...Каде водат скриените страни на сајтот http://0101001101001011.com/ ?
....Што е со тајните документи?
...Каква е таа организација по име ОТРАЛКОН?
Времето на откривање дојде. „Урбанон: Тајните Документи“ претставува нешто што го немало досега кај нас – Alternate Reality Game, или АРГ - комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на една приказна. Книгата го вовлекува читателот во светот на урбаните легенди и ги прикажува приказните на иновативен начин - во форма на извештаи направени од страна на тајна организација која проучува паранормални настани.