Најновиот, четврти по ред, поетски ракопис на Снежана Стојчевска, уште со насловот (Треба да е лесно) на ефектен начин асоцира на нејзината препознатлива поетика, во која се потврдува начелото на Р. Тагоре дека за убавите песни имаме чувство дека ние сме ги напишале. Поетската интуиција на Снежана Стојчевска ја опева трансформативната моќ на љубовта: токму кога вистински и интензивно се љуби светот станува убаво место за живеење. Владимир Мартиновски
Снежана Стојчевска е родена во Скопје 1980 година. Дипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Со пишување на поезија започна на својот блог sneznobela.blog.mk. Има настапувано на повеќе поетски читања помеѓу кои „Ноќ без Интерпукции“ на СВП (2011, 2013), поетскиот фестивал „Песнило“ во МКЦ (2011), „Women rights“ (2013), Одбележување на 21 мај Меѓународниот ден на културната разноликост на УНЕСКО (2013), Поетри Слем Прилеп (2013), на мултимедијалниот фестивал УФО во Охрид (2013), Поетска ноќ во Велестово (2013). Се јавува како организатор и учесник на поетските читања „Дружење“ во Галерија 7 (2011), „Wake up poetry reading“ во Ла Кања (2012), „Свирачиња“ во Менада (2013). Во октомври 2012 година го организира и учествува на Креативниот викенд во Лазарополе „Кратки книжевни форми“ на кој учествуваа петнаесеетина млади поети.