What do you think?
Rate this book


Paperback
Published October 24, 2019
Книгите се товар единствено за оној што не знае како без нив.
Можеби книгата ќе ја доживеев многу поинаку ако не бев од Охрид или ако не ја имав честа да го познавам авторот лично во подоцнежниот период од детството. Можеби ќе бев и покритична. Ама сум сигурна дека книгата не изгуби ниту малку од својот шарм ниту ми предизвика емоција помалку. Одличен знак беше уште тоа што откако ја купив, веднаш ми пишаа уште двајца пријатели: „Еј, и јас сакам да ја прочитам!“
Ова не е книга за тие што не читаат активно т.е. за тие што не уживаат во комплексниот збор којшто треба да го доживееш, со него да размислуваш, во него да се изгубиш, а и да се поистоветиш.
Ова не е книга за луѓе што немаат око за детали или барем не сакаат да се оптеретуваат со нив.
Ова е книга со толку многу нијанси, што животот е едноставно прекраток за да се прочита во сите нив и со секое прочитување да се повторно доживее на различен начин. Искуството во секој случај не беше типично, би го опишала како бесконечен „emotional rollercoaster“. На моменти доста се навраќав и на претходен параграф и дури и расказ - сакав да се осигурам дека нема ништо да пропуштам. За количински навидум мала книга, е пребогата со метафори, оксиморони и изненадувања, за кои треба апсолутно препуштање во моментот, а и да си дозволиш сам себеси интроспективно патување низ болката на својата душа предзвикана во минатото и закопана далеку во спомените.
Ја чекам следната книга со нетрпение!