Jump to ratings and reviews
Rate this book

Виктор Николов #1

Виенски гамбит

Rate this book
Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.
Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.
Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.
Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?
Интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.

336 pages, Paperback

First published January 1, 2020

3 people are currently reading
42 people want to read

About the author

Ande Jankov

6 books83 followers
Ande Jankov (Анде Јанков) (novelist, poet, literary critic) was born in the leap year of 1988, and his life has been a rollercoaster ever since. A graduate economist from Ss. Cyril and Methodius, he has used his vast knowledge of various subjects in his writing career.

His debut novel, ''A Summer on Crete'' (Едно лето на Крит, 2016) received the award Romanijada, awarded by the publishing house ''Kultura'' for Best Debut Novel by an emerging author.

Afterwards, he sat his sights on expanding the crime and thriller genres on the Macedonian market, by introducing Viktor Nikolov, his detective protagonist in an ongoing series of novels: ''Vienna Game'' (Виенски гамбит, 2020), ''Calculated Risk'' (Сигурен ризик, 2021), ''Only God Forgives'' (Само Бог простува, 2022), "Kobayashi Maru" (Кобајаши Мару, 2024) and "Memento Mori" (2025).

He also created the literary podcast ''Literary conversations'' (Книжевни разговори), whereas he conducts interviews with the newest darlings of Macedonian genre literature. The podcast has five seasons and 70 episodes, with more than sixty guests.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
70 (57%)
4 stars
39 (31%)
3 stars
11 (9%)
2 stars
1 (<1%)
1 star
1 (<1%)
Displaying 1 - 30 of 36 reviews
Profile Image for Вики.
84 reviews
March 9, 2025
Трилер кој што ќе ве остави во неизвесност до самиот крај. Можеби ќе претпоставите кој е виновникот, можеби и нема... но без гајле, сите си го добиваат заслуженото на крајот. Топла препорака од мене да ја прочитате книгата ако ја немате прочитано, а јас едвај чекам да го почнам и вториот дел. Книгава од мене добива чиста 10ка!
Profile Image for BicXx.
6 reviews
January 5, 2025
Традиционално, годината ја започнав со македонски автор. И ако е точно она: "по утрото се познава денот", тогаш годинава ќе биде повеќе од одлична.


Во врска со содржината, приказната ги содржи сите елементи на трилер. Убаво изградени ликови, прецизно дефинирани, цврсти карактери. Она што посебно ми се допадна се описите, сосем доволни за да ти ја претстават сликата на авторот, без никакво претерување. Кај мене изостана елементот на изненадување, или пресвртот што е карактеристичен за ваквиот жанр, затоа што приказната е напишана така да постојано те држи во неизвесност. Можеби ми фалеше малку повеќе акција, но тоа е личен вкус, а за вкусови нели не се дискутира.

Во врска со стилот на пишување на Анде, исто така сум импресионирана. Чистa нарација, беспрекорно литературно изразување, без дијалекти, присилен хумор и 'клише муабети' кои за жал некои наши автори знаат да ги внесат во своите дела. Те носи длабоко во раскажувањето, што на моменти забораваш дека читаш дело на македонски автор. "Виенски гамбит" е книга што дефинитивно би ја ставила во книга од светски рамки.

Од мене чиста петка и желба за продолжување на серијалот. ☺️
Profile Image for Jᴀɴᴀ.
299 reviews24 followers
December 6, 2025
Читањето на македонски автори е како нож со две острици — од една страна владее чувството дека треба да си го одбраниш своето, да ја пофалиш амбицијата на авторот, затоа што сепак е големо достигнување да се напише и издеде книга и да се промовира мајчиниот јазик, а од друга страна па, владее чувството дека баш кон своето треба да си најискрен, и тешко е да преминеш преку некои работи кои бодат очи.

Книгава ми беше препорачана од повеќе луѓе, вклучително и од самиот автор, и нема да судам само спрема првата во серија од 5 книги, но ми беше тешко а да не мислам дека целата приказна е клише. Сум читала и гледала доста трилери, и можам да кажам дека воопшто не бев изненадена од текот на настаните, ниту пак бев воодушевена од карактерите, кои ми беа некако дводимензионални и горе-долу површни. Главната инспекторка треба да навидум да асоцира на некоја femme-fatale или таканаречен girl-boss, но мислам дека имало простор да се доизгради како подлабока личност, а не да се запре само на нејзината надворешна убавина. Главните машки ликови исто така ме разочараа, особено инспекторот Виктор Николов, не само поради својата површност, туку и нерационалноста на неговите одлуки. Никој не може да ме убеди дека инспектор појден на посета во Австрија туку-така би добил ингеренција да носи пиштол со себе и да учествува во заседа без никаква претходна бирократија, само затоа што еднаш "ја легнал" инспекторката, а баш таквите ситни детали се она што треба да ја направи книгата уверлива.

Самиот стил на пишување ми беше како авторот да не можел да се одлучи дали сака да биде пристоен со својот речник или непристоен, и одењето како напрсти измеѓу двете екстреми ме направи да се почувствувам како да не се доискажал доволно, како нешто цело време да недостасува — дијалогот ми беше исфорсиран и предвидлив, и реално повеќе уживав во исечоците од дневникот на жртвата отколку во разговорот на живите карактери. Многу ме разочараа описите на надворешните карактеристики на ликовите, особено на жените — преголемо внимание е посветено на нивните атрибути, колкови, гради итн., што мене лично секогаш ме тера да превртувам со очите.

Сепак, приказната успеа да ми го задржи вниманието доволно за да ја дочитам, а и ме закопка дали во натамошните книги во серијалот ќе се подобрат работите што ми засметаа во оваа, па би дала 3/5 ѕвезди, едната од надеж дека понатаму ќе бидам попријатно изненадена.
Profile Image for Loreta Kostovska.
86 reviews3 followers
June 12, 2025
Конечно успеав да го почнам серијалот на Анде. Како за прва книга, според мојот вкус, многу солидно. Имаше елементи кои многу ми се допаднаа, како на пример тоа што немаше еден куп непотребни ликови кои ќе се појават само еднаш и се тотално небитни. Убави описи, но понекогаш ми се чинеа како да не и припаѓаат на приказната, како да не се релевантни баш во тој момент. Многу ми е битно тоа што приказната успеа да ми го задржи вниманието и не ми беше досадна. Знам дека наредните книги се уште подобри, едвај чекам да ги прочитам ☺️
Profile Image for Jovana A..
10 reviews2 followers
February 2, 2025
Прва книга од серијалот за инспектор Виктор Николов, крими-трилер во кој го следиме животот на Виктор, се ставаме во улога на инспектори и навиваме за потенцијална романса (барем јас навивав).

Анде се служи со богат речник, своето познавање од повеќе области, како и бујна фантазија за приказна на долг рок (серијал).

Со ликовите лесно се поврзав, во приказната се внесов во улога на детектив, и иако се ми се допадна, уште од самиот почеток се сомневав во убиецот и мотивот позади делото што е 50/50 и позитивна и негативна работа.

Негативна бидејќи уште од почеток можев да погодам, но позитивна бидејќи кој било друг исход немаше да ми се допадне толку.
Сепак, морам да признаам дека постојано испливаа нови докази кои умееја да ме исфрлат од колосек и ме тераа да се сомневам во својата проценка.

Како и да е, мајсторски изведена приказна, шетаме низ улиците на Виена каде што убав краток одмор (посета на својот брат) се претвора во ноќна мора.

Оваа прва книга од серијалот, ви дава доволно големо парче од тортата за да посакате повеќе.
Profile Image for Books_vsmovies.
16 reviews5 followers
March 20, 2024
Одличен трилер! Ова ми е прв роман кој го читам од авторот Анде Јанков и ќе кажам дека сум пријатно изненадена од неговиот стил.
Трилери сакам да читам многу, но се разочарувам кога уште на почетокот ќе го предвидам негативецот. Со ,,Виенски гамбит" не беше таков случајот. Анде Јанков успеа да ме збуни во неколку случаеви, а тоа за читател како мене е најбитниот фактор.
Profile Image for Елена.
289 reviews4 followers
November 11, 2024
Возбудлива и филмска, тензична до самиот крај!

Одвај чекам да продолжам со другите книги во серијалот.
Profile Image for Milan Petrovski.
3 reviews2 followers
October 16, 2025
За прв пат после долго време ја прочитав книгата која ме врати назад на мојот почеток од својата читателска епопеја и читателско патешествие.Со својот стил на пишување Анде ме потсети на мојата прва книга ,,Убиството во Ориент Експрес “ која како тогаш така и сега во оваа книга која е воедно и прв дел од серијалот за Виктор Николов ме држеше во неизвесност,ме прошета низ минатото и сегашноста за на крај едноставно да те остави вчудоневиден.

Со убиството на Весна и целосното животно патување кое го поминуваат ликовите во решавање на истото, а воедно и на решавање на своите проблеми и соочувањето со самите себеси,што само по себе е голема и тешка работа,осознаваш дека единственото нешто што на сите ни е потребно е љубовта, простувањето и прифаќањето.

Продолжувањето понатаму и започнувањето од почеток е тешко но е изводливо и возможно.

Затоа кога прв пат го дознав овој роман моето претчувство од внатре кое го имав со право ми велеше дека ја имаме нашата македонска машка ,,Агата Кристи “ кај нас и нашиот македонски Херкул Поаро.

Анде браво.
Profile Image for Кире Мастерс.
43 reviews2 followers
November 23, 2024
Одличен почеток на серијал.

Кај главните ликови успешно се избегнати стереотипите карактеристични за главни ликови во вакви жанрови, додека споредните ликови се успешно вткаени во целата слика и играат улога во развојот на приказната.

За самата приказна само ќе кажам дека е одлична затоа што ми е страв да не откријам макар и најмал детал од истата. А сите детали и се и тоа како битни и добро вклопени.
Profile Image for Anarcho Femmina.
6 reviews1 follower
October 24, 2025
Книгата ме држеше будна до доцна навечер. Стилот е лесен за читање, а приказната е полна со интриги, убиства и семејни тајни што постојано те тераат да сакаш да продолжиш да читаш.

Локацијата дава посебен шарм, се чувствуваш како да петаш низ градот додека читаш.

Книга што се чита со возбуда и која ќе им се допадне на сите кои сакаат динамичен трилер со мало љубовно и семејно вмешување.
526 reviews57 followers
September 22, 2020
„Виенски гамбит“ ми е прва книга од овој македонски автор, и, морам да признам, пријатно ме изненади. Анде Јанков е млад автор кој доста добро се снашол во трилерските води. Можев да забележам дека омилен автор му е Ју Несбе, стилот на пишување е некако сличен. Сепак, Анде е уникатен и се надевам дека „Виенски гамбит“ ќе доживее и едно, две, па и повеќе продолженија.

Виктор е млад полициски инспектор кој оди во посета на својот брат Даниел во Виена. Сосема случајно ја запознава Карен и поминува една ноќ со неа. Но, следниот ден, девојката на брат му, Весна, која работи како бебиситерка во Виена, е пронајдена мртва. Брутално убиена. Даниел нема алиби за времето на убиството и станува главен осомничен во случајот. А истрагата ја води инспекторката Карен. Виктор е ни ваму, ни таму. Полициски инспектор е, а е брат на осомничениот и интимно ја познава инспекторката. Не смее да се меша во истрагата, а замешан е до гуша. И бидејќи крвта не е вода, тој започнува сопствена истрага...

Она што особено ми се допадна беа живописните описи во приказната. Кога Виктор влегува во станот на Даниел, и јас како читател влегувам таму. Точно знам како изгледа станот на Даниел. Кога Карен е во својата канцеларија, и јас сум со неа таму. Кога Виктор шета по улиците на Виена, и јас, читателот, шетам со него. Книгава ја понесов со мене на одмор во Охрид, и, морам да признам, си имав мака на плажа. Читам, во Виена сум. Дигам поглед, езеро пред мене, во Охрид сум. Е, толку ме внесе во приказната!

Ова е книга од типот „наше, а светско“. Да, го провалив негативецот, ама многу читам трилери. Сепак, уживав во приказната и се прошетав низ Виена во време на пандемија. Авторот има голем потенцијал и романов заслужува да премине во серијал.
Profile Image for Monika Paloska.
17 reviews14 followers
May 25, 2021
Како изгледа Вашиот идеален одмор во Виена? Седум дена забава, прошетки, екскурзии, посета на знаменитости, многу слатки, специфична храна и многу пиво. Е, да, претпоставувам дека и Виктор Николов така си го замислувал неговиот еднонеделен одмор во друштво на својот брат кој долго време не го видел.
Шега од детството многу убаво ќе го опише односот на браќата Николови и нивниот заеднички престој во срцето на Австрија.
Масло и вода.
Секогаш дијаметрално спротивни Даниел и Виктор и покрај сѐ не можат еден без друг.
Во потрага по финансии за печатење на својот нов роман Даниел ќе се впушти во една малку поадреналинска авантура, по која еден телефонски повик ќе го запали "маслото".
Една поинаква авантура на Виктор ќе му даде шанса од вода да се претвори во гас кој ќе го спаси брата си да не изгори.
Дали Даниел ја зборува вистината? Кој ја уби Весна? Дали една тетратка со кафеави корици ќе биде доволна за Виктор и Карен да пукнат со прстите и сѐ да се намести за шах-мат?
Анде мене ми раскажа. Со таков тон, со таква нарација, со такви украси и описи. Ме прошета. Низ улиците, парковите, кафулињата, хотелите, во австриското подземје, кај богатите и зад решетките. Ме вклучи, мене како читател, во истрагата. Ме натера да мислам, малку побрзо од вообичаено, без многу трчање, сѐ убаво скоцкано, вкусно, таман. Дозволете му и вие да ве проведе низ убавините и тајните на Виена.
Прекрасен роман кој ми остави убав впечаток.
Profile Image for Andrijana Gjorgjevska.
2 reviews2 followers
April 6, 2025
Одличен трилер, задржува внимание со секоја прочитана страница. Го очекувам продолженито на книгата во скоро време.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books37 followers
July 31, 2021
Втора книга на Анде Јанков и прва од серијалот за детективот Виктор Николов.
Тематски книгата може да се спореди со било кое дело од автори на ваков жанр и слободно да им парира.
Ликовите се малкубројни, главните се сосема добро сработени, додека споредните се помалку важни и се појавуваат и заминуваат по потреба. Искрено очекував главниот лик да има некој порок или нешто друго што би го издвоило од останатите (физички недостатик, лузна, матно минато...), но детективот Николов има само мигрена, развод зад себе и неодолива потреба да се меша каде не треба (што од друга страна е излегување од клишеата и е сосема ок за мене).
Описите се присутни, но не се нападни и сосема добро се вклопени.
Стилски, веќе се препознава одредена еволуција во стилот во споредба со неговото претходно дело. Начинот на пишување е повеќе од пристоен, со реченици кои на места се сосема непотребно оптеретени со китење (само мое мислење!).
Приказната: сосема ок, иако на места предвидлива, очекував малку повеќе акција (само мое мислење!)
Summa summarum: Сосема пристоен крими роман со кој Анде Јанков си обезбеди место како крими автор во македонската книжевна сцена.
Profile Image for Marija M..
41 reviews1 follower
October 4, 2025
Ја купив Memento Mori без да знам дека е петта книга во серијалот за инспекторот Виктор Николов па решив да почнам од почеток и така стигнав до Виенски гамбит. Романот е навистина интригантен, на ниво на најдобрите светски трилери. Иако за мене приказната беше доста предвидлива, сепак романот беше возбудлив за читање и мислам дека претставува солидна основа за серијалот. Сега уште да си ги најдам и останатите книги.
Profile Image for Elizabeta Najdoska.
22 reviews2 followers
November 18, 2024
Неверојатен трилер, многу интересен и непредвидлив до самиот крај. Силно ја препорачувам книгата
Profile Image for Victoria Petrova.
4 reviews
May 4, 2025
Ако се махнат всички описания, който не допринасят с нищо към текста, освен да разсеят от така или иначе скучното действие, обемът на книгата ще намалее поне наполовина. Героите са плоски и предвидими, сюжетът - още повече, а познанията на автора за нещата, които описва, изглеждат повърхностни.
Profile Image for Ana.
51 reviews5 followers
May 12, 2020
Интересно четиво, задржува внимание. Очекуван тек на настаните, добро е што нема расплинување на приказната. Очекувам нови успешни дела од авторот.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books146 followers
July 9, 2021
Еден интересен трилер кој ќе ве одведе и прошета во Виена.

Моја оцена би било 4.5

Ми се допаѓа начинот на кој се одвиваат дијалозите, сработени се доста природно, што ги прави сите ликови пореални.
Profile Image for Biljana Martinovska.
13 reviews7 followers
Read
February 22, 2022
Има книги во кои влегувате во приказната и сѐ додека ја читате не излегувате од неа, затоа што ви е пријатно таму и не сакате да излезете. Има места кои ги посетувате, а не паметите што сте виделе, освен кога ќе ги погледнете фотографиите од истите. Но, со „Виенски гамбит“ на Анде Д.Јанков, со сигурност ги добивате двете задоволства, а притоа да не мора да се поместувате од вашето омилено катче за уживање.
Многу умешно, со стил на искусен раскажувач, нашиот Анде Јанков ве вовлекува во приказната и ве тера да читате, со нетрпение очекувајќи го следното поглавје.
Колку и да не верувате во случајности, заплетот во овој роман ќе ви го докаже сосема спротивното, затоа што токму една таква случајна средба ќе биде од суштинско значење за откривањето на клучот мистериозното убиство на младата девојка.
Колку можете да сте непристрасни кога член од вашето семејство е обвинет за убиство, а сите докази се против него? Колку можете да се држите понастрана од личноста со која штотуку сте ја поминале ноќта, а таа игра клучна улога во случајот? Можно ли е да не го познавате сопствениот брат?
Детективската задача е на ниво на шаховска игра, а ако сите фигури се на своето поле, не значи дека играта е во мирување. Тоа значи дека нешто се подготвува,а вие не сте способни да го видите. Играњето шах бара големо познавање на играта на противникот. Ако потезите на противникот ги предвидите и успеете навреме да реагирате, тогаш изненадувањето ќе биде на другата страна.
Токму во една таква игра влегува Виктор, инспектор по криминал и еден од главните ликови во романот, а неговата интелигенција и искуство му помагаат да предвиди ситуации кои другите околу него не ги гледаат на ист начин. Неговата способност и подготвеност да направи сѐ за својот брат, го водат во непредвидени замки, но истовремено и му отвораат нови аспекти на случајот, кој самиот го зема во свои раце, иако на непозната територија.
Навидум случајот е затворен и сите треба да се среќни и задоволни со тоа. Но, што ако вистинскиот убиец е на раб на лудило и е подготвен да жсртвува сѐ, затоа што нема веќе што да изгуби?
Ретстроспективното раскажување и нарацијата од различни агли во романот е она што му дава посебно интересна нишка на романот. Нема монотонија во приказната, туку само неизвесност, возбуда и нови моменти кои ставаат во позиција на исчекување на расплетот. Само пофални зборови за Анде, кој се чини допрва има уште многу да каже на ова поле!
1 review
February 1, 2021
Убаво освежување на македонската книжевна сцена. Трилер со убав заплет и опис на ликовите и настаните, има некои поситни недостатоци, но секако одлично четиво и препорачувам да се прочита и да му се даде шанса на овој млад автор.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
56 reviews3 followers
June 18, 2025
♟️Виенски Гамбит, Виенската партија – отворање во шах што започнува со одредени потези на одредени позиции, што значи жртвување на пион со цел да се добие подобра позиција.

📚Иако почнав од четвртата, па продолжив со петтата книга од серијалот, па се вратив на првата (однопачки нели🤫), прилично сум задоволна од она што го прочитав.👍

Па така, во оваа книга насловов не е ставен случајно , Виенски е дека дејството се одвива во Виена, а гамбит – затоа што ликовите во книгата прават потези, односно жртвуваат нешто како на пример морал, доверба, за да добијат нешто поважно, повредно како вистина, слобода или љубов. Книгата е за изборите и последиците.

Маестрално си го смисли насловот, нема што.👍

Е сега она што е важно откако ќе се прочита книгата е:

Дали одредено жртвување вреди за некоја можна добивка, или можеби поисправно е придобивка (не знам🤔)?

Дали можеш да избегаш од последиците на сопствениот избор, или сепак те стигнуваат без разлика на намерите кои ги имаш?

Дали гордоста или егото на ликовите ги турка кон тоа да станат “жртва“ или кон тоа да го направат правилниот избор?

И кога настанува прочистувањето – дали е тоа моментот кога се доживуваат емоционални растоварување со жал, страв или разбирање или кога се соочувате со вистината, промените или последиците од своите избори?

Прашања за Милион долари би рекла јас, ама во книгава според мене се суштинската дилема и се отсликуваат кај секој од ликовите во книгата.

Вреди ли тоа што Виктор Николов ја губи невиноста како рационален инспектор и станува дел од мрежа на емоции за да го спаси брат му? Можеби или ДА вреди, ама последиците се неговиот внатрешен мир. Неговата гордост – и како професионалец и како брат во романов е и како пречка и како мотивација. Верува дека морално е исправно да ја бара вистината, дури ако се докаже дека брат му е виновен, ама тоа го прави емоционално изолиран, ем го поттикнува, ем го прави ранлив. Прочистувањето настанува во моментот кога емотивно попушта и ја признава својата ранливост – инспекторот во него станува човек, брат. Сваќа дека не може да спаси сè и секого. Ниту вистината, ниту љубовта не се апсолутни.

Вреди ли тоа што Даниел не ја брани својата невиност доволно, што не се соочува со своите постапки и пропусти, како што треба еден невин човек да постапи иако што целиот негов живот се базира на лажна стабилност, како на пример работи нешто што не сака, има врска со жена што не е јасно дали го сака или само бара излез од нејзината ситуација. Поред мене НЕ, во секој случај. Неговата добивка е тоа што брат му можеби ќе го спаси, ама тој не прави никаква жртва, жртвата за него ја прави некој друг. Неговата гордост, неговото его е повредено и пасивно. Крие доста работи од семејството, ама во случајов неговото повредено его и пасивност се неговиот одбранбен механизам . Прочистувањето на Даниле е магливо, се случи немил настан и повеќе не може да се крие ниту зад улогата на жртва, ни зад улогата на уметник, ни зад улогата како брат. Ама сваќа дека молчењето и бегството од своите најблиски е исто толку одговорно како и дејствувањето. Ама иако сфаќа не преземе ништо, туку само чувствува вина. А тоа води кон прашањето – дали некои луѓе можат да се променат, сакаат ли да се променат?

Некои луѓе, како и некои од ликовите во книгава свесно играат гамбит, други се жртви на гамбитот, а трети одбиваат да учествуваат, ама сепак се вовлечени.
Жртвите не секогаш се невини, а хероите не секогаш се исправни.
Животот е сив, не ниту црн, ниту бел.
Вистината е болна, ама неопходна и вреди да се бара, дури по цената на личниот мир и спокој.
Изборот не е само во она што го правиш, туку и во она што го избегнуваш.
Последиците се често поголеми од предвиденото, но тие го обликуваат карактерот.
Profile Image for Rosana Rosi.
6 reviews
May 3, 2020
Мистерија, напнатост и заплет до самиот крај, исполнета со зрелост на авторот кој со ова модерно дело после "Едно лето на Крит", прави голем чекор и ни дава одлична приказна за почеток на серијалот кој наликува на филмско сценарио.

Прошетка и откривање детали од Виена, улиците на градот на музиката и зеленилото ви даваат чувство како да сте заедно со самите ликови додека тие трагаат по докази, по нешто со кое би се добил расплет на настаните, а понекогаш и се губат во хиризонтот каде ве оставаат да бидете замислени за она што следи со секоја нова свртена страница, без да трепнете ни за момент се до самиот крај.

Книгата читајќи ја веднаш од кога беше напишана во дигитален формат, а сега со ова непрекинато еднодневно читање и држење во рацете, со еден здив не ме остави да ја пуштам, а со тоа воедно и ми дозволи да ги запознаам детално и да се приврзам за ликовите во истата.

Препорака за сите кои сакаат ваков вид на трилери и со едно одлично кафе да се впуштат и да дознаат што нуди ова извонредно дело со самиот извонреден автор, а до следната ова дело ќе биде сигурно запаметено.

🧡💛
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
June 30, 2025
Кога читам некое дело сакам посебно да се нурнам низ страниците, авторот да ме однесе таму, да ги почувствувам ликовите како свои, да бидам дел од приказната. Сакам да сочувствувам со нив, преку речениците и приказните да бидам емпатичен за нивните судбини. А Анде го (на)прави токму тоа.

Првиот збор кој ми дојде на ум кога ја читав Виенски гамбит беше софистицирана. И е токму тоа, софистициран трилер кој го води читателот низ некои непознати струења на север. Интересен, тензичен, откровителен. Виктор и Даниел, како отцеп од нашето тло, фрлени во темнината на север, во Виена, која се чувствува низ секоја страница. Но не зла темнина, туку темнина која изнудува интерес, која те води, која те примамува и маѓепсува. Како модерен готски трилер попрскан низ тој град.

Како ја затворив последната страница, на ум ми дојде мелодија компонирана од Clint Mansell со наслов Dead Reckoning. И кога препрочитував делови од делото, тоа бавно крешендо исползуваше низ страниците за на крај да кулминира во домот каде почна сѐ. Анде ме натера да препишам мелодија на едно дело - што одамна се нема случено. Го правам тоа за свои напишани дела, но никогаш за други. А мелодијата се вклопи совршено, некој би рекол како неочекуван шах-мат, и за мене и за делото.
Clint Mansell - Dead Reckoning https://www.youtube.com/watch?v=QGhMl...

Ако квалитетот на Виенски Гамбит е ова, тогаш што да очекувам од останатите делови? Едвај чекам да се нурнам во живописниот свет кој ни го подари Анде, полн со вртлози од непредвидливост, квалитет, мистерија, љубов, пораки и софистицираност.

„Животот најчесто и нема смисла. Сите сакаме да веруваме дека работите се одвиваат по одредена универзална праведност, но, за жал, светот не функционира на тој начин. Сѐ што можеме да направиме е да го прифатиме таков каков што е, и да се обидеме да уживаме во она малку време што ни преостанува на оваа земја“.

Може 10 ѕвезди?
Profile Image for Ѓургица Костадиновска.
Author 4 books14 followers
November 28, 2023
По подолго време македонската книжевна сцена може да се пофали со вистински крими хит.

„Виенски гамбит“ поставува убава стартна позиција и подложен терен за ширење на приказната во серијал. Покрај детективската приказна која трпеливо и внимателно се изгради, интересно беше да се следи и сѐ што му се случува приватно на главниот протагонист Виктор Николов. Овие два наративи се испреплетуваат и го држат будно вниманието на читателот.

Плус, Анде нѐ прошета низ еден од најубавите градови во Европа со еден таков раскошен опис, што уште може да посакаме?
Profile Image for Biljana Jovanoski.
43 reviews3 followers
October 11, 2020
Прекрасно напишано. Уживав во секоја една реченица. Да, сфатив накај и како ќе тераат работите ама тоа воопшто не ми влијаеше на генералниот впечаток. Јас не сум од тие што по секоја цена сакаат само шокови и пресврти. Текот на приказната си беше логична и фино смислена, динамиката на раскажување како што одговара, без непотребно влечење. Пак ќе речам, стилот на пишување, филмски, ме погоди скроз.
Profile Image for Verica Ivanova.
20 reviews
January 16, 2024
Виенски Гамбит од Анде Јанков
Прв дел од крими-серијата за инспекторот Виктор Николов, кој ми остави многу добар впечаток на светско, а наше.
Интересен избор на местото за дејствие Виена, која е опишана на таков начин што мислиш дека си токму таму во моментот додека читаш; одличен приказ на ликовите, кои паралелно ги запознаваме во текот на приказната, едни преку самото дејство на приказната, а додека за ликот на Весна( жртвата) преку нејзиниот дневник.
Иако уште во старт претпоставив кој е можниот извршител на злосторството, тоа не ме спречи да уживам во читањето до самиот крај.
Едно големо БРАВО, се надевам и следните делови на оваа крими-серија за инспекторот Виктор Н. ќе ми остават убав впечаток и ќе уживам додека ги читам.
1 review
June 5, 2021
Odlicen triler, neizvesen do samiot kraj. Vozbudliva kniga koja ja procitav vo eden zdiv, ednostavno nemozev da ja ostavam za utresniot den. Ja preporacuvam!
Displaying 1 - 30 of 36 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.