Ана Голејшка е родена 1987 г. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот. Дел од своите дела ги споделува на официјалниот литературен блог „Куцкамен“. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери на поезијата 2011, на „Ноќи без интерпункција“. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза – „Ветерот носи убаво време“ (2012) , во Антологијата на младата македонска современа авангардна поезија (2012), како и во Антологијата на младата македонска поезија – „Лирски додекамерон“ (2012). Во 2013 од печат излезе нејзината прва стихозбирка „Љубов на улица“.