Пронајден е текст што ги открива тајните операции на Пентагон во Сирија, Иран и на Балканот. Таинствениот ракопис ја предвидува иднината.
Една амбициозна девојка се вплеткува во заткулисните игри на елитата која управува со светот. Има ли шаанса во конфронтацијата со професионални тајни агенти, моќни масонски организации и нова вонземна раса која се стреми да го загосподари светот? Може ли да се успее во борбата без правила и морал, кога целта ги оправдува сите средства? Борба во која влогот е пострашен од губењето на животот!
Фантастична авантура која ќе ве држи напнати од почеток до крај. Страст, љубов, предавство... Кога мислиш дека нема излез, дека си сам...
Многумина се во потрага по тајните моќи! А таа потрага води до Вистината, која полека излегува на површината.
Книгава се смета за научна фантастика, но, во неа среќаваме повеќе жанрови. Мистерија, за постанокот на светот, историја, тајни кои се провлекуваат низ вековите, за ѓаволот...
Почнува од Велес со Марко како главен лик кој е писател на научна фантастика. Најубава му е дружбата со професорот Михајлов и нивните дискусии за постанокот на светот. Несвесно станува негов ученик и влегува во ризична авантура. Некои записи на професорот доаѓаат во рацете на американската војска кои пак си ги препознаваат своите мисии кои веќе ги направиле, но, како може било кој да ги знае и мисиите што допрва ќе ги извршуваат.
Пратејќи го Марко го посетуваме и Минхен, а тој носејќи ја неволјата со себе, збунет се впушта во откривањето на ѓаволот за на крај да завршиме и во Ерусалим.
Одлична книга со одличен стил на пишување и раскажување. Толку многу сум воодушевена што сега јас ќе се впуштам во мисија да го најдам вториот дел...