Прекрасен избор од богатото творештвото на еден од најреномираните писатели за деца во Македонија, конечно во превод на англиски јазик. Топли раскази, песни, сказни и драматизации во кои ќе ужива секое дете од предучилишна и рана училишна возраст. Објавена во Библиотеката „Мозаик“, под уредништво на Вилма Венковска-Милчев, директор на Образовната програма при невладината организација Потрага по заедничка основа. Сакам книга е англискиот, односно единаесетиот, дел од масивниот издавачки проект со наслов „1 книга - 21 јазик“.