Jump to ratings and reviews
Rate this book

Диссомнии

Rate this book
Главни ликови во овој исклучително актуелен роман се еден 29-годишен писател и Настја, негова свршеничка и успешна новинарка. Нивниот заеднички живот во Украина се наоѓа во криза, а спротивните ставови во однос на Револуцијата на Мајдан не им го олеснуваат односот. Барајќи мир и инспирација, писателот се враќа во Македонија, којашто ја напуштил 11 години претходно, по сообраќајната несреќа во која загинало целото негово семејство. Таму се стационира во планинското село од кое потекнуваат неговите баба и дедо, но почнуваат да го следат одредени надреални случувања, како што е преместување на предмети во куќата додека спие.
Диссомнии е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејството е со многу пресврти и содржи елементи на трилер, хорор и психолошки роман. Читателот од самиот почеток ужива во сите раскажувачки нишки, но оставен е до пред самиот крај да се прашува каде води сето тоа и со што ќе резултираат сите елементи на личната и семејната драма на раскажувачот, изненадувачки испреплетени со колективната драма предизвикана од општествени немири.

„Роман каков што досега не видела македонската литература. Уште еднаш, можеби најсилно досега, Станојоски се покажува како мајстор за заплети, брзина, акција и изобилство од дејство, шокантен во самиот крај. Да, ова е роман кој шокира и трајно се врежува во меморијата.“
Фросина Пармаковска

„Роман што ве голта во својата пајакова мрежа, исполнета со неизвесност и со авантура што се разгорува со секоја нова страница.“
Душко Крстевски

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Автор е на романите Гаргара (2014), Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (2016) и Диссомнии (2017).

240 pages

First published January 1, 2017

2 people are currently reading
85 people want to read

About the author

Игор Станојоски

9 books30 followers
Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје.

Има објавено три романи:

Гаргара, 2014, Панили, финалист за наградата Роман на годината
Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, 2016, Или-Или, финалист за наградата Роман на годината
Диссомнии, 2017, Антолог, финалист за наградата Роман на годината, добитник на Рациново признание.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
109 (75%)
4 stars
25 (17%)
3 stars
9 (6%)
2 stars
0 (0%)
1 star
2 (1%)
Displaying 1 - 27 of 27 reviews
Profile Image for Димитар Димоски.
Author 2 books39 followers
April 12, 2018
Се спремавме за да го пречекаме Велигденот во црква кога ја дочитав Диссомнии. Едноставно ја завртев и последната страница и излегов. На Марија само и кажав дека ја дочитав книгата, односно од попладнето до терминот на нашата средба, сум прочитал околу стотина страници, и дека тоа се случи во еден здив, наеднаш. Не сакав да раскажувам повеќе од причина што сакав да го сторам тоа кога ќе бидам насамо со неа, без многу луѓе наоколу, насилен џагор, камбаната, пеењето на попот, а по можност следното утро, пиејќи кафе покрај езеро да и раскажам што чувствувам во врска со книгата. (во врска со неа, веќе сум и кажал)

На патот од Плаошник до дома, како што се негува чувството за Исусовото воскреснување, така јас го негував чувството што Диссомнии го остави во мене, се грижев за него, исто како што сите Велигдени претходно сум ја чувал свеќата во раце се додека стигнам дома и се грижам да не згасне пламенот, затоа што и свеќата е дом и црквата е дом и белината на нејзината насмевка е моето интимно дома кое се плашам дека некогаш ќе го изгубам.
- Мора да ја прочиташ и ти книгата што ја дочитав денес - и реков.
- Толку ли е убава?
- Да. Е ова е веќе роман, а не моите срамежливи обиди.

Еднаш, во еден друг, постуден Велигден, ќе ја сретнам Марија за прв пат и после нашата средба ќе напишам „Марија ќе исчезне и ќе се појави, од исчезнувањето ќе направи еден универзум, а од појавувањето друг. Измеѓу нив - јас и нејзиниот мирис“.

Мислам дека Георги Господинов беше рекол дека „Понекогаш, крајот на светот е нешто многу лично“ и нели, си мислам, секој завршеток на убава книга е нешто интимно, лично, една слатка егзалтација по повод победа над животот, мигновена и засекогаш.
Секоја чест за Игор Станојоски, светски писател е, се поклонувам.



Profile Image for Marina.
18 reviews15 followers
April 26, 2019
Книгата ме освои, ме маѓепса, едноставно потонав во раскошно сплетената приказна и уживав. Какво богатство од зборови на македонски јазик, нанижани како монистра. Каква убавина на душата. Нараторот во книгата доживува најразлични ситуации, од триумф до пад и на лично и на професионално ниво и на моменти му се чини дека ја губи врската со реалноста, но треба време и трпение за коцките да се наместат и сè да добие логично обајснување и да ја согледа реалната вистина без оглед дали му се допаѓа или не. Мајсторски раскажана приказна, која не паѓа во замката на заплетот, туку го држи вниманието до крај, а сето тоа раскажано со еден лирски јазик. Ваква книга, досега не беше напишана на македонски јазик.
Profile Image for Ike.
140 reviews41 followers
May 25, 2019
Диссомнии - Игор Станојоски

Ауу....


Не е намерно тоа што оставив неколку празни реда... Јас сум оставена без збор а сакам толку многу да кажам. Сакам да пишам нешто и да пренесам дел од моите чувства по завршувањето на книгава а да биде точно кажано и се на место...
Таква е книгава, навидум некои нелогични дејствија, но сите се дел од една коцка внимателно склопена...
Главниот лик е Македонец (нема име) заминат на студии во Украина по сообраќајната незгода во која ги губи своите родители, брат и сестра. Откако завршува студии станува писател, ја прифаќа украинската култура, не се враќа во Македонија и се свршува со позната украинска новинарка. Животот е убав, едноставен, роман на повидок за издавање, но се случува Револуцијата Мајдан во 2014та година. Тој и Настја(свршеницата) имаат различни ставови, тој про-руски, таа про-европски и тука почнуваат проблемите откако тој јавно на Фејсбук ќе напише мислење за политичката ситуација... Настја бара пауза додека не се смири политичката ситуација, неговиот роман нема да се издаде, добива порака од Македонката Каролина Јаневска дека неговиот дедо починал а баба му е многу болна и бара да го види....
Совеста почнува да го гриза, проблемите со Настја од една страна а љубопитноста и копнежот по мистериозната Каролина го тераат да се врати во Македонија, откако претходно ќе биде претепан заради своето политичко убедување...
Што го чека во Македонија, поточно во селото на баба му и дедо му? Која е Каролина? Како психички ќе се справи со сите падови и писателски блокади? Дали ќе се смири со Настја?

Уживав од почеток до крај, уживав во македонскиот јазик, толку течно раскажан, лесно впивлив...
Не знам точно кој жанр е, има трилер елементи, мистерија, прихолошки елементи, политички нишки ама како и да е, ова е обавезно четиво...
И нема да кажам дека сум пријатно изненадена зашто ова ми е веќе трета прочитана книга од Игор, и очекував дека ќе биде интересно, ама ова е одлично.
Од мене чиста 5ка и препорака до сите, обавезно ставајте го на листа на следни книги за читање.
Profile Image for Silvana.
238 reviews29 followers
January 6, 2020
Кога почнав со читањето на Диссомнии од Игор Станојоски немав поим што да очекувам. Првите десетина страници ме натераа да помислам "океј, ова е дневник на некој тип", но како се вртеа страниците овој роман стануваше нешто поголемо. Како што се одвиваше приказната така ми прираснуваше за срце. Топла, искрена, дрско болна и разурнувачка приказна, која го води читателот низ период од животот на безимениот наратор.
Ме замисли и додека читав се преиспитував дали ги читав неговите мисли или ги слушав моите.
Делото е мајсторски напишано, како да е живеено во утопијата меѓу сонот и јавето. И еве ме, филозофирам инспирирана од магичните зборови на авторот. Кога завршив со читањето си помислив "е вакво дело сакам да напишам еден ден". Но, читањето на белешката за писателот ме врати во реалноста.
Би излажала ако кажам дека Диссомнии се чита во еден здив. Диссомнии се чита полека, се живее, се живее со раскажувачот во Украина,со Настја, потоа во враќањето во потрага по загубеното под превезот на надприродното за да се стаса до зракот на вистината.
9 reviews1 follower
February 4, 2025
4.5/5⭐
Се сеќаваш кога беше дете и кога одеше кај баба ти и дедо ти на поседок, на сред зима? Надвор минусни температури, а ти пикнат во едната страна на креветот. Прво ќебе, за да ти е меко, а над него дифтик, за да ти држи топло. И топло ти е на ноџињата, ги мрдаш прстите и чекаш да заспиеш, а носето ти е поцрвенато, оти собата е ладна. Се сеќаваш кога горењето на гранките во каминот, освен телото, ти ја грееше и душата, а ти не ни мислеше дека некогаш ќе пораснеш?
Се сеќаваш кога ќе се стопли и времето, ќе се стопи снегот, ќе процветаат цвеќињата, а единствениот врежан мирис во твоето главче е мирисот на зумбули оти тоа имала баба ти во градината и сите ги собрала за тебе.
А го чувствуваш ли првиот мирис на зрели цреши? Си имал ли твое дрвце во дворчето на баба ти кое чекало на тебе да биде соберено? Мислеше ли дека некогаш ќе ги правиш оние слатки чиј рецепт го запиша само бидејќи се учеше да пишуваш?
Книгава успеа да ми пробуди стари спомени, чувства и мириси кои имав заборавено дека ги имам.
Раскажувањето во „Диссомнии“ започнува со соопштување на веста за смртта на дедо му на главниот лик. Тој живее и работи како писател во Украина, а баба му и дедо му во Македонија. Донекаде останува воздржан и смирен за целата нова ситуација, но сепак се запрашува дали ја достигнал највисоката форма на себичлук со тоа што ги оставил сами и не ги побарал долго време оние кои го израснале.
Се двоуми дали да се врати во Македонија и ја добива целата поддршка од неговата партнерка. Тука веќе започнуваат премногу заплети, расплети, дејството е навистина брзо што придонесува книгата да не се испушти од рака. Многу мајсторски е скоцкано и одлично обработено, особено емоциите.
Некаде по средината на книгата има еден феноменален дел кој премногу ми се допадна и оние што ја прочитале слободно нека ми пишат да продискутираме.
Освен тоа, опфатени се истражувања за различни диссомни, односно различни нарушувања на спиењето, на пример инсомнија, хиперсомнија итн. И многу е контрадикторно што книгава ме остави без сон.
Освен интригантната содржина, книгата носи една феноменална порака - да ги цениме постарите, родителите, бабите и дедовците, да истрчаме да ги гушнеме додека ги има. Тие најверојатно сѐ ни простиле.
Ја препорачувам.
Profile Image for Stefani.
1,495 reviews56 followers
July 7, 2019
почнав со доза скептицизам, завршив полна воодушевување! едвј чекам да ја дискутирам со другите во рамките на Клубот на читатели.
Profile Image for Ruki.
11 reviews2 followers
December 2, 2019
Znaci, nemam zborovi, odamna me taka nema voodusheveno nekoja kniga.. Bravo za nasiot Igor, maestralen 👌👏👏👏
Profile Image for Biljana Martinovska.
13 reviews7 followers
August 27, 2020
Постојат книги чии приказни длабоко не` допираат и остануваат во нас долго после завршување со читањето. Тоа на посебен начин ме радува, зашто продолжувам да си живеам во приказната, а чувството е неверојатно-ликовите со кои сум се дружела ми стануваат блиски, како нови пријатели со кои сум си нашла заеднички јазик и нема потреба да внимавам што ќе кажам следно-тие секако ќе ме сфатат.
Силно ме допре системот на приказни вклопен во „Диссомнии“. Ова не е само обичен роман за животот на еден писател кој сам си пресудува себеси, само заради тоа што ја зборува вистината. Вистината во која тој верува! Колку скапа е цената што тој треба да ја плати заради гласно говорење на својата вистина! Во тие редови, во мене се разбуди гневот кон неправдата, во душава ми се всади тага и посакав да вреснам од револт. Зарем нема секој право да ја зборува вистината и само вистината?!
Сиот сплет на околности, напнатоста која во мене растеше, ме тераше да ги вртам страниците со желба да прочитам повеќе, да дознаам повеќе.
Овој роман изобилува со лекции кои сите треба да ги прочитаме. Животни лекции за врската која несвесно или несакајќи ја раскинуваме со нашите предци. Со нашите родители, со нашите дедовци и баби! Модерниот начин на живот, потребата да се биде постојано во тек со сите случувања по социјалните мрежи, да се биде актуелен, виден во најдобро светло(колку и да не е тоа реално!) не` направи заробеници на своето его, а исто така и не` втурна во еден многу бесмислен начин на живот во кој диссомниите стануваат дел од секојдневието. А диссомнијата си го наплаќа својот данок!
Диссомнијата како синдром е предадена на еден многу интересен начин. Како да слушаме радио заедно со главниот лик и нетрпеливо чекаме што следно има да каже докторот, сомнолог, стручен за оваа област. Заблудите како состојба на умот се јавуваат како резултат на диссомнијата која го има целосно окупирано неговиот дух и измаченото тело откако ќе биде навлечен во замка и претепан крвнички.
Враќањето кон своите корени, кон неговото Големо, главниот лик го доживува шокантно, а нам ни остава простор за многу недоумици и напнатост. Во постојано очекување сме сето тоа да е само еден лош сон, кошмар од кој секој во миг ќе бидеме разбудени заедно со него, но не-авторот и понатаму не` подведува и до крај не` држи во неизвесност каква што им доликува само на големите писатели.
Роман за вербата, за љубовта, за каењето и за желбата човек да се издигне над судбината која му го запечатила животот. Несомнено е дека овој роман и тоа како си ја заслужил наградата со која е закитен-Рациновото признание.
Profile Image for Ena u zemlji knjiga.
339 reviews
April 22, 2022
Jako dobar roman!

Nakon Bužarovske i Stanojoskog sve sam sigurnija da se u Makedoniji kriju odlični autori.
Profile Image for Andrei.
147 reviews
December 5, 2018
Прво беше „Универзитетот“, па малку плакнење од здодевното секојдневие со „Гаргара“, за на крајот да се здобијам со „Диссомнии“ неколку дена последователно. Оноа што ми се допаѓа кај Игор, е што на лесен стил ги доближува комплексните дивертикулуми на протагонистот кон еден обичен читател. Оттаму и со право е да ја ужива популарноста кај поголем број на читатели. Во неколку наврати наидов на некои „автобиографски“ нишки, па си го поставувам прашањето, до каде се граничи фикцијата со реалноста во овој роман. Што значи, авторот сто процентно успеал во една од своите поенти.
Profile Image for Ana.
50 reviews5 followers
May 9, 2020
Задолжително четиво. Одлично напишана приказна, нешто што не очекував да прочитам од македонски автор. Се чита во еден здив, нарацијата тече како една непрекината нишка до самиот крај. Психологија, мистерија, драма, со сосема логичен расплет. Иако можеби очекувавме нешто подраматично.

Се надевам дека авторот нема да застане тука...чекаме нови приказни!
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book100 followers
October 23, 2020
Колку прекрасна книга! Ако досега Игор Станојоски ми беше меѓу омилените македонски современи автори, со оваа книга дефинитивно се искачи и се зациментираше на врвот на листата на мои омилени современи писатели во македонската книжевност. Стилот на пишување е неверојатен, како и во претходните два романи, така и во овој, читателот ја зема книгата во рака и не сака да ја остави додека не дојде до крајот.
Но, она што најмногу ми се допадна е длабоката човечност во книгата, емоциите, желбата за припадност искажана на различни начини, но повторно, желбата да се биде сакан, да се избрише болката, да се најде разбирање и засолниште во, но и од овој свет. Оттаму е и „слепилото“ кон очигледната манипулативност на еден од ликовите, како и „заслепеноста“ кон другиот „невлидлив“ лик. Длабоката, човечка потреба за љубов, убав збор, поврзување. Но, ова е она што јас го понесов со себе од романот, но верувам дека за многу луѓе ќе има и различни поистакнати пораки.
Исто така, феноменални беа и дел од општествените коментари и дијалози, прекрасни поенти кои се одлична подлога за различни дискусии, иако во книгата истите се поконкретно насочени кон Мајдан и Украина, сепак имаат универзалност во себе која заслужува да биде дисктутирана и сето тоа е направено на еден многу зрел и интересен начин, кој го замислува читателот.
Целата книга е феноменална.
Еден голем дополнителен плус е тоа што е очигледно дека на авторот навистина му оставила впечаток книгата „Војната нема женско лице“ на Светлана Алексиевич, која ми е една од омилените книги кои сум ги прочитала во изминативе 5 години.
Profile Image for Riste.
4 reviews
February 28, 2022
Чиста петка.Роман што е создаден да се чита само навечер,посебно вториот дел од книгата.Добра мешавина од политичка драма(посебно за ситуацијата во Украина),романса и хорор.Крајот си е приказна за себе.
Profile Image for Anchi.
410 reviews92 followers
September 16, 2021
Може не е баш за чиста петка, но супер испадна.
526 reviews58 followers
January 3, 2020
Е морам да признам дека Игор Станојоски ми е откритие на годината! Диссомнии ми е последна прочитана книга во 2019 и ми дојде како јаготка на шлагот. Ја започнав ноќе, во глуво доба, кога не можев да спијам и за неполн час и половина прочитав цели 150 страници од романот. Ај што ме остави без спиење, ме остави и без зборови и со отворена уста! Дефинитивно го менувам мислењето за македонските автори!

Главниот лик е млад македонски писател кој живее и работи во Украина. Живее заедно со својата свршеница новинарка. Тој нема никој свој, родителите, братот и сестрата загинуваат во сообраќајна несреќа неколку години порано. Има само баба и дедо во Македонија со кои не контактира.

Сосема неочекувано, добива порака на фејсбук од некоја Каролина Јанева од Македонија која му кажува дека дедо му починал и го прашува дал�� ќе дојде да ја види баба си. Тој не оди, а по извесно време решава да праша за баба си, па добива порака „таа умрела.“ Во меѓувреме, во Украина ескалираат протестите, на главниот лик му се случуваат еден куп лоши работи, свршеницата го напушта и тој решава да се тргне на извесно време, да се врати во Македонија.

Немајќи каде да живее, тој оди во селото на баба му и дедо му. Селото е пусто. Нема жив човек. Во куќата на баба му и дедо му, сèси стои така, како сèуште да се тука. Дури и бочвите вино стојат полни во визбата. Но во навидум идиличното селце почнуваат да се случуваат чудни работи.

Ова е роман кој навистина ме тресна од земја! Феноменална приказна, со навистина неочекуван крај. Една сложена приказна со дози на трилер, хорор, мистерија, од сèпо нешто, а раскажана толку едноставно и питко. Толку многу пресврти на толку малку страници. Ме наежи, ми ја крена косата на главата, ме остави ненаспана и во шок. Одлична модерна и современа приказна во која внимателно се вткаени народните верувања и традицијата. Роман кој ќе го препорачувам кај стигнам!
Profile Image for Hristijan.
12 reviews1 follower
August 9, 2019
Се голта ко свежо подготвен ајвар на кришка леб и парче сирење.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books37 followers
June 21, 2022
Изненадувачки добро четиво. Го започнав со огромна скепса поради силните оцени.
Политичкиот дел е феноменално доловен, етно-хорор делот беше така-така (само мое мислење - не ги сакам овие моменти!), разврската беше одлична со млак завршеток.
Се на се, одлично склопено.
Profile Image for Biljana Ilioska.
106 reviews7 followers
January 4, 2020
Роман кој се чита во еден здив. Незнам во кој жанр да го сместам, но во него првејуваа љубов, драма, мистерија, психологија, интересна приказна во кој истовремено ќе се стекнете и со сознанија во областа на сонот, месечарењето, зависноста од интернет која е актуелна во ова време. Лесен за читање и многу интересен. Интересни цитати: 1. Крати си од сонот, си кратиш од векот. 2. Господ го чува пијаниот. 3. Колку помалку знаеш, толку подобро спиеш :-) Има уште многу многу други убави страници кои си ги сликав како омилени страници :-) Оценка 5 :-)
Profile Image for Monika.
201 reviews12 followers
January 6, 2020
Книгата е неверојатна. Ја почнав без посебни очекувања, за веднаш по првите неколку страници да ме воодушеви со богат речник и прекрасен стил на раскажување. Уште недочитана почнав да ја препорачувам на други, а по последната реченица, се најде во моите омилени книги.
Profile Image for Aleksandra Nastova.
13 reviews1 follower
April 12, 2022
Прекрасно!!! Одамна немав прочитано нешто слично во еден здив.
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
179 reviews3 followers
February 16, 2025
Многу интересен концепт на книга. Верни сведоштва за украински Мајдан. Особено оправданиот наслов и нарушувањето (диссомнија) за кое малку знаеме.
Profile Image for Наташа Алексовска.
357 reviews10 followers
Read
November 24, 2022
Авторот ќе ни го раскаже неговото патешествие во Украина. Понекогаш доволно ќе биде и еден говор да одржа на промоција на книга на украинска авторка, за да животот му тргна во надолна линија. Низ какви пречки ќе помина таму? Настја, на кој начин ќе го изитри него, за да и поверувал слепо на нејзини лаги. Што ќе се случи понатаму со нивните животи?
Profile Image for Оливера.
7 reviews5 followers
February 4, 2021
Хаотичнa. А крајот посебна приказна, сценарио на срцепарателен филм со низок буџет.
Displaying 1 - 27 of 27 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.