Калин со воз ќе замине во Италија, кај негов другар Виктор. Во воз ќе се сретне со старец Мартин. Дали и на кој начин ќе им се вкрстат патишта на Калин и Мартин? Низ какви патешествија ќе помине Калин во Италија? Дали конечно ќе ја дозна вистината за негови родители, макар и на смртта на Мартин? Зошто некои вистини ги премолчуваме до судниот час, а дотогаш успешно лажевме? Зарем не мислат луѓето дека кармата ќе ги пристигне, макар и задоцнето за нивните гревови? Или пак не веруваат во такво нешто, а сепак постои... Како понатаму ќе продолжи животот на Калин?
Добра приказна, само некако се сѐ случи во последните 5 страни. Некои делови од разговорите помеѓу ликовите ме потсетуваа на дијалози од народните приказни (што беше забавно :D) Имаше и некои предвидливи ситуации, но општиот впечаток: 3 ★