Вистинита приказна за Саид Глифоруш (алиас). Ова е приказна за тагата, болката, љубовта и надежта, што ја допира судбината на милиони деца кои се секојдневно експлоатирани во мемливите визби и темните тунели од страна на алчните трговци. „Ова е чудесна и чувствителна приказна која ја заслужува секоја можна награда од нациите во светот.“ -Автори без граници
Знаевте дека убавите персиски теписи може да се направени од нежни детски рачиња, кои се киднапирани и експлоатирани од незаситните и алчни трговци? Не знаев ни јас додека не ја прочитав оваа (за жал вистинска) приказна. Ја препорачувам.
Оваа прекрасна приказна вреди да се прочита. За тоа како и на кој начин се злоупотребуваат децата,откако бидат земени во канџите на луѓе тирани.
За една таква судбина во романот,ни раскажал Саид Галуфоруш. По потекло Евреин. Тој откако остана сирак на 13 год. по 1 год. со уште четири деца бидат земени од страна на Ага Хашмат. Петмина живеат во визба во негова куќа во Техеран,учат ткаење на килими од Остад Ираџ.
Што понатаму се случило? Низ какви слатки/горчливи маки поминат петмина во визба и каков ќе биде крајот на романот,оставам да прочитате читатели.