Зошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми
Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски
Што е подобро, неугоден брак или самотија? Дали да се остане во брак заради детето? Дали заради сопственото страдање и незадоволство од бракот, детето страда и е запоставено? Какво дете раѓа токсичен брак?
Ова се само дел од прашањата “обработени” во книгава преку ликовите на Видан и Огнена и нивниот син Тони. Тие “живеат” и ги преживуваат деновите и најмногу живеат кога не се гледаат и не разговараат...Немаат никаква комуникација, т.е ја изгубиле некаде попат одамна. Нештата се менуваат кога Видан ќе се онесвести на сред улица и ќе го изгуби сеќавањето на нив двајца...Лутајќи низ градот ќе ја запознае провинцијалката Вили од Вилино која има кафетерија и е далеку позната по нејзините вафли. Нејзината живост и позитивна енергија го носат Видан на едно месечно патување за себеспознавање и освестување во Вилино. Вилино и неговата душа и природа, како и друштвото на Вили ми годат многу и му помагаат да си го поврати сеќавањето. Но што потоа?
Оставам на вас да ја прочитате и да ги најдете одговорите. Убава книга, убаво напишана, убава порака. Ме изненади крајот, искрено очекував нешто друго ама пак вака е можеби и пологично...Ви ја препорачувам, од мене 4ка.
Зошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми
Роман кој што вреди да го прочитате! Еве еден цитат од романот што посебно ми остави впечаток.
Во секоја среќа има капка тага, и во секоја тага искра радост.
Романот е за тричлено семејство, Видан, Огнена и Тони, семејство кое што се сакало, но со тек на време дошле до степен каде што секогаш без да сакаат меѓусебно се повредуваат. Видан го губи сеќавањето, и во неговата потрага по враќање на своите спомени му помага Вили, жена која што во секој поглед изгледа многу среќна, но и таа има свои моменти на тага и болка.
Секоја чест за нашата авторка! Прекрасно напишана приказна која секако ќе ве допре и ќе ве натера да подразмислите, за животот, за животните одлуки. Топла препорака до моите пријатели читачи🙂
Един прекрасен роман,а най-вълнуващото ,е че посетих кафетерията и опитах вкусните белгийски вафли,за които се говори в книгата. Накратко една семейна история, един роман за болката, самотата,дори и когато си сред свои хора,но и за любовта. Повече във видеото-ревю за книгата,в канала ми : https://youtu.be/A5hzjuEBVgY