Jump to ratings and reviews
Rate this book

Јас и Лин, отпосле

Rate this book
Се работи за еден колажен роман, што се базира на две приказни: љубовната приказна на една млада писталка, од една, и дел од романот што самата го пишува, односно воспоставените интертекстуални и интермедијални релации со многубројни песни од современата музика, како и со реплики од познати драмски остварувања. Во прилог на хибридноста на жанрот се и писмата и неколкуте дневнички записи суптилно интерполирани во структурата на романот. Авторката умешно си поигрува и со употреба на различни писма - стандардно и италик. Ракописот донесува иновации во поглед на самата нарација; во оваа пригода, посебно ќе ги истакнам постапката приказна во приказна (или роман во романот), комплексната техника на раскажување и преминот на нараторот во прво лице - во еден сезнаен раскажувач, како и говорот на ликовите од романот што ги пишува главната хероина, а своја наративна функција имаат и песните вметнати во нарацијата. Настаните не се предадени хронолошки, туку на читателот му останува самиот да ги составува според принципот на сложувалка. Романот прикажува класичен љубовен тријаголник, но мора да нагласи дека воопшто нема патетика во третманот на љубовта, напротив! Љубовта е грчевита, драматична, впрочен, како и животот. Интровертниот свет на главната хероина се темели на сеќавања и реминисценции, на реални и фиктивни доживувања, на емоции и музика...

Извадок од рецензијата на проф. д-р Лидика Капушевска - Дракулевска

217 pages, Paperback

Published January 1, 2016

1 person is currently reading
5 people want to read

About the author

Ана Стојаноска

4 books2 followers
Д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).
Работела како истражувач-координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г.
Учествува на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Одржала повеќе јавни предавања од областа на театрологијата.
Авторка е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, прво издание, Блесок, /2016/; второ издание, Култура /2019/; за која ја доби наградата Рациново признание, /2017/ и беше финалист за наградата Роман на годината); Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувач е на книгите: Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Авторка е на деведесет студии и
есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавторка е на повеќе театролошки монографии.
Во 2019 г. стана член на Друштвото на писателите на Македонија.
Пишува постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Нејзината монодрама Стаклен лампион е праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, (2013).

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
5 (55%)
4 stars
2 (22%)
3 stars
2 (22%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.