Jump to ratings and reviews
Rate this book

Тајната на Алексови

Rate this book
Алекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо. Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена.

Но, како што велат злобните соседи, семето на Алексови тешко фаќа, не вирее. По пет неплодни и страдални години, најпосле им се раѓа првата ќерка. Потоа, им се раѓа и втората. И третата… Алекса е изгорен за син и не го крие тоа, па Дафина е несреќна што не може да му го даде наследникот по кој тој толку копнее. Ова незадоволство дополнително го потпалува лошиот табиет на Алекса, па трите сестри почнуваат да живеат во страв од нивниот избувлив татко, обвинувајќи се себеси што не се тоа што тој најмногу го посакува. И баш кога помислуваат дека среќата конечно ќе им се насмевне, зад аголот чека ново страдање…

Семејна сага на три генерации жени; клопче од тајни, страдања и солзи.

335 pages, Paperback

Published January 1, 2020

3 people are currently reading
56 people want to read

About the author

Наде Стојилковиќ

3 books29 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
98 (45%)
4 stars
47 (21%)
3 stars
45 (20%)
2 stars
13 (6%)
1 star
12 (5%)
Displaying 1 - 22 of 22 reviews
Profile Image for Anchi.
413 reviews93 followers
July 29, 2020
Искрено ми се згади од "тајната". Ми го упропасти впечатокот за книгата кој и онака не беше нешто wow. Не ми се допадна книгава, премногу наликува на шпанска серија.
Profile Image for Monika.
204 reviews12 followers
August 31, 2020
За разлика од Ќерката на дрвосечачот која беше солидна емотивна приказна, Тајната на Алексови нема ни еден емотивен момент.
Целата книга наликува на репортажа во која се редат трагични настани, еден по друг, пренатрупани без потреба.
За секој лик се набројуваат трагедии, успеси, датуми како да се реферира некој извештај што, каде, кога се случило.
Ни еден лик не е опишан така да може да се соживеете и да верувате во неговата приказна.

Што се однесува до Тајната, воопшто не ми беше изненадување и е јасно што ќе биде уште пред 100тата страна. Завршетокот, а и целата книга за мене нема никаква поента ни порака.
Насекаде има многу пофалби за книгата, затоа и ја зедов да ја читам, но ова е објективен коментар.
Profile Image for Silvana.
238 reviews28 followers
July 14, 2020
Иако си ветив дека нема повеќе да читам тажни книги еве ме сета расплакана ја дочитав Тајната на Алексови. За книгата можам да дадам само пофалби, мајсторски напишана го води читателот напред назад низ времето. Оваа е книга за загубата, тагата, наоѓањето утеха на погрешен пат, пливањето низ животот како да е бурно море, упорноста и истрајноста.
Profile Image for  Ivana Oltovska.
590 reviews229 followers
January 14, 2023
Како прво сакам да кажам дека во Македонија има многу што сакаат да читаат книги и тоа е супер! Ама да се ругаат или навредуваат нашите писатели не чини воопшто... срамота за општеството наше...
Книгата може нема да биде бестселлер како Лајла Грејс ама има некоја уметничка вредност и почитувајте го тоа ве молам! Браво за Наде... И како за крај...
“Don't let the bastards grind you down.”
Profile Image for Jasminka.
459 reviews61 followers
May 7, 2023
Толку ја фалеа, толку убави зборови слушав, очекував навистина нешто што ќе ме трогне. Да, судбината на Алексови била тешка, толку несреќи се случиле, ама кај мене тоа не предизвика скоро па никакви чувства, освен сочуство со главните ликови. До стилот ќе да е, ама и до приказната, која ми беше неуверлива, предвидлива, а сепак очекував дека крајот можеби пријатно ќе ме изненади. Тајната која лесно можеше да се предвиди уште на почетокот толку не соодветствува со ликовите и со нивните постапки и пред и после што цело време си велев - Ма нема шанси, сигурно не е толку очигледно. А најмногу ме нервираа описите што секој лик носел од гардероба во скоро секоја прилика. И суеверието што преовладува во добар дел од книгата! И како сите Алексови се натпросечно интелигентни и сите со просек 10,00 завршуваат факултет, па и магистратура. На сите тие несреќи утеха наоѓаат во учењето кое ни малку не го занемаруваат. И да не откривам детали, и овие две ѕвезди (ај две и пол нека бидат) се за одвреме-навреме скоро поетичните описи на природата. И тоа што заради лесната приказна бргу се чита и всушност не е на одмет да се прочита. Едноставно, мене не ми „легна“.
Profile Image for Оливера.
7 reviews5 followers
May 8, 2021
Многу ми е жал за изгубеното време. Стил - почетнички, крајна безидејност (силување во првата книга, силување во втората книга, авторкaтa се чини дека е опседнатa со силувањa), еден куп нелогичности! Би бе замолила когa оценувате книга да бидетe искрени, особено оние со 5 ѕвездички! 5 ѕвездички за ваква книга? Нозете и беа криви како буквата О! За ова ли 5 ѕвездички! Сериозни сте? Или само и го храните егото на авторкaтa? Како и да е, јас завршив со авторкава, кога ќе ми се чита нешто во овој стил, ке читам некој автор кој знае да пишува!
8 reviews1 follower
August 3, 2020
Се мислев меѓу 1 и 2 ама ова е стварно антиталент писателка. Се прашувам дали издавачкиве куќи уопште ги читаат книгите пред да ги објават или да има нешто колку за објавување. Жал ми е, но ова е бетер од турска серија.
Profile Image for Jovana Stoilovska.
1 review4 followers
September 15, 2020
Префалена книга... Само да ви кажам тајната се открива уште во 100та страна... Аматерски пишувано... Се разочарав и од книгата и од писателката
43 reviews1 follower
June 24, 2021
Приказната како приказна, беше океј. Емотивен, драматичен материјал, буди чувство на емпатија и сочвство кон ликовите.

Начинот на распоредување на настаните беше во ред. Ништо револуционерно што имаше ретроспективи, кажувано од напред и од назад, целосно во ред... Беше интересно што опфаќаше повеќе периоди, дури и современиот.

НО, самото пишување... беше болно да се чита. Уште на првте 20 страни си реков дека е катастрофа и само продолжи да станува полошо.

Не сакав да престнам да ја читам затоа што по насловот, добив ветување за некоја тајна па сакав да ја откријам. Но ми беше навистина тешко да поминам преку изборот на зборови при раскажувањето.

Да издвојам неколку од работите што ми пречеа најмногу:
- употреба на исти епитети за исти работи. Не знам колку пати можеш или треба да ги опишеш истите очи како бадеми.
- пречесто повторување на реченици или фрази. При секое спомнување на некои од ликовите, во истата реченица стоеа нивните описи. Постојано и постојано беа потенцирани истите работи, користејќи ги исите зборови за најбанални работи.
- премногу описи. Од премногуте описи, на секој детел за секоја работа се нема прилика да се користи сопствената имагинација, да ги пополнуваш празните места на начин кој што ти сакаш. Авторката го има сето тоа сервирано за читателот, па на тој начин се губи шансата за создавање врска помеѓу него и книгата.
-недоследности.

Делото дава впечаток како никој да не го препрочитал пред печатење. За жал потрошен потенцијал на нешто што можело да биде фантастично.
Profile Image for Вики.
84 reviews
January 30, 2021
Три сестри... Секоја си е приказна сама по себе, но сепак сите три се испреплетени заедно... Мирјанка, Силвана и Ирма. Силве има тајна, која искрено јас ја претпоставив уште на почетокот и испадна дека бев во право. Секој си има свој вкус за читање, но мене приказната ме воодушеви, бидејќи некои нешта што им се случиле на сестрите можат да се случат и во реалниот свет на било која од нас. Толку многу тешки мигови низ кои поминуваат сестрите ама на крајот успеваат да се изборат со сè што им носи судбината.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
58 reviews4 followers
Read
January 4, 2026
Во оние моменти кога животот те удира најсилно, како камшик кој ја дере кожата со секој замавнат и нанесен удар, можеш ли да бидеш издржлив, можеш ли да преживееш, можеш ли да застанеш пак на нозе, а знаеш дека болката и тагата ти ги обликувале животот така да мораш, а не сакаш да живееш повеќе. Колку еден човек е издржлив, колку пати можеш да паднеш и пак да се крениш на нозе, колку тагата можеш да ја потискаш длабоко во себе?
Ова е една книга која не потсетува дека и во најлошите моменти, човекот продолжува да се бори, како знае и умее.
Неде, неколку пати ме натера да заплачам додека ја читав книгата, но бев среќна за тоа дека сите пак се собраа заедно. Сепак е битно едно сем��јство да е цело и какво и да е, треба да е заедно.
Profile Image for Keti Jordanoska.
8 reviews
July 21, 2020
Како и многу други можам да кажам едно големо БРАВО....Ја прочитав во еден здив..Се наежив од самата приказна..толку трогателна и преубава приказна....Толку многу ме потресе сто искрено и ме натажи и проронив и по некоја солза...
Profile Image for Ana.
64 reviews2 followers
August 2, 2020
Преубава книга која не можев да ја оставам, прекрасно дело и повторно Наде ме остави без зборови 😍
Profile Image for Loreta Kostovska.
87 reviews3 followers
February 13, 2023
После Ќерката на дрвосечачот очекував многу повеќе од оваа книга но можам да кажам дека навистина сум разочарана. Екстермното повторување на описите навистина ми го расипа читањето. Јас толку луѓе со сини очи немам видено во Македонија. Сите се витки, манекенки, со долги коси, паметни, натпросечно ителигентни. Завршувањето на домашните обврски е пренагласено и многу од фразите и описите мислам дека се напишани само да се потполни приказната без некаков допринос кон истата. Единствениот момент кој за кратко предизвика некаква емоција во мене беше соочувањето на Мирјанка со татко и после случувањето со Силвана. Добар избор на зборови кои навистина го прикажуваат гневот и разочарувањето кај еден прерано пораснат тинејџер кој конечно наоѓа сила да се спротивстави.
3 reviews
August 2, 2020
Spanska serija. Se izlazav po komentarite i petkite, ama samo sto doznav deka toa i bile prijatelki na avtorkata.
Profile Image for Anita.
42 reviews
August 7, 2020
[ Friday, August 7, 2020 22:54 ] Ane: Алекса и Дафина Алексови живеат среќен живот со трите ќерки, но и двајцата имаат желба за син. По трагедијата во која Алекса останува вдовец, животот во куќата целосно се менува. Тој се оддава на алкохолот, а најстарата ќерка Мирјанка ја презема одговорноста за домот и грижата за помалите сестри Силвана и Ирма. Но по една ужасна случка, во една дождлива вечер, едната сестра исчезнува и со себе ја носи Тајната на Алексови, која ќе се открие после неколку децении.
Сепак, книгава не беше тоа што очекував. И за разлика од Ќерката на дрвосечачот, оваа ме разочара.
Многу работи се нелогични (само колку за пример - во прологот Мирјанка пие кафе со својата блиска сосетка Вера со која 20 години се дружи, и ѝ раскажува за успесите на ќерка ѝ, за случките и новостите во семејството? Се обидува авторката да го оправда тоа со еден заклучок - дека Вера прашањата ги поставува затоа што Мирјанка многу сака да зборува за ќерка си. Но, во средина како нашава, уште во мало градче, каде се одвива дејствието, да не знаете ништо за некого со кого секој ден пиете кафе, се дружите, е тотално нелогично. Исто како што ми беше нелогично Мирјанка и Антон не се познаваат воопшто, а се староседелци во мало место во кое секој знае сè за секого, а Мирјанка е ќерка на најпознатиот трговец со кожи??)
Многу работи се беспотребно развлечени и опишувани, што навистина ја обременуваат книгата. Зошто е цело поглавје Злобни озборувања, Вртен камен дури 2 пати? Сето тоа можело лесно да се скоцка во едно или две од поглавјата кои се посветени на ликовите за кои се однесуваат со оглед дека низ цела книга поглавјата се именувани по ликовите). Во едно поглавје е даден детален опис на неколку ликови, што тотално ве збунува и нервира, а друга работа е што нема да запомните ништо од тоа.
Приказната (идејата) има потенцијал, но не е добро сработена и имам впечаток дека е избрзано напишана. Ѝ фали малку да се “стегне“, доработи и да биде топ. Тајната, која се открива во последните 10-15 страни од последното поглавје е толку млако фрлена, што не го оправдува насловот. Не дека такво нешто не е возможно, но сепак, не е едноставно и лесно дејствие кое може туку така да ѝ даде на книгата среќна завршница.
П.С. време е авторката да го исфрли зборчето „ТА“ при пишување. И во првата книга пречеше неговата честа употреба, ама не очекував и овде да се повтори (та, не е само таа.... та, нема да правиме слава и сл.)

Profile Image for Наташа Алексовска.
361 reviews10 followers
Read
April 22, 2022
Силвана, Ирма и Мирјанка трите сестри, коишто судбината ќе им ги помеша картите во животот. А, сепак една тајна. Која од нив трите ќе биде мистериозна личност што ја крие таа тајна со години во себе? Дали ќе се откри еднаш тајната на семејството Алексови и ќе може да се вратат на вистински пат како сложно семејство пред нивна разделба.
Profile Image for Alex.
12 reviews
July 16, 2020
Ќерката на дрвосечачот ме воодушеви, оваа дело ми беше просечно.
Profile Image for Verica Ivanova.
20 reviews
July 2, 2021
Прекрасна емотивна приказна за животот на трите сестри, кој е исполнет со тага, среќа, љубов и една мрачна тајна која ги разделува, за на крај повторно истата таа тајна да го обедине семејството Алексови
Displaying 1 - 22 of 22 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.