„Знам дека нема да ми простиш и дека многу ќе те растажи оваа моја одлука, особено начинот што сум го избрала за да се разделам од тебе. Но, верувај ми дека повеќе не можев да гледам колку труд вложуваш за да ме направиш среќна. Но, исушеното дрво не може да разлиста и да процвета. Затоа те молам продолжи со животот. За секоја одлука што ќе ја донесеш во животот ја имаш мојата поддршка. Знај, мил мој, дека би била најсреќна доколку создадеш семејство. Тоа е највредното нешто за што човек вреди да се бори. Последно збогум, Бисера.“
Милијана Павловска има напишано 15 романи, а до сега Култура стои зад 10 издадени наслови. Павловска целиот работен век го поминала во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје како професор до 2000 година и како училишен педагог до пензионирањето во 2013 година. Милијана Павловска е добитник на Плакетата „Најчитан македонски автор“ за 2016 година во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.