ДИВА ПРИВЛЕЧНОСТ е приказна, навидум секојдневна, а сепак исполнета со многу емоции. Џон е лекар со приватна практика, оженет, со три деца. Типичен семеен човек кој живее во брачна хармонија. Еден ден... еден ден во неговиот живот се појавува Таа. Името и' е Ејми, но тој како да избегнува да го спомне, небаре на тој начин ќе ја ибрка од мислите.
Меу нив се раѓа хемија, мирното секојдневие им е нарушено.
Дали ќе ги надвладее нагонот бидејќи тие се луѓе од крв и месо или, пак, ќе бидат спречени од општествените стеги.
На една страна е жена со високи морални принципи, на другата семеен човек кој не сака да ги разочара најблиските.
Возможна ли е врска помеѓу нив и покрај привлечноста што ја чувствуваат еден за друг. Оваа привлечност не е обична, тривијална, таа е... дива.