Jump to ratings and reviews
Rate this book

Сопругата на детективот

Rate this book
1994 година: Лидија е млада девојка од фино семејство, кога го запознава малку постариот детектив Димитар и веднаш се вљубува во него. Не може да поверува колку е привлечен, колку е културен, колку е мажествен, а таа од друга страна, млада, наивна, неискусна. Кога тој покажува интерес за неа, просто не може да си поверува на среќата.

Но дали е сè така како што изгледа?

2014 година: Лидија е во затвор, а Димитар е мртов. Никој не знае што точно се случило. Таа на суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана, но никој не ѝ верува.

А можеби и не треба…

Семејна драма со голема доза на мистерија во која се испреплетуваат приказните на неколку затворенички, во стилот на легендарниот мјузикал Чикаго, и ве тераат да ги вртите страниците сè додека не дознаете како завршува секоја една од нив.

380 pages, Paperback

Published May 1, 2020

2 people are currently reading
69 people want to read

About the author

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
93 (53%)
4 stars
45 (26%)
3 stars
28 (16%)
2 stars
5 (2%)
1 star
2 (1%)
Displaying 1 - 18 of 18 reviews
Profile Image for Вики.
84 reviews
April 22, 2023
Останав без зборови кога ја прочитав последната страница. Книгата ја прочитав за два дена. Отпрвин кога ја прочитав кратката содржина и делот дека не треба да и се верува на Лидија, помислив на многу работи, дека можеби Димитар не е насилен, дека е обратната ситуација, но кога почнав да ја читам книгата и сфатив дека Димитар е насилникот, човекот кој постојано си ја тепа својата жена и е виновен за загубата на нероденото бебе, тогаш си помислив дека Лидија била во право што го убила после толку години поминати во страв... но дали е така?

Лидија во затворот се запознава со неколку затворенички и начинот на кој се запознаваме со нивните животни патишта за тоа како стасале на тоа место е причина да увидиме дека не треба да им судиме на луѓето за нивните избори, дека немаме право да ги напаѓаме за нивните постапки бидејќи во тој момент тоа им се чинило како најправилна одлука.
Profile Image for Monika Paloska.
17 reviews14 followers
October 14, 2020
Колкава љубов можеш да поседуваш? Колку шанси можеш да дадеш? Колку време можеш да издржиш? Колкава жртва можеш да поднесеш? Како девојка, како сопруга, како мајка, како жртва на крената рака, болен ум, емоционален манипулатор.

Во секој од нас се крие нешто,човек, ангел, ѓавол, чудовиште. Само наша е одлуката кое суштество ќе го негуваме и во што понатаму во животот ќе се претвориме.

Како да ги препознаеме манифестациите на овие суштества кај луѓето кои сакаат да ни се доближат? Особено оние кои во себе го развиле и вешто го кријат чудовиштето. Под таа маска на љубезност, слаткоречивост, топол поглед, нежен допир, приказни за тешко детство и потреба за сожалување Димитар со својата посесивност ќе ја фрли младата фризерка Лидија во оган. Долги 20 години мрак зад затворени врати, злоставување, закани по живот и по животот на нејзиниот син, тешки денови и уште потешки ноќи, празни ветувања и борба, неправда од законот само затоа што тој е од онаа страна на истиот, страв и болка. Една мајка ќе реши да стави крај на оваа тортура.

По оваа нејзина одлука следуваат приказните таму внатре, во Сперанза. Приказни на неколку жени, приказни за игри на судбината, приказни за уништени животи, многу интрига, перипетија, крв и неизвесност. Бидете храбри и дозволете им на Татјана, Вера, Емилија, Сандра, Сашка, Даниела и Мадам Мони да ви орозборат. Дозволете си да пуштите солза над човечките судбини, да сочувствувате со нив, да ги осудите или да ги сожалувате. Дозволете и на Лидија да победи, а на Мирјана Проданова да ви ја промени перцепцијата за животот зад решетки, за одлуките во животот, за доживувањето на врските и за мислењето за жртвите на семејно насилство. Последниве се нашето секојдневие...тоа може да биде продавачката во маркет, сосетката, некој што денес си го сретнал на улица, човекот што плаќал пред тебе во банка, наставничката на твоето дете или фризерката.

Извонредна must read книга која носи силна и јасна порака да не се молчи, да се собере храброст да се каже СТОП, да се каже НЕ...Не на насилство над жената, не на семејното насилство.
Profile Image for Ruzica.
19 reviews3 followers
October 8, 2020
Убаво смислена приказна, која ме остави без спиење. Делот со пријателските односи помеѓу затвореничките ми беше наивен, ама сепак генералниот впечаток ми е позитивен. Ликовите солидно портретирани. Приказните за затвореничките ми беа најинтересни, можев да се соживеам со секоја од нив и да сфатам зошто го направиле тоа што го направиле, па дури и Моника. Исто така, за Јововиќ еднаш се спомнува дека е психолог, после дека е психијатар, што мене како психолог малку ми бодеше очи и сфатив дека е всушност психолог, врз база на описот на неговата работа. Расплетот на крај ми беше шокантен, тотално не очекував дека ќе излезе така, што посебно ми се допадна.

Се надевам дека еден ќе гледам серија снимена по оваа книга, мислам дека би излегло одлично. 😊
Profile Image for Ana.
64 reviews2 followers
December 3, 2021
Предобра книга со одличен стил на пишување. Уште од првата страна те навлекува и не те остава да ја испуштиш од раце се додека не дознаеш се. Многу ми се допадна начинот на кој е смислена, темите кои се опфатени, дозата на мистерија и драма.
5/5 ⭐
.
.
.
Spoiler alert

.
.
.
.
Фактот што постојат луѓе како Димитар, на прв поглед совршени, а зад сето тоа такви монструми е застрашувачки. А уште полошо е тоа што често жртвите на таквите личности немаат каде да се обратат, како да се спасат и да избегаат од нивните манипулации и малтретирања. Димитар ме потсети на ликовите од Скриена во најмрачниот агол, Зад затворени врати и сите такви манипулатори и страшни ликови, кои со самото читање ми предизвикуваат вознемиреност. Чувствителна тема која многу добро е разработена.
Исто така приказните за затвореничките даваат добра порака дека се може да се промени во еден миг, како некој од успешен адвокат со сопствена фирма станува убиец, како со мало невнимание при возење на совест некој носи младо момче итн.
Одлично склопена книга за која многу може да се дискутира и со нетрпение очекувам и нова книга од авторката.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Емилија Анастасова.
Author 11 books31 followers
March 19, 2021
"Сопругата на детективот" - Mirjana Prodanova
Се вљубуваме во човекот од соништата, летаме во облаци, не мислиме на ништо друго освен на тоа да сме со "Принцот" од нашите соништа. Но, како тоа се случува, принцот, кавалерот, најголемиот џентлмен да стане садист, мачител и најголем страв за нас? Што тогаш? Кога сме биле слепи од љубов и не сме согледале со каков човек сме се омажиле? Кога ќе ни паднат "розевите наочари" од очите и ќе ја видеме реалноста?
Секој може да роди дете, ама дали секој може да биде родител? Дали раѓањето дете по автоматизам те прави родител? Дали понекогаш родителите не се најголемите непријатели за своето дете? Дали размислуваме како влијае нашето однесување на детето, зборовите кои му ги кажуваме? Дали сме свесни дека ние како родители дефинираме каков ќе биде животот на нашето дете?
Ова се сериозни теми и прашања за кои поттикнува на размислување оваа книга. И уште, дали само за нашиот лош карактер можеме да ги обвиниме само нашите родители или ние имаме одговорност да работиме свесно на себеси и своето однесување?
Јас од срце и честитам на Мирјана за оваа прекрасна книга, која е нејзино првенче и која ја напишала релативно млада, но книгата сведочи за нејзината зрелост и изграден книжевен стил.
Напишана е на лесен и разбирлив стил кој се чита лесно и држи внимание. Сериозни и претешки приказни се раскажани кои те поттикнуваат да се соживееш со ликовите и да размислиш за реални личности со слични судбини.
Лидија е главниот протагонист во книгата, која во самоодбрана го убива својот сопруг Димитар од кој цел живот трпи малтретирање. Завршува во затвор каде запознава нови пријателки. Жените за да ја охрабрат и поттикнат да не губи надеж, ги споделуваат своите животни приказни и причините зошто завршиле во затвор.
Оваа книга е еден мозаик на животни приказни на неколку жени.
Книгата е уште посилна, зашто раскажува за фиктивни приказни ама приказни кои се случуваат зад затворени врати во многу домови меѓу нашиот народ.
КНИГА која треба задолжително да се прочита.
Мирјана ти благодарам затоа што ја напиша оваа книга. ❤️
12 reviews1 follower
February 8, 2021
Книгата разработува една многу деликатна и осетлива тема која за жал е застапена насекаде околу нас. Станува збор за семејно насилство и данокот кој го зема. Но овој пат, жртва е самиот извршител односно сопругот , кого го убива неговата со години малтретирана жена Лидија. Лидија сама се пријавува и тврди дека го убила па затоа е приведена се додека не се донесе ослободителна пресуда. Товарот на докажување вина паѓа врз драг колега и пријател на нејзиниот сега мртов сопруг, па тоа е препрека плус до нејзината слобода. Во затворот склопува пријателства и ги дознава нивните мрачни дела. Но секое лице си има опачина. Секое делинквентно однесување има длабоки корени во детството. Тие деца најчесто се отфрлени, без мајчинска љубов и заштита, оставени сами против суровиот свет. И не секогаш го избираат правиот пат.
А ликот на Лидија, за жал го има насекаде околу нас. Таа може да е жената која ни продава наутро леб, онаа што се шета по улица или онаа што живее два спрата под нас.
Книгата има интересен пресврт на крајот, што воопшто не се очекува. Многу ми се допадна, уживав додека ја читав има заслужена 5ка ❤
1 review
December 20, 2020
3.5
Книгата е солидна, обработува многу специфична тема, ликовите се интересни, секој на свој начин е посебен и сите се убаво обработени. Тематиката посебно ми се допадна, бидејќи за жал семејното насилство е многу застапено во нашата земја, а не секоја жртва има храброст да го пријави, или уште полошо не секоја жртва го препознава. Добро е да се подигнува свеста за овој проблем.
Не ми се допадна тоа што авторот не истражувал доволно (особено во делот кај судската постапка и затворските процедури). Тој дел од книгата во многу мал дел се совпаѓа со македонското правосудство (на пример кај нас сведоците не се колнат во Библијата дека ќе ја зборуваат вистината и само вистината, тоа е американски модел и многу други вакви детали кои ми бодеа очи).
Исто така крајот беше многу лесно предвидлив (барем за мене).
Во секој случај, целосен впечаток за книгата е дека не е воопшто досадна, интересна е, авторот има богат речник и голем талент, со задоволство би прочитала идни книги од истиот автор.
This entire review has been hidden because of spoilers.
2 reviews
August 1, 2021
„Сопругата на детективот“ – Мирјана Проданова

Главната тематика која се содржи во романот е семејното насилство. Семејна драма со огромна доза на тајни, мистерии и болка. Низ оваа книга ве води главниот лик, хероината Лидија, која по долги години претрпено семејно насилство, го убива својот маж Димитар. Но, дали таа е убиецот? Каква животна судбина ќе доживее Лидија во затворот Сперанза? Во книгата ќе се запознаете со личности кои се доловени од близу и воедно, ќе ви предизвикаат мешавина од емоции, искомбинирани со прекрасен стил на пишување во две различни временски етапи. Едноставно, оставам на вас да ја прочитате книгата и да се воодушевите од ова ремек-дело на една нова и талентирана авторка, Мирјана Проданова.
Profile Image for Jovana A..
11 reviews2 followers
February 2, 2025
Одлично разработена приказна, продира длабоко во теми од реалноста, конкретно во: врска/брак со токсични партнери, семејно насилство, нефункционален систем за заштита на жртви, како и злоупотреба на позиција од моќ. Од друга страна големината на мајчината љубов, животот во затвор и колку може да ни значи поддршката.

Имаме судир на минатото со сегашноста, слично како во книгите на Сара Џио. Ликовите се прекрасно прикажани, преку кои сфаќаме колку минатото влијае врз нашата личност во сегашноста.

Уживав во читањето, ја прочитав буквално во 1 здив, но поради ликот на Моника и поради тоа што уште од самиот почеток го предвидов крајот, се одлучив за оваа оценка.
Profile Image for Verica Ivanova.
20 reviews
July 2, 2021
Сопругата на детективот - приказна која не е далеку од вистината, се случува за жал и некој, едноставно и немаат среќа да го преживеат тоа насилство како Лидија 😢 Не постои жена, маж, дете или било кое живо суштество на планетава кое е создадено за да биде малтретирано.
Profile Image for Cvetanka Solakova.
16 reviews
June 9, 2023
Прекрасна и непредвидлива до самиот крај. Топла препорака😍!
Displaying 1 - 18 of 18 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.