Марина и нејзиното момче Филип одлучуваат својот одмор ова лето да го поминат на прекрасниот грчки остров Крит на гости кај блиски роднини на Марина. Елена, вујната на Марина треба да ги пречека на автобуската станица во Хања.
Прекрасната идила која ги очекува на островот е прекината поради ситна караница предизвикана од Филип, кој во момент на фрустрација ја остава својата девојка сама.
Сфаќајки во меѓувреме дека направил голема грешка тој се враќа назад на станицата каде од Марина нема ни трага ни глас. Уште полошо, договорениот термин поминува, а вујната на Марина не се појавува да ги земе.
Во тој момент Филип започнува мртва трка со времето во обид да разбере што се случило со Марина, а денот којшто допрва следува се претвора во вистински пекол кој засекогаш го менува.
Ande Jankov (Анде Јанков) (novelist, poet, literary critic) was born in the leap year of 1988, and his life has been a rollercoaster ever since. A graduate economist from Ss. Cyril and Methodius, he has used his vast knowledge of various subjects in his writing career.
His debut novel, ''A Summer on Crete'' (Едно лето на Крит, 2016) received the award Romanijada, awarded by the publishing house ''Kultura'' for Best Debut Novel by an emerging author.
Afterwards, he sat his sights on expanding the crime and thriller genres on the Macedonian market, by introducing Viktor Nikolov, his detective protagonist in an ongoing series of novels: ''Vienna Game'' (Виенски гамбит, 2020), ''Calculated Risk'' (Сигурен ризик, 2021), ''Only God Forgives'' (Само Бог простува, 2022), "Kobayashi Maru" (Кобајаши Мару, 2024) and "Memento Mori" (2025).
He also created the literary podcast ''Literary conversations'' (Книжевни разговори), whereas he conducts interviews with the newest darlings of Macedonian genre literature. The podcast has five seasons and 70 episodes, with more than sixty guests.
Анде мајсторе 👏 браво. Со оглед на тоа дека е прво дело, уште поголемо браво. Го обожавам начинот на кој ме вози низ улиците, овојпат низ Крит. Приказнава ме бендиса многу, иако на моменти Филип не можев да го поднесам. Ама се оправи 😀 Одлично сработено, иако морам да кажам дека после оваа книга, ќе се подзамислам за одење на одмор 🤣 топла препорака од мене.
Тензично, напнато и динамично од самиот почеток до крај! Иако мотивот и негативецот се познати низ целата книга, приказната е одлично смислена и обработена за да држи целосно внимание. Иако, морам да признаам, сега некако ми е страв да го посетам Крит 🤣 Морам да кажам и дека иако ова е прва книга од Анде јас ја читам како последна од четирите негови досега издадени, но немав чувство дека е првенче, напротив, се гледа дека стилот на Анде е изграден уште при неговиот прв роман. 😁 И да, овој роман би бил одлично сценарио за филм или мини серија!
Искрено, очекував како прво дело на Анде, ова книга да не ми се допадне толку. Можеби и затоа што не изненади добива висока оценка од мене. Иако стилот на пишување на Анде е подобрен во неговите наредни дела, овде имаше добра и динамична приказна.
Ова е прва книга на Анде Јанков и од тие причини ќе ги избегнам коментарите за добра-лоша, што фали -што не, како требало да биде и колку е или не е предвидлива. Сепак, ова е негово прво дело (јас го читав второто издание од Антолог и претпоставувам дека сепак имало некои интервенции), сепак беше, е и ќе остане прво дело. И како такво... Стилот на пишување: добар, речит, едноставен, издржан и може да им парира и на најдобрите европски или светски крими автори (доволно сум ги читал, па ќе си земам право да коментирам). Ликовите: јасни, добро опишани, дури и предобро на некои места (влегување во баналност, но никако нападна, сосема вкусно вклопена, само со цел да ни ја доближи приказната. Приказната: Real time! Времето во кое дејствто се случува, е истото време кое (теоретски) би ви било потребно да ја прочитате. Summa summarum: Прво дело на односниот мкд автор, дајте му шанса... ПС: Продолжувам со „Виенски гамбит“, да видиме колку бев во право.
Стилот на пишување е чист и разбирлив. Книгата е тензична до самиот крај и го одзема апсолутно целосно вниманието. Оваа книга е од оние што не се оставаат на пауза или за утре. Од мене чиста 5 👌.
"Не можеме да ги смениме работите што веќе сме ги направиле. Но, онаа што можеме да го направиме е во иднина повеќе да ги цениме и сакаме оние што ни се најблиски."
Прва прочитана од нашиот Анде и морам да признаам дека ми се допадна многу. Убав стил на пишување, прекрасно изградени ликови, се чита во еден здив..❤️ Книга која ни зборува за љубовта,значењето и важноста на нашите најсакани луѓе и небитноста на секојдневните кавги, бидејќи никогаш не знаеме што ни носи сегашниот миг.Понекогаш се потребни само неколку минути и се да се преврти наопаку..
Марина и Филип се двајца млади и заљубени луѓе, толку различни, а сепак се надополнуваат, понекогаш се прашуваат како останале заедно и покрај различностите.Можеби токму поради тие различности се надополнуваат еден со друг.Тие решаваат летото да го поминат кај тетката на Марина, Елена на островот Крит. Возбудени за престојниот одмор слетуваат на аеродромот и се упатуваат кон автобуската станица каде треба да ги пречека тетката на Марина.. Поради одредени непознати околности тетката на Марина касни.. Филип и Марина имаат мала караница која просторот го исполнува со напнатост, па Филип решава на момент да оди во тоалет, а Марина останува да ја чека тетка и сама.
По само 6 минути Филип се враќа и решавајќи да се извини и купува цвеќе на Марина , но кога се враќа од Марина ни трага ни глас, а исто и од тетка и. Тогаш Филип се покајува што ја оставил сама и почнува да ја бара насекаде, а тоа што допрва ќе го открие ќе му го сруши неговиот свет.Одморот од соништата за миг ќе се претвори во вистински пекол.
Каде е Марина? Зошто тетка и доцни? Што ќе открие Филип? И што понатаму ќе се случува ве оставам да откриете.
Што ако само еден миг ви го преврти животот наопаку?! Што кога одморот од соништата ви се претвори во пекол? Понекогаш мора да ни се случат некои неубави работи т.е. понекогаш животот со причина ни влепува шамар за да се присвестиме , да се промениме и да научиме да ги цениме нашите сакани и малите среќни мигови во животот. Подобро да живееме со чиста совест,отколку да го поминеме животот во каење.
САКАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ, ПРОСТУВАЈТЕ СИ , ПОДАДАДЕТЕ СИ РАКА, БИДЕЈЌИ ВРЕМЕТО НЕ СE ВРАЌА НАЗАД, А ЖИВОТОТ ТЕЧЕ И НЕ ЗАПИРА И НЕМА РЕПРИЗА. ❤️❤️❤️
Секоја голема приказна има своја прва страница, па така оваа книга Едно лето на Крит е првиот чекор на Анде кој, иако штотуку започнал да создава, гласно најавува колку многу има да каже, да раскаже, да создава дела кои и те како те освојуваат. Низ оваа книга се наѕираат неговата креативност, стилот и мисловниот процес, кој во следните книги блеснуваат со полн сјај и се открива талент кој сега е веќе созреан во вистински книжевен белег кој не носи на едно литературно патување што вреди да се следи.
Не можеме да ги смениме работите што веќе сме ги направиле. Но, она што можеме да го направиме е во иднина повеќе да ги цениме и сакаме оние што ни се најблиски.
Егото и гордоста, најчесто одат рака под рака, оти ако егото е коренот, гордоста е неговата гранка. Ама како особини, сите ние ги поседуваме и се додека егото е балансирано, гордоста може да биде мера на достоинство, но кога овој баланс е нарушен, тогаш гордоста, од доблест преминува во недостаток, како надменост, инает, тврдоглавост.
Е токму ова е пораката и целта на книгата. Додека гордоста е како доблест, таа е онаа сила што му помага на човека да се исправи кога ќе падне, а кога ќе стане недостаток, кај човека, наместо мостови, крева ѕидови и тогаш е многу тешко да кажеш едно “Извини“, иако свесно знаеш дека си згрешил. Ама добро е кога се уште си свесен за тоа, па некои работи можеш навреме да ги поправиш. Оти љубовта, без разлика во која форма се јавува, не се гради само од убави моменти, туку и од искрено признавање на своите слабости. И некогаш зборот “Извини“ е тежок збор да се изговори, но ништо не тежи толку многу како молчењето кога имаш што да кажеш.
А за Крит, местото кое си го одбрал за оваа книга, нема што да се каже. Кој го посетил и истражил, ќе знае зошто си го направил изборот. Ама сепак ќе кажам дека самиот остров и во митологијата е лавиринт на љубовта, идиличен и див е исто ка како и секоја љубов, прекрасен е и рајски, ама и има голема историја на војни и освојување што со совршено метафорично се вклопува со твојата приказна.
П.С. Иако прва, книгата е убава, ама со последните две си се надминал себе си. Е сага мисли му ја за следната. 😁
Едно лето на Крит, книга што можеби многумина би рекле прва книга , прво обид, добар но може и подобро. Сепак, книгата има своја тежина, книга која ќе ја прочиташ во еден здив, и ќе те остави со мисла дека ми недостига летото, ми недостигаат авантурите, ми недостига жештината, грчкото узо, бојата и мирисот на морето...но... Но за жал тоа нема да биде случај со двајца млади кои патуваат за да го поминат своето лесно, жешко лето и да уживаат во убавините и забавите на Крит. Една мала кавга, ќе им го претвори животот во пекол, пекол како што е пеколно жешко летото на Крит. Приказна која ќе ве остави без сон додека не ја прочитате, посакувајќи да се случи чудо кое ќе им помогне да го најдат својот спас. И ќе се прашувате што ли смислил авторот, каде ли повторно ќе ве однесе. Автор кој прекрасно ги опишал улиците, поднебјето, природата и карактерот и однесувањето туристите и жителите на Крит.
Првенецот роман на Анде Јанков, ,,Едно лето во Крит" е приказна која ќе ви даде двојна перспектива и од страната на жртвите и од страната на негативците. Одлично напишан роман, кој ве води низ улиците на островот Крит. Интензивен, возбудлив и брзо читлив. Се чита буквално за еден ден.
Не дека книгава е лоша, искрено сум прочитала и полоши, ама мислам дека со оценка од 3 ѕвездички сум повеќе од дарежлива. Многу ми се свиѓа идејата, ама на крајот не бев воопошто задоволна. Ликовите некако не се целосно развиени и не можев да се приврзам за нив, ниту пак да сочувствувам, ниту пак да сум среќна за нив на крајот. Од една страна, авторот ни дава премногу нерелевантни информации за ликови кои не се многу важни за приказната (пример, поручникот или сведокот на несреќата), од друга страна, пак, немаме речиси никаква заднина за главните ликови. Според мене, требало малку повеќе да се поработи на емоциите на ликовите, мислам, дечково и девојкава тукушто пристигнуваат во странска држава, киднапирани се и единствено што добиваме од нив е „ова е најлошиот ден, во мојот живот“. Несомнено е најлош ден во нивниот живот, ама сигурно има тука и некои други чувства на кои би требало да се поработи, за да може читателот да се стави во нивна кожа. Е, токму затоа ќе ја наречам книгава пропаднат потенцијал, и ќе ги сметам трите ѕвездички како подарок. Една работа што особено ме извади од такт е непознавањето на роднинските врски, зашто ако Елена е сестра на мајката на Марина, тогаш во никој случај Елена не ѝ е вујна на Марина, туку тетка. Само поради ова на авторот ќе му залепам етикета НЕПИСМЕН, и ќе се запрашам дали некогаш воопошто би прочитала некоја друга негова книга.
Дејствието во оваа книга многу наликува на една сезона од „24“.
Подеднакво возбудлива како и популарната серија, приказната ги следи главните и споредните ликови во период од (скоро) едно деноноќие и константно го држи вниманието на читателот од почетокот до самиот крај.
Единствената замерка што ја имам е во однос на споредните ликови. Нивниот придонес во разрешницата на целата ситуација во која се наоѓаат главните ликови е многу мал (со исклучок на еден) и служат исклучиво за да добиеме подобра слика во психологијата на главните ликови.
Во секој случај, после извесен период, планирам да ја прочитам оваа книга повторно.
Всушност првиот трилер што го имам прочитано. Ми се допаѓаше повеќе отколку што очекував. Го ,,голтнав" во 2 дена. Најголем впечаток ми остави тоа што беше раскажувано од повеќе POVs, а не само на главните ликови. Особено ми беа интересни главите на случајните минувачи како и многубројните детали што ја направија приказната пореалистична и ,,поблиска". 5/5 ⭐️ од мене.
Планирав одмор за Крит и книгата ја купив со намера да ја читам таму. Eпа не додржав до одмор, нормално си ја прочитав книгата пред време 😅 супер трилер, непредвидливо дејство со cliffhangers зад секое поглавје.
Книгата ја слушав во аудио верзија на Самоглас. Ми се допадна нарацијата и живописниот опис на ликовите и самата локација каде се одвива романот. Би сакал и другите романи од авторот да се најдат во аудио формат.
Είναι το πρώτο βιβλίο που διαβάζω από τον συγκεκριμένο συγγραφέα και ήταν πολύ ενδιαφέρον καθώς λαμβάνει μέρος στον τόπο καταγωγής μου , που είναι η Κρήτη!