Создавана во неколку различни поглавја од животот и во неколку различни фази од растењето на еден внатрешен и еден надворешен дом, оваа стихозбирка изобилува со емотивни напливи како во бран, но и како нежно застанување на улица покрај излог со колачи. Поетскиот занос и желба за зачувување на домот како топоним врзан за телесноста, но и за ослободувањето од него, во овие страници се во изобилие напишани. Лесно и впивливо, како крем за сончање во врел месец. Читајќи ја оваа книга, добивате гратис љубов и желба да го спасите маалското кутре, но и да се налутите на автобусите што доцнат. Купувајќи ја оваа книга, си подарувате нов дом – за читање и за уживање. Но и за подарување. Клуч од нова врата кон поезијата на Ана Голејшка и нејзините приватни растења.
Ана Голејшка е родена на 8.8.1987 година. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, девојка од градот, сака да пее и да перформира, уживач во храна и во готвење – три години е посветен социјален активист како дел од иницијативата #ретвитниоброк. Осцилира низ книжевната сцена, често како интерпретатор на стихови, свои и туѓи. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери во 2011 година, на Ноќи без интерпункција, како и учество во читањата во склоп на СВП наредните години. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза – „Ветерот носи убаво време“ (2012), Антологијата на млада македонска современа авангардна поезија (2012) и „Лирски додекамерон“ – антологија на младата македонска поезија (2012) и во мноштво други. Во септември 2013 година ја издаде својата прва книга, „Љубов на улица“, поезија за ритамот на нејзиниот живот. Објавувана е на неколку портали како дел од книжевните текови, со свои дела и видувања за поезијата. Со свои песни е преведена на српски, турски и англиски, а нејзини песни се најдоа и во списанието „Mantis“ (2017), кое го објавува Универзитетот Стенфорд во САД. Во јуни 2014 година читаше поезија на „Метелкова“ на покана на Љубљанскиот поетски фестивал „Млади риме“, а во декември 2016 година беше дел од „International Youth Poets Meeting“, поетски средби во Истанбул, Турција. Активно учествува во градењето на поетските читања „Астални проекции“ и подготвува многу нови нешта, вкусни и трајни. Живее и љуби.
Ана Голејшка е родена 1987 г. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот. Дел од своите дела ги споделува на официјалниот литературен блог „Куцкамен“. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери на поезијата 2011, на „Ноќи без интерпункција“. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза – „Ветерот носи убаво време“ (2012) , во Антологијата на младата македонска современа авангардна поезија (2012), како и во Антологијата на младата македонска поезија – „Лирски додекамерон“ (2012). Во 2013 од печат излезе нејзината прва стихозбирка „Љубов на улица“.