Приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем.
„Втор откос“ е роман, во кој преку главниот лик Симон, војник специјалец, добиваме слика за тоа како во секој од нас постои она двојство на добро и зло. На човек и ѕвер. На грижлив татко и сопруг од една страна и тренирана машина за убивање, од друга. За грдото лице на војната и она што таа го прави од луѓето. За корумпираноста на системот... Човечките судбини... Потребата да се биде херој... Приказна што ве држи напнати од пресврт до пресврт, до самиот крај.
Interesno, definitivno treba da citam poveke makedonski avtori vo pretstojnata godina. Pisuvanjeto mi bese malku suvoparno, no idejata na avtorot e odlicna, veruvam deka slednata kniga ke mu bide uste podobra.
Одличен роман, кој што не ме остави на мир додека не го прочитам, потсетува на добар американски филм со хепи енд, кој сепак ја враќа надежта во системот и во клишето дека доброто секогаш победува и дека упорноста се исплати.