Романот започнува со носењето на ковчегот на мртвата Велика Мегленоска, вклучително и таа во него на гробиштата, а Роден Мегленоски почнува да ја слуша животната сторија на Велика од Дуко Вендија.
Приказната е раскажана во прво лице, но со менување на перспективите. Една глава раскажува Велика, па една Јон. Се одвиваат различни дејствија на различни места за на крајот да спојат дејствијата со враќањето на Јон во селото, сепак менувањето на перспективата останува до крајот.
Велика е мажена за Јон. Имаат пет деца, Ангеле, Роса, Здравко, Капинка и Ѕвездан. Јон заминува како војник во српската војска во планините. По одредено време во битките, го среќава неговиот брат, Мирче и заминуваат двајцата од страната на Србија(Мирче е бугарски војник). На почетокот од романот, умира Ангеле. Додека Јон сè уште не е заминат да служи, Велика се пораѓа и го раѓа Ѕвездан. Наскоро фаќа страшна и долга зима и резервите на храна се празната. Еден ден во селото стигнув веста дека страшна болест се шири и затоа луѓето со вар, а подоцна и со катран(по совет на Маса Ќулумоска, месната треварка) ги мачкаат праговите на куќите, стоката, на сè што ќе се најде. Истиот тој ден, Велика забележува дека на Роса и светат очите необично кога таа седи многу блиску до огнот и се плаши дека Роса има фатено страшна болест. Наскоро Роса умира, па Велика по дебели од снег оди да ископа гропче за Роса, подоцна ја кажува Роса на магарето и ја закопува самата. Велика и децата се во голема немаштија и невреме. Војна е веќе разгорена. Јон е сè уште војник во планините и го моли Мирковиќ, неговиот надреден за отсуство, но тој му поставува услов да зароби еден бугарски војник и жив да му го донесе. Така тој го среќава неговиот брат, Мирче. Но, Мирковиќ наместо отсуство, го става да биде еден вид курир Јон и да купува неколку пати месечно сè што треба од Воден од еден бакал- македонец.
Летото е во полн ек, но еден ден кога се враќа дома Велика, забележува дека на Здравко му е студено. Значи и тој е болен. Не може да му помогне ни со единственото решение кое и доаѓа на ум, блага вода. Во замена за штотуку снесеното јајце од кокошката добива лажиче шеќер од кај Доксим Тренчески, па така прави блага вода. Но, Здравко и' подлегнува на болеста. По трет пат мртво дете е качено на магарето и закопано во „гропче” како што вели Велика Мегленоска.
Зимата пак доаѓа и тогаш се случува нешто што уништената Велика ја докрајчува- Капинка ја закопува утрото, а вечерта Ѕвездан.
Наредниот ден Велика ја среќава Уља, нејзината јатрва и други жени кои ги раскажуваат своите сонови, додека Маса Ќулумоска, а и тие меѓусебно си ги толкуваат на селската чешма. Велика последна го раскажува својот сон. Во сонот, Јон се вратил кај неа, но само до прагот и веднаш рекол дека треба да си оди. Кога си заминувал накај планината, Велика сакала да трча по него, да му рече да се врати, но не можела. Но, Јон во сонот немал заби, сите му биле паднати. Според Маса Ќулумоска, тоа дека немал тој заби ги означувало нивните мртви деца, а тоа дека заминал брзо и таа не можела да трча по него значело дека тој наскоро нема да се врати. Велика потоа се враќа во домот.
На крајот, по долго време Јон се враќа дома, не некако е изменет. Ништо не работи, се расправа со жена си, постојано и' вика и пие многу (ракија). Поточно, откако почнал да пие, почнало и неговото насилно однесување. После војната, заедно со џандарите, тој оди по куќи да прави попис на „сè живо и мртво” по куќите и ги сменуваат презимињата да завршуваат на -иќ. Настанува србизирање на населението. Тој лошо се однесува со неговиот близок сосед, Дуко Вендија при пописот, при што Дуко е викнат во полициската станица наредниот ден поради лошо негово наводно лошо однесување спрема надреден, и таму е тој физички малтретиран.
Јон бидејќи постојано е со „власта” пие без пари. Барем така вели Доксим Тренчески. Во селото Јон го сметаа за предавник. Наспроти тоа, сè додека Јон не се врати во селото, читателот добива впечаток дека Јон е многу добар човек, но тој се „зафаќа” со алкохолот. Во меѓувреме, Велика забременува. По одредено време, Јон има тегоби кои навестуваат тешка смрт. Но истиот ден, Велика добива болки во стомакот, бебето е на пат. Поради тоа таа ја вика јатрвата Уља(жената на Мирче). Таа и вели на Велика да отиде во различна соба од Јон. Таа тоа и го прави. Со помош на Уља, Велика се пораѓа со машко дете. Уља потоа заминува во другата соба да види како е Јон и да му каже дека се родила нивната шеста рожба. Но, Јон починал. Уља се враќа кај Велика и и' ја соопштува веста за смртта на Јон. Велика не може да поверува што слуша, но уште еднаш го проколнува Господа и го прашува зошто и' се случувале толку многу лоши работи во животот.
Вака завршува приказната која му ја раскажува Дуко Вендија на Роден Мегленоски за неговата мајка. Животот навистина е суров. Дури и пресуров за Велика Мегленоска.
-----------------
- Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.
- Животот е мачен додека умреш, рече Дуко Вендија и стана да си оди.