What do you think?

Го силувавме ежот
Драмски наратив во кој преку дејствувањето на главните ликови и развојот на нивната љубовна приказна Анѓеловски го апострофира „лудилото“ на власта. „Го силувавме ежот“ е сатирична драма за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократско општество, раскажана преку љубовна приказна меѓу млад новинар и проститутка. По овој драмски текст е работена истоимената претстава од училиштето за театар „Од игра до претстава“ во 2017/2018 година.
„Боде по сите пори. На моменти смешно, на моменти тажно. Како и самиот живот.“
Игор Ивковиќ
Марјан Анѓеловски е роден во Скопје во 1987 година. Пишува и настапува низ земјава и низ Балканот со хумор, сатира и стендап-комедија. Неговите афоризми досега се објавувани во: „Остен“, „Јеж“, „Носорог“, „Макс Минус“, „Вечерни новости“, „Политика“, „Пулс 24“ и други весници, списанија и електронски портали низ Балканот. Автор е на книгата „Македонијо, OFF мори мајко“ и коавтор на книгата „Три ем“ заедно со Миле Ѓорѓијоски и Миро Георгиевски. Застапен е и во неколку антологии на балканскиот и на македонскиот афоризам. Добитник е на три трети награди на „Вечерта на македонскиот афоризам“ во Кочани (2016, 2017, 2018 год.), втора награда на фестивалот за сатира „Чивијада“ во Шабац – Србија (2017), како и на наградата „Млади Типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Пљевља – Црна Гора (2017 год.).

94 pages
Published January 1, 2018
Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
March 7, 2020
Скокотливо, дефинитивно би ја гледала изведена на сцена.
August 3, 2020
Хахаха, многу добро книгиче, слатко се изнасмеав.
Displaying 1 - 2 of 2 reviews