Што се случува кога бисер белата венчаница ќе се испомеша со нечија црвена крв?
На последниот ден од својата служба во полицијата, наместо да се подготвува за долгоочекуваното пензионирање, инспекторот Гораст Николов се соочува со грозоморно злосторство што го потресува целиот град - млада девојка е убиена во бутик за венчаници во глуво доба од ноќта. Заедно со својот партнер, Гораст се впушта во жестока истрага и потрага по убиецот, паралелно навлегувајќи зад навидум совршениот живот на семејството Стравински, во чија што сопственост е бутикот во кој е пронајдена жртвата.
Нема сведоци нуту пак цврсти докази, но што ако нема и виновник?
Многу делови од сложувалката недостасуваат и се дополнително се комплицира кога еден скриен тестамент неочекувано се испреплетува со истрагата. Оваа динамична приказна исполнета со неочекувани пресврти на секој чекор, апсолутно ќе ве остави без коментар и уште еднаш ќе ви докаже дека ништо не е како што на прв поглед изгледа.
Трилер со ултра заразен ритам и убиствен крај од кој застанува здивот...
,,Спомените најмногу болат откога ќе ја изгубиш личноста со која си ги создал."
Инспекторот Гораст Николов, иако си ја сака работата, едвај го чека неговото пензионирање. Но едно неочекувано убиство ќе го продолжи рокот на неговото предавање на значката.
Се работи за брутално убиство на млада девојка во салон за венчаници. Злосторството е извршено доцна во ноќта па затоа нема сведоци, а исто така камерите од трговскиот центар не работеле. Нема сведоци, нема докази, го нема оружјето со кое е извршено убиството и нема осомничен. Има само едно мртво тело и бесконечно многу можности. Од каде да почнат инспекторите со истрагата?
Сопственици на бутикот се семејството Стравински, коишто се и првата мета на Гораст. Меѓутоа, само што ќе влезе во нивниот дом, веднаш ќе му стане јасно дека нивниот живот е хаотичен и дека кријат многу тајни. Застрашувачки тајни кои доколку излезат на виделина ќе го уништат угледот на семејството. Но дали меѓу таа мистерија се крие и онаа поврзана со убиството на младата девојка?
Александар did it again! Предобар трилер кој не се испушта од раце. Не можев да правам ништо сѐ додека не ја прочитам и последната страница. Маестрално смислена содржина во која вметнати се пресврти со цел авторот да си поигра со мозокот на читателот. Нарацијата е уникатна, уживав во секој еден збор.
Она што го обожавам кај книгите на Александар е тоа што покрај мистеријата и трилерот секогаш има поука во позадина. Во оваа книга гледаме едно семејство кое навидум е совршено, но всушност внатрешноста ја држат последните слаби конци и доволно е само да се скине еден за сите да се срушат како стара градба. Нивното его сето тоа време го хранеле и прикривале со маски.
Од ликовите можеме да увидиме колку важно е опкружувањето во кое растеме и влијанието на луѓето околу нас. Но тоа зависи и од нас самите. Дали нема да дозволиме тоа да влијае на нас или пак ќе го вдомиме отровот за да го шириме на секој кој ќе не допре.
Тензичен, непредвидлив и заразен трилер кој ќе ве натера да ги размрдате мозочните ќелии.
Првиот октомвриски викенд го започнав со ,,НЕВЕСТА ОД СОНИШТАТА", а денес сум спремен за нови неделни шокови со ,,ЗМИЈАРОТ"
Динамична приказна која не ме остави да се раскомотам, неколку реченици ми ги надминаа очекувањата а навистина останав без здив кога прочитав: ,, Се сети ли конечно?! Кажи ми на што те потсетува ,,играта", Свинска принцеза на патот-пази, сега е време возот да ја згази!" - Ежење додека читав.
Се надевам дека ова дело ќе Ве потсети да размислувате за тоа како може да нанесеме траума преку шега на туѓа сметка, без да бидеме свесни како нервниот систем ќе го процесира тоа искуство за одмаздата во зрелата доба која би можела да биде непредвидлива како и во овој случај. Ништо не е како што изгледа на прв поглед.
Препорачувам да ја прочите и вие оваа приказна од Александар Николовски и обидете се да го погодите крајот. Јас се предизвикав да погодам, но не погодив. 🤣
Како читател на голем број странски автори од истиот жарн , можам да кажам дека сум многу позитивно изненадена од квалитетот и стилот во "Невеста од Соништата". Не успеав да ја оставам книгата и крајот полн со пресврти и неочекувања навистина те тера да погодуваш што ќе се случи до последната страница. Топла препорака за сите што сакаат добра мистерија. 10/10! Прва книга ми е од авторот и сo нетрпение чекам да ги прочитам другите!
Книгата ја започнав со многу големи очекувања поради сите позитивни коментари и можам да кажам дека ми ги надмина сите очекувања. Одличен стил, со многу неочекувани пресврти, не можев да ја испуштам од рака, а крајот многу ме изненади. Секоја чест , 5 ⭐.
И оваа трета книга “ Невеста од соништата” е топ како претходните две. Сомнежот дека ??? е убицот ми е од самиот почеток. Но иако сомнежот беше прав, мотивот сосема друг, ни најмалку не очекував таков пресврт. Уживав во читањето 😉 Александар Николовски
Прва прочитана книга од авторот и луѓе што да ви кажам, дефинитивно нема да биде последна, сите до една има да му ги прочитам. Неизвесно, мистериозно, фрапантно и шокантно особено во последните пет глави, пресврти еден тон. Крајот пет пати го препрочитав од што не ми се веруваше, моја искрена препорака.😎
Sekoja cest....Ne samo za ovaa nego i za ostanatite knigi..Nacinot na pisuvanje i slucuvanjata vo knigata ostava do neizvesnot do samiot kraj . Pa radi toa za da se doznae sto ke se slucuva ponatamu knigata ne se ostava dodeka ne se procita . Prodolzete kako i dosega !
Модерново време ни носи сенешто но ова со крајот на Невестата богами воопшто неочекувано😉 Дело што вреди да се прочита плус наше си е домашно,Македонско🤩
Одлична книга, неочекуван пресврт и уште поинтересен крај. Книгава дефинитивно заслужува повеќе внимание и публицитет. Не очекувам ништо помалку и од следните книги. :)
Невеста од соништата - Александар Николовски #рецензија
Нашиот Ацко ме предизвика да го погодам убиецот и го открив прилично рано многу ми беше сомнителен и не згрешив во тоа..е сега на крајот онаа другото не можев да го предвидам...
Инспекторот Гораст на последниот ден пред пензија се соочува со страшно убиство што ја потресува јавноста. Млада девојка е брутално убиена во текот на ноќта во бутик за венчаници,а од убиецот ни трага ни глас..
Дали семејството во чија сопственост е бутикот стојат зад оваа?? Не, па тие се луѓе за пример или ???Хмм, можеби да, а можеби и не кој знае ..!?Две сестри , еден свршеник, луд дедо( а можеби и не) една чудна мајка, еден тестамент и триста испреплетени нешта ќе ве збунат и натераат да размислувате што се крие зад оваа убиство... ?!Мотивот нема шанси да го погодите..Кој ја убил Мелита и дали убиецот тука ќе запре ве оставам да откриете..
Траумите од детството се тие кои најмногу болат.... Трауми кои остануваат долго заклучени во нас.. Се до денот кога ќе експлодираат и ќе не уништат доколку не ги третираме,а тоа што ќе го направат околу нас ќе е пустош и мизерија и вистинска трагедија...
Како ја замислувате вашата невеста од соништата??
Со Аце си продискутиравме и некои работи разјаснивме,чекам 300 страни знае тој зошто и како....се надевам ќе ме послуша некогаш.... 😊
Интересна приказна, се чита во еден здив. Прва негова книга која ја прочитав и ме заинтиригира да продолжам со останатите книги. Заслужена оценка за млад надежен автор на македонската книжевна сцена.
Колку љубов е потребна за да пораснеме во нормални луѓе? Прекрасна книга со неочекуван крај која покажува дека работите не се секогаш такви, какви што изгледаат на прв поглед. Топло ја препорачувам.