Во презентирање на уметноста на ренесансата вообичаено се зема предвид индувидуалната креативност и добро познатите дела на нејзините најзначајни метници, а често се занемарува општествениот фактор. Со оваа книга се открива социолошкиот хоризонт во ликовното творештво на италијанската ренесанса и маниризам, кој ја лоцира и деференцира причинско-последичната врска меѓу општествените сили и тематско-иконографскиот репертоар на уметноста во епохата. Видена со очите на ренесансниот посматрач или нарачател, ренесансната уметност била очекувано функционална, а не само убава. Нејзините остварувања јасно ги рефлектираат опшрествениот, политичкиот и историски контекст во кои се создадени, одговарајќи на ппотребите на нејзините мецени.