What do you think?


Арамиско гнездо
Романот „Арамиско гнездо“ е само дел од тоа мрачно минато на македонскиот народ. Грабежите, убиствата и насилствата се присутни и во секојдневието и во свеста на човекот. И покрај притисокот што се вршеше врз населението, често се јавуваа поединци и групи кои им одмаздуваа со иста мера на насилниците и богатите, не исклучувајќи ги и оние кои покорно му слугуваа на османлизмот, штитејќи ги неговите и сопствените интереси. Тие луѓе што се појавуваа беа единствените заштитници на народот. Во романот „Арамиско гнездо“ е опфатен еден од тие настани во кои доаѓаа до израз непријателствата меѓу поробените и насилниците.
213 pages, Paperback
First published January 1, 1954
About the author
Ѓорѓи Абаџиев
8 books3 followersУште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна Џумаја (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.
Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
No one has reviewed this book yet.

