„Сказна за детето Вилен” е новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски. Новелата е опишана во сказна. Таа е напишана допадливо, и го привлекува вниманието на децата. Оваа новела е задолжителна лектира за трето одделение.
Глигор Поповски е роден на 1 април 1928 година во село Будинарци, Беровско. Завршил учителска школа во Скопје, а работниот век го поминал во „Пионерски весник“, работејќи како новинар, во книгоиздателството „Детска радост“, каде што извесен период бил и главен уредник, а ги уредувал и списанијата „Другарче“, “Развигор“ и „Росица“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1954 година.
Глигор Поповски е автор на книгите: „Сказна за детето Вилен“, „Цвет“, „Дрварче“, „Росица“, „Далечен свет“, „Со тротинет по цел свет“, „Било едно дете“, „Мостот“, „Црвената рака“, „Парада за цвеќињата“, „Чудо во гората“, „Сказни за возовија“, „Сказна за најјунакот“, „Што има зад тополите“, „Морнарот Неп“, „Билјана“, „Испит“, „Бојан“, „Кога тато вози“, „За поубав свет“, „Планино убавино“, „Разговори за сообраќајот“, „Најтемната ноќ“, „Човек со човек“, „Добри мои, добар ден“, „Учителката“, „Елен Камен“, „Другата страна“, „Шеп, шеп, шеп“ и други.
За своето творештво Поповски бил наградуван со: „Партизански курир“, „Младо поколење“, „13 Ноември“, „РТВ – Скопје“ на Струшките вечери на поезијата, во два наврати: во 1969 и 1973 година, „Курирче“