот век, инспириран од една друга „Гаргара“, и тука се испреплетуваат еден куп судбини и животни приказни...
Книгата ни ��ава многу добар увид во украинското општество во советско време, но и во младата Украина, која штотуку започнала да се бори со своите демони...
3 reviews
October 6, 2021
Приказна која те привлекува да прочиташ повеќе за побрзо да стигнеш до крајот. Одличен впечатлив стил полн со референци кои ги препознаваме од секојдневието. Преубаво опишување на градот Лвив за кој сега сакам да го посетам. Добра книга која вреди да се прочита.
Profile Image for Бојан.
4 reviews3 followers
September 23, 2021
Многу убава книга која вреди да се прочита.
Profile Image for Наташа Алексовска.
357 reviews10 followers
Read
January 12, 2024
Приказна за Марика и Сорафил ќе има задача да ја откри Орест со негова пријателка Кристина. Дали успешно ќе ја завршат нивна задача? Како ќе продолжат нивните животи понатаму?
Profile Image for Marijana Delijanova.
2 reviews2 followers
July 27, 2021
Книга која ќе ти остане во мислите барем неколку дена...
Displaying 1 - 17 of 17 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.