Jump to ratings and reviews
Rate this book

Вкусот на праските

Rate this book

165 pages, Paperback

Published January 1, 1965

3 people are currently reading
33 people want to read

About the author

Влада Урошевиќ

45 books25 followers
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.

Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:

Еден друг град (поезија, 1959)
Невиделица (поезија, 1962)
Вкусот на праските (роман, 1965)
Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
Летен дожд (поезија, 1967)
Знаци (раскази, 1969)
Врсници (критики и есеи, 1971)
Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
Лов на еднорози (раскази, 1983)
Компасот на сонот (поезија, 1984)
Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
Хипнополис (поезија, 1986)
Подземна палата (есеи, 1987)
Демони и галаксии (студија, 1988)
Панична планета (поезија, 1989)
Алдебаран (записи и патописи, 1991)
Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
Паники (поезија, 1995)
Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
Париски приказни (записи и патописи, 1997)
Астролаб (критики и есеи, 2000)
Дива лига (роман, 2000)
Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
Тајна мисија (раскази, 2013)
Тајно злато (поезија, 2016)
Маџун (роман, 2018)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
11 (44%)
4 stars
8 (32%)
3 stars
5 (20%)
2 stars
1 (4%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 of 1 review
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
September 21, 2019
Ова е роман напишан пред своето време, или однесен во минатото, таму некаде, во 1965, од еден временски патник, стотици години подоцна. Инаку не можам да ги објаснам разликите помеѓу него и се останато што се пишувало во тоа време кај нас. Не можам да го објаснам неговиот пркос кон сета останата книжевност тогаш, гордо стоејќи над нејзе и врескајќи: јас можам поинаку! Убеден сум дека неговата вредност тогаш не била забележана, но запрепастен сум како и денес опстојува на маргините? Зошто, побогу, ова се се анализира во средно? Како што самиот роман се појавил не во свое време, така и тој говори за цикличната природа на времето. Во него почетокот е крај, крајот е почеток, а сите краеви не се ултимативни: и по оние најужасните, има нови почетоци. Така е и со земјотресот кој можеби однел цели светови, но истите тие се вратиле, можеби малку поразлични, но сепак во сржта исти, реинкарнации на нештата, на луѓето, на случувањата. Друго нешто кое ме запрепасти тука беше описот на Скопје во лето: тоа Скопје се срушило некој месец подоцна, од него останала само правта. Но се прашувам: како тогаш и ова Скопје денес е истото? Како Урошевиќ сега да излегол на улица среде најжешкиот летен ден и обвиткан од сите испарувања од асфалтот да го насликал ова Скопје, денес. Можеби е така заради лирскиот израз кој навистина помага да се опише целата таа замелушеност во умот на секој кој чекорел, чекори и ќе чекори по тој асфалт во јули и август. Како и да е, ова беше навистина прекрасно четиво кое долго ќе го паметам како најдобриот роман за Скопје кој сум го прочитал. Препорака за сите! Само почекајте да дојде следното лето, па тогаш почнете го. ;)
Displaying 1 of 1 review

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.