Викторија е експерт за одење на интервјуа и рандевуа. Таа е малку несмасна, но крајно симпатична хероина која е во постојана потрага по совршената работа и совршениот маж. Еден ден, нејзиниот досаден живот добива сосема друга димензија, кога нејзините очи ќе налетаат на фотографии од навидум среќно заљубен пар. Дознавајќи го идентитетот на тајните љубовници, таа сфаќа дека во рацете има средство со кое може да си ја оствари својата цел.
Излегува дека човекот од фотографиите кој држи туѓа вереница во прегратка е директор на маркетинг агенција, каде што таа не добива работа, иако е најквалификувана. Викторија одлучува за првпат во животот да покаже заби и му се заканува на младиот директор дека доколку не го добие тоа што праведно ѝ следува, ќе го разоткрие пред неговиот најдобар пријател и бизнис партнер. Немајќи друг избор, директорот на маркетинг агенцијата ѝ го нуди работното место и оттука почнува да се плете една богата таписерија од оригинални ликови и емоции што го држи читателот во рака од прва до последна страница.
„Страница, две, три – ненаситно ги пиев редовите, не можејќи да поверувам каква оригиналност, каква приказна ми падна в раце“.
Оценката ми е меѓу 3 и 4, да речеме 3.5 😊 Приказната е добра, интересна за читање, можеби малку поразвлечена отколку што би требало да биде. Мене тоа што најмногу ми пречеше кај книгава се премногу употребуваните споредби за се и сешто. "Се движеше брзо, постојано гледајќи во својот телефон, едвај пишувајќи со прстите, долги како грисини." Мене оваа реченица поубаво би ми звучела вака "Се движеше брзо, постојано гледајќи во својот телефон, едвај пишувајќи со долгите прсти." И овие компарации ги има премногу низ книгата и мене лично ми го уништуваат впечатокот за книгата. Исто така, некои од описите ми беа збунувачки, на ситуации или места. Друго што ми беше збунувачко е низ поглавјата, ако поглавјето е за Ребека, очекував дека наратор во таа глава е Ребека цело време, а уствари имаше и делови каде се враќавме кај Викторија. Некако целиот концепт на поглавјата во книгата, не ми е баш добро осмислен. Но, сепак, интересна чик лит книга и најверојатно би читала и друга книга од авторката, ама под услов да не ги употребува компарациите. 😉
3.5 Ne mozam da dadam 4* zaradi nekoi drugi 4ki, od koi e poslaba... Ke dopolnam so review za kratko....
Флерт, уцени и високи потпетици - Маја Божиновска
Викторија е девојка која оди на интервјуа за пракса или вработување, но никаде не добива шанса. Нејзина идеја е употребена во промоција на производ иако е одбиена нејзината апликација за практикантсто. Сплет на околности, добива фотографии кои ги користи како уцена и едниот од двата директори ја вработува во истата маркетинг агенција која ја одби но ја употреби нејзината апликација. Ветува дека ќе ја крие тајнта што ја знае. Минуваат деновите, Викторија е амбициозна, трудољубива, млада, напредува во работата, излегува, го прави тоа што го прават 25годишњаците.... Со кој ќе започе врска? Какви денови и престојат на работен и приватен план? Дали е спремна за вљубување? Дали може да го игнорира минатото? Првата половина од книгата ја прочитав прилично брзо и ми беше интересна. Маја има потенцијал да направи можеби и серијал од приказнава. Читливо, јасно, има идеи, се гледа дека читала странски чик лит книги и тоа има влијание во книгава... Од друга страна, вториот дел ме успиваше, имав желба да прерипувам страници... Имам чувство како да фалат делови, а сепак и како да има вишок... И на крајот сфаќам дека дејството во книгата се одвивало 5 години а јас го немав тоа чувство... Исто, нешто што ми беше нереално и апсурдно е односот на вработена(прво вработување и слично) со директорот, во Македонија да му речеш на диреткторот "Дали си ти нормален?", "Да ти се помочам во работното време..." како ли би поминале? Исто имаше премногу компарации, се' нешто споредено со нешто друго...Еднаш, двапати ама кога стана пречесто правеше да превртувам очи... На задната корица во жанровскиот дијаграм стои дека 1/3 од книгата е хумор, според мене немаше толку.... И на крај, според мене, цената споредена со тие на странски авторки кои "штанцаат" романси и имаат реноме, е превисока. Се надевам Маја ќе продолжи да пишува, зашто сепак книгава е подобра од други романси што сум ги читала од други македонски автори... Моја севкупна оцена 3.5/5. Дали ја препорачувам? Да, интересно е да се види чик лит дејство во Скопје
Велат дека ако има книга што сакаш да ја прочиташ, но не е сè уште напишана, треба да ја напишеш ти. Јас го направив токму тоа.
Сакав да напишам поинаква романса со оригинална содржина, со реални ликови, кои се ниту комплетно лоши, ниту пак комплетно добри, туку се само-луѓе.
Уживајте во топлата, автентична приказна, во приказната за ликовите кои неминовно ќе биде да ги поврзете со некои од ликовите од вашиот живот, во споредбите кои се плод на мојата фантазија, во описите на Скопје, во интересната и неизвесна содржина.
Оваа книга не е совршена, но токму поради тоа не е обична и секојдневна. Кога ја пишував превземав ризици, што не ја прави масовно допадлива, which I kind of like it. :) Многу е потешко да насмееш некој, отколку да расплачеш (сега го разбирам Ху Грант :))
И за крај повторно една позната мисла-Лесна книга за читање му претходи на проклето тешко пишување на истата.
2.5 ѕвездички. Обично не читам македонски автори, затоа што често знаат да ме разочараат. За жал и оваа книга беше една од нив. Премногу детали и компарации кои на моменти беа и невкусни и многупати ме натераа да превртам со очите. Нешто во стилот на "Ајде книгава да не биде 200 страни туку 350". Исто така, описот на 70% од сцените беше толку збунувачки што постојано се прашував за кои ликови се зборува. Морам да кажам дека сепак не умрев од досада и имаше некаков шарм што ме тераше да ја читам до крај. Quick light read?-Да. Но, за жал ништо повеќе од тоа.
Освежување на македонската литературна сцена. Лесен, читлив и интересен роман. Една обична, надежна приказна, проткаена со многу младешки дилеми.
Желбата на младата Викторија да најде совршена работа и совршен маж, ја доведува до искушение тоа да го направи на не многу `регуларен` начин. Секако, тоа ја измачува, но таа мора да се избори најпрво со себеси, а потоа и со другите.
Книгата изобилува со описи на Скопје низ неколку годишни времиња. Тој што живее или го доживеал Скопје во зима, околу Божик и Нова година, ќе препознае една реалистична слика. Скопје во лето, друга приказна.
Една убава замисла за (њујоршка) приказна сместена на улиците на нашиот главен град. Заслужува пофалба, а нема да зажалите ако одвоите време да ја прочитате и да ги запознаете, Викторија, Андреј, Ребека и Адам...
Викторија е девојка, којашто без каење, туку со нејзина упорност ќе се вработи во маркетинг агенција, за да си го оствари својот сон. Андреј ќе биде нејзин директор. Но... дали и колку ќе успее Викторија да ги помати сметките во љубовта на Андреј? За да допре до негово срце и засекогаш остане таму. Без да дозволи мешање на било која друга личност отстрана. Хм, тука и љубомората ќе игра клучна улога кај Викторија.
Книгата е волшебна, се чита во еден здив и секој може да се пронајде. Баш ни требаше ваков автор и книга, со познато сценарио и познати места. Дефинитивно топло ја препорачувам за љубителите на добра приказна.