Како да ги пренесеш своите впечатоци за една книга доволно описно за да бидат разбрани и пред сѐ достојни на делото кое го опишуваат, а сепак и доволно кратко, за да бидат прочитани во целост и без „претрчување"? И уште... како да докажеш дека впечатоците кои ги пренесуваш се искрени и дека не се претерани поради тоа што авторот ти е пријател? Не знам, и така незнаејќи ќе се обидам...
Очекував да биде одлична, секако. Имам прочитано некои делови многу одамна, некои и во ракопис (да, почетоците на ова дело се во времето кога и класичните компјутери ги немаше баш на секој чекор, за лаптопи и да не зборуваме), ги знам во груби црти главните заплети на приказната, дури и сум сугерирал некои ситници (воглавно од „техничка" природа), така што секако очекував врвен квалитет.
Добив и повеќе од тоа. Искрено оставам можност дека сум МАЛКУ субјективен, но без да им правам „спојлери" на оние кои ќе решат да ја читаат, ќе наведам неколку (од многуте) причини за мојот став:
Ликовите и покрај тоа што се многубројни, се содржајни, нивните карактери јасно изразени и сето тоа е пренесено на еден елегантен и концизен начин, во одредени случаи дури и со само една реплика на конкретниот лик во дадена ситуација.
Описите на ликовите, местата и на ситуациите се перфектно одмерени и „дозирани" за да ви пренесат богата филмска сцена во главата без притоа да ви „цртаат", или разговорно кажано, да „ја тупат".
Интригите и пресвртите со кои приказната секако изобилува се природни, и колку и да се на моменти сложени, не се усилени, не се додавани с�� цел „заплетот да е што позаплеткан" туку имаат совршена смисла. Како своевидна „контратежа" има и ситуации каде што драмата се расплеткува на сосема едноставен, праволиниски начин, детаљи за кои ќе помислите дека се битни а ќе се покаже дека не биле... сѐ на сѐ, реален приказ на реални текови од реалниот живот.
Можеби ќе додадам нешто во коментари, но овде ќе скратам: во зависност од повеќе фактори, можеме светот кој ни го претставува некоја книга да си го замислиме бледо или интензивно, можеме да го доживееме и почувствуваме, а можеме и да се слееме во него, толку уверливо што по читањето сеќавањата повеќе наликуваат на сеќавања на лично доживеани отколку на прочитани настани. наредната!!!)
Како да ги пренесеш своите впечатоци за една книга доволно описно за да бидат разбрани и пред сѐ достојни на делото кое го опишуваат, а сепак и доволно кратко, за да бидат прочитани во целост и без „претрчување"? И уште... како да докажеш дека впечатоците кои ги пренесуваш се искрени и дека не се претерани поради тоа што авторот ти е пријател? Не знам, и така незнаејќи ќе се обидам...
Очекував да биде одлична, секако. Имам прочитано некои делови многу одамна, некои и во ракопис (да, почетоците на ова дело се во времето кога и класичните компјутери ги немаше баш на секој чекор, за лаптопи и да не зборуваме), ги знам во груби црти главните заплети на приказната, дури и сум сугерирал некои ситници (воглавно од „техничка" природа), така што секако очекував врвен квалитет.
Добив и повеќе од тоа. Искрено оставам можност дека сум МАЛКУ субјективен, но без да им правам „спојлери" на оние кои ќе решат да ја читаат, ќе наведам неколку (од многуте) причини за мојот став:
Ликовите и покрај тоа што се многубројни, се содржајни, нивните карактери јасно изразени и сето тоа е пренесено на еден елегантен и концизен начин, во одредени случаи дури и со само една реплика на конкретниот лик во дадена ситуација.
Описите на ликовите, местата и на ситуациите се перфектно одмерени и „дозирани" за да ви пренесат богата филмска сцена во главата без притоа да ви „цртаат", или разговорно кажано, да „ја тупат".
Интригите и пресвртите со кои приказната секако изобилува се природни, и колку и да се на моменти сложени, не се усилени, не се додавани со цел „заплетот да е што позаплеткан" туку имаат совршена смисла. Како своевидна „контратежа" има и ситуации каде што драмата се расплеткува на сосема едноставен, праволиниски начин, детаљи за кои ќе помислите дека се битни а ќе се покаже дека не биле... сѐ на сѐ, реален приказ на реални текови од реалниот живот.
Да скратам: во зависност од повеќе фактори, можеме светот кој ни го претставува некоја книга да си го замислиме бледо или интензивно, можеме да го доживееме и почувствуваме, а можеме и да се слееме во него, толку уверливо што по читањето сеќавањата повеќе наликуваат на сеќавања на лично доживеани отколку на прочитани настани. Е, ова, последново...