Jump to ratings and reviews
Rate this book

Наследството на Вероника #1

На работ од времето

Rate this book
Возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна... или барем навидум е така.

Животот на Вероника е мошне едноставен. Таа се буди, појадува, чита книги, руча, повторно чита, вечера и легнува да спие. Нејзините родители поголемиот дел од денот се на работа, а бидејќи нејзиното постоење е тајна и таа не смее да излезе од дома, ги гледа само за време на појадокот и на вечерата. Оваа рутина трае сè додека еден ден тие нема да се вратат од работа. Токму тогаш и започнува нејзината најголема авантура.

Таа ќе мора да го напушти домот што долго време ѝ бил безбеден „затвор“, а потоа и градот, за да ја заштити својата тајна. Надвор, во старите градови, за кои била учена дека веќе не се населени, таа запознава група луѓе што ќе ѝ го срушат сето знаење за животот на човештвото. Вероника ја запознава другата, темна страна на новиот свет, доживувајќи непредвидливи авантури и соочувајќи се со сето она што сè до нејзината деветнаесетта година било криено од неа.

Сепак, ова патување не е безнадежно и Вероника открива дека поседува чудни моќи што од ден на ден сè повеќе учи да ги контролира. Таа конечно почнува да разбира зошто живеела скриена од целиот свет, но и дека нејзиното постоење е уште поголема мистерија...

322 pages, Paperback

First published October 17, 2016

2 people are currently reading
29 people want to read

About the author

Моника Трајковска е родена на 26 мај 1989 година во Скопје. Уште од рана возраст покажува заинтересираност за човечкиот ум, па тоа ја води кон факултетот за психологија. По дипломирањето, сакајќи да дознае повеќе за однесувањето на луѓето, завршува и прв степен во областа на гешталт-психотерапијата. Смета дека целото искуство за време на студирањето ѝ помогнало при создавањето на ликовите од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Фасцинирана од непознатото, отсекогаш се обидува да даде одговор на мистериите поврзани со човештвото, нашата планета и целиот универзум. Уште како дете смислува приказни со чија помош ги објаснува оние нешта што не ги разбира. Оваа навика останува со неа и во возрасните години, постојано поттикнувајќи ја во својот ум да создава имагинарни светови. Тоа е и причината поради која конечно решава да сподели една од овие приказни.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
18 (64%)
4 stars
5 (17%)
3 stars
4 (14%)
2 stars
1 (3%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 4 of 4 reviews
1 review
March 6, 2017
Еден од најдобро смислените пост апокалиптични опшества каде што се не е така совршено како што изгледа... Книгата ја прочитав во еден здив и едвај чекам да дознаам што ќе се случи следно во приказната на Вероника.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
January 20, 2017
Не само што е првата научно-фантастична книга, туку според мене е и првата дистописка книга на македонски јазик од домашна писателка. Прекрасна приказна, која иако делува страшно поради ситуациите низ кои поминува Вероника, сепак топлината и милоста на главниот лик ќе ви даде едно прекрасно чувство. Книга која со задоволство ја препорачувам и едвај чекам да излезат и останатите делови!
Profile Image for Martina.
25 reviews17 followers
November 4, 2016
Оваа рецензија содржи спојлери!

„На работ од времето“ е првенчето на младата македонска авторка Моника Трајковска. Станува збор за „возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна... или барем навидум е така,“ како што ни кажува задната корица на книгата.

Она што најпрво го привлекува вниманието кај овој роман е изборот на тематиката и жанрот., кој е доста редок во нашата литература. Се работи за научнофантастичен роман за млади (YA novel) со дистописки елементи. Ако би морала да го дефинирам тогаш би рекла дека во него гледам комбинација од X-Men (поради генетиката и мутациите) и Maze Runner (поради апокалиптичноста и дистопијата).

Изборот на главната тема е доста специфичен. Генетиката е тематика која не е толку честа во секојдневниот живот и со која просечниот читател (како јас) веројатно не е запознаен. Затоа и не можам да судам колку добро е истражена оваа област. Сепак морам да кажам дека е одлично вклопена во романот. Ако ништо друго, делува како авторката да посветила многу време дружејќи се со „учебниците“ по генетика.

Хероината на овој роман се вика Вероника. Таа е девојка која е заштитена од целиот свет, бидејќи според правилата на општеството во кое живее таа не би требала да постои. Она што е различно кај нејзе е мутацијата која се крие во нејзините гени, а и дава посебна моќ - моќ за пристапување до четвртата димензија односно време-просторот. За да ја активираа оваа моќ Верноика мора да биде под влијание на силни емоции, кои потоа ќе ги исконтролира и со целосна концентрација ќе ја предизвика промената која ја посакува - ќе ја промени локацијата во истото време или ќе се врати назад во времето.

Таа е и нараторот кој не води низ овој свет и ние него го доживуваме преку нејзините очи. По исчезнувањето на нејзините родители, таа е принудена да го напушти својот дом и да започне со истражување на светот од кој досега била скриена. Светот го открива полека и во нејзините мисли и зборови можеме да ја забележиме нејзината наивност, произлезена од заштитеноста, но и нејзиното чувство на восхит со кое доживува се околу себе. Нејзините реакции можеби изгледаат преувеличено и претерани за нас, но се всушност нормални за некој кој бил толку заштитен. Една од најинтересните работи за нејзе е што понекогаш изгледа како да ги пропушта најважните моменти.

Нарацијата е добро водена и голем акцент е ставен на анализата на емоциите. Вероника ги анализира своите емоции и реакции на одредени ситуации, но и тие на другите ликови, на тој начин проценувајќи ги нивните намери и нивниот карактер. Тука се забележува познавањето на психологијата од страна на авторката. Иако некогаш изгледа дека премногу навлегува во детали во поглед на емоциите, подоцна можеме да забележиме дека тоа е важно за главниот лик и придонесува за нејзино разбирање. Оваа книга покажува каков ролеркостер од емоции може да биде животот.

Како поважни ликови се издвојуваат: Дијана (најдобрата пријателка), Мартин (момчето), Марко (пријателот), професорот, научникот Туари, како и Себастијан, човекот од огледалото.

Дијана е личноста која всушност ја воведува Вероника во светот на луѓето кои живеат надвор од совршените градови. Таа за кратко време станува нејзина најдобра пријателка и и помага на Вероника да се справи со новите нешта кои доаѓаат на нејзиниот пат. Таа порано била во врска со Марко и тој во една ситуација се жртвувал за да ја спаси. Затоа таа во еден момент вели:

„И тогаш сфатив, во овој свет љубовта не е сила, таа е слабост. Да немаше тој чувства за мене, ќе дозволеше да ме одведат и немаше да се доведе во ситуација каде што неговиот живот ќе виси на конец. Истото важи и за моите родители. Да не ме сакале толку многу, сигурно немало да се жртвуваат за мене. Единствениот начин да се преживее во овој свет е доколку себично се грижиш сам за себе и доколку не дозволиш да развиеш чувства кон друга личност, за која можеби некогаш во иднина би посакала да го жртвуваш својот живот.“

Иронично е што таа сепак ќе дозволи љубовта за друга личност т.е. Вероника да ја надвладее и тоа е тоа што ќе ја предизвика нејзината смрт. Подоцна кога Вероника ќе се обвинува за смртта на нејзината најдобра пријателка, Мартин, во сцената која ќе го означи почетокот на нивната врска, ќе рече нешто многу важно за улогата на Вероника во нивниот свет:

„Постојат луѓе на кои им значиш повеќе отколку што мислиш. Вредиш повеќе од било кој човек на оваа планета и ова не го кажувам само затоа што имам силни чувства за тебе. Твоите гени можат да помогнат да се врати човештвото онаму каде што навистина припаѓа. Дијана го знаеше тоа и токму затоа го направи тоа што го направи. Но тоа не беше најважната причина. Ти допре и до неа, исто како што допре до сите нас. Со својата невиност и искреност донесе свежина во нашиот мал круг луѓе и не потсети што точно значи да се биде човек. Покрај тебе, сите ние првпат се почувствуваме живо иако веќе долго време одиме меѓу живите...“

Нивната врска е спој на спротивности. Тие меѓусебно се поддржуваат и надополнуваат. Во неа можеме да забележиме некои клише тропи кои се наоѓаат во голем дел од романите за млади - Мартин е замисленото и искусното момче, а Вероника е наивната и неискусна девојка. Во овој поглед не можеме многу да и забележиме на авторката, бидејќи ова е можеби и неизбежно во дебитантски роман од ваков тип и е нешто што делумно влече потекло и од жанрот.

Главниот негативец е Себастијан или како што на почеток го запознаваме - човекот од огледалото. За него немаме многу податоци освен дека работел со родителите на Вероника и дека има слична моќ како неа. Тој е толку добро напишан што уште од првиот момент и веруваме на Верноика и ја делиме нејзината омраза кон него.

Живописните описи совршено ни ја доловуваат атмосферата во овој нов свет и јасно можеме да си ги замислиме како Совршените градови, така и разуранатиот стар свет. Градот на бунтовниците е исто така многу реално доловен. Посебен шмек на целата оваа креација и дава напредокот на технологијата и на науката, кој е навистина воодушевувачки. Сепак не е тешко да се замисли дека еден ден човештвото ќе располага со такви уреди и дека ќе разбира толку многу за светот околу себе.

Ова е книга за секој оној што се чувстува како да лебди во времето. За секој кој повеќе од една има посакано да може да се врати и да ги промени работите што му се случиле. Неверојатниот крај покрај тоа што ги поставува основите за следната книга во трилогијата, го поставува и прашањето - колку од себе треба да жртвуваш за да ги спасиш оние кои сакаш?
Displaying 1 - 4 of 4 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.