Како да живееш по смртта на своето дете и да се помириш со загубата?
Кога едно навидум безопасно фотографирање со змија ќе заврши кобно по животот на нејзиниот осумгодишен син, животот на Емилија се менува од корен. Оттогаш, болката се обидува да ја потисне со работата, јаде колку да се рече дека ставила нешто в уста, никаде не оди, со никого не се гледа. Таа едноставно, само постои.
И како да тоа не е доволно...
По десет години две жени се убиени на монструозен начин - каснати од змија, задушени со ќеса и истетовирани со тетоважа од змијска глава на рамото. При истрагата, главниот полициски инспектор Димитар Билбиловски доаѓа до запрепастувачко откритие: двете жртви на истото место ја имаат истата тетоважа што ја имал и одгледувачот на змијата кој бил осуден за убиство од небрежност на синот на Емилија пред една цела деценија. Дали и како се поврзани двата случаи? Тешко дека би погодиле и оние најстраствените љубители на трилерите и мистериите.
Уште една уникатна приказна која нема да ви дозволи да ја испуштите книгата од раце...
Змијарот е четвртата книга која ја прочитав од Александар и дефинитивно не е последна :) Одлична тема и уште подобар крај. За мене до сега најдобра од прочитаните.
Толку добро смислена и напишана книга и после толку претпоставки за миг помислив дека предвидов , но не, воопшто не го очекував тоа на крајот. Повторно ме остави без зборови. Браво 👏👏
Емилија е мајка на Лука кој има желба да се фотографира со змија околу неговиот врат ама тоа фотографирање на крајот завршува кобно. Човекот на кој е змијата е осуден но, тука ништо не завршува. По десет години две жени кои биле сведоци на настанот се убиени на ист начин. Инспекторот Димитар е задолжен за расветлување на случајот, тој бара совети од неговиот постар пензиониран колега Гораст. Кој е всушност виновникот ќе ве оставам да видите сами, напнато ми беше до самиот крај, одлична одлична мистерија и пресврт каков што никако не очекувате. Браво Ацко, големо браво за крајот кој остава простор за дискусија и можен втор дел.
Ma bravos Aleksandar...Kakov presvrt na nastanite....Wooow sekoja cest za napisanoto :) Kako i do sega prodolzete i ponatamu . Knigava me voodusevi kako i dr 3 knigi.
Како и секоја книга од Александар,така и оваа со неочекуван крај. Прекрасна приказна која ќе ве држи во неизвесност и крај кој што дефинитивно нема да го очекувате. Топло ја препорачувам!
,, Змијарот” топ како и претходните три, сомнежот кој го имав до самиот крај и се оствари, во смисла кој е можниот убиец и кој се би можел да е вмешан, ама мотивот пак не го погодив 😔, најбитно е дека уживав во читањето 😊 Браво Александар
Специфичен стил, краток роман со интересна приказна и уште поинтересен крај. Ја препорачувам ако сакате да одморите од тешки долги психолошки трилери а при тоа да не го смените омилениот жанр.
Многу напнато ,неизвесно како што веќе навикнав од авторот. Она на што не можам да навикнам колку и да сакам се оригиналните причини за убиства . И ако неразумните сакаат да ги решат работите по свое ,наоѓајќи се во незавидна ситуација, на крајот сепак не учат од сопствените грешки. Крајот фрапира.
This entire review has been hidden because of spoilers.