Jump to ratings and reviews
Rate this book

Куќата со жолта фасада

Rate this book
Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив. Ева повеќе не може да го замисли животот без Виктор, сè до оној момент кога ќе мора да научи да живее без него.

Приказна за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.

Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Книгата „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Живее и твори во родниот град.

272 pages, Paperback

Published August 5, 2020

2 people are currently reading
27 people want to read

About the author

Билјана Мартиновска е родена во струшкото село Драслајца, во 1977 година. Основно образование завршува во родното село, а гимназија во Струга. Дипломира на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, но внатрешниот порив за завршување на факултетот кој отсекогаш ѝ бил предизвик го исполнува подоцна со станување дипломиран професор по македонски и англиски јазик на Педагошкиот факултет во Битола.

Личност со зацртани цели во животот, која никогаш не се откажува од своите соништа. Посветена мајка и сопруга, со огромна љубов кон својата професија.

Читањето книги за неа е богатење на духот, а пишувањето нејзина огромна страст. Пишувањето го развива како хоби уште од мали нозе, за подоцна да стане дел од нејзиниот секојдневен живот и начин на изразување на себеси. Пишува за сѐ она што ѝ ја допира душата во текот на секојдневното битисување.

Учествувала на повеќе литературни конкурси низ нашата држава.

Своето прво литературно дело го издава во 2016 год. под наслов „Точка на враќање“. Во овој свој автобиографски роман инспирирана, односно мотивирана од едно лично искуство, таа пишува за себе и своите стравови после преживеаната несреќа. „Пишувањето за тој немил настан беше своевидна катарза за мојата личност, а поттикната од позитивните критики на сите оние кои го прочитаа романот, продолжив и понатаму да творам. Влегувањето во тој свет за мене значи богатење на сопствената духовност, не само како автор, туку и како личност“, вели авторката.

Романот „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Романот е инспириран од вистински настани, а е резултат на повеќегодишно истражување и консултации со стручни лица од областа на медицината и психологијата.

"Заборавениот куфер" е нејзината трета книга

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
40 (59%)
4 stars
13 (19%)
3 stars
11 (16%)
2 stars
3 (4%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 6 of 6 reviews
Profile Image for Денис Бојаров.
13 reviews21 followers
October 4, 2020
Кога влегувате во нова куќа, сѐ ви се чини ново. Нова приказна, нова љубов, нови спомени, ново засолниште... Нов живот. Колку подолго престојувате во неа, толку повеќе се приврзувате за неа. Таа од допадлива и убава станува дел од вас, од вашето срце, од вашите спомени и тешко ви паѓа доколку сте принудени да се преселите од неа, особено ако сте ја наполниле со многу радост.

Животна приказна на една жена по име Ева, која започнува непосредно пред нејзиниот осумнаесетти роденден. Таа патува на одмор во Турција со нејзините родители и тука ја запознава љубовта на својот живот. Љубов која секогаш и засекогаш ќе ја носи со и во себе, без оглед на околностите и кармата.

Приказната е составена од два дела. Првиот е убавиот период од животот на главниот протагонист, проследено со многу романтични мигови, а вториот е малку подраматичен, но поучен и полн со пораки упатени до читателот. Приказната иако се однесува на Ева, таа е раскажана низ призмата на три лика: Ева, Виктор и Уна. Останатите ликови се тука за да покажат кои ни се вистински и вечни пријатели, а кои само моментални или периодични. И, секако, да ѝ ги отворат очите на наивната Ева.

„Куќата со жолта фасада“ е дом на секоја силна, храбра и вљубена жена. На секоја мајка, која каде и да живее, домот ѝ е онаму каде што е нејзиното срце.
Домот е љубов, домот е куќа со жолта фасада. Каде ти е љубовта, таму ти е домот. Влезете во куќата и засолнете ја вашата љубов кон вашето семејство, особено љубовта кон вашите деца.
Profile Image for Elena.F.
10 reviews
August 26, 2020
Куќата со жолта фасада - Билјана Мартиновска

***

Изминатава недела престојував во оваа убава "куќа". 🏠

Уште пред да ја почнам книгава, очекував убава приказна, но како што напредував со читање, така сфаќав дека оваа книга ги надмина моите очекувања. И тоа многу.

Преубава книга за љубовта, и тоа во секој облик. Љубов на една жена кон својот избраник; љубов на една мајка кон своето чедо; љубов на детето кон својата мајка; пријателска љубов, но и болка... Толку многу болка, што дури и се прашуваме колку болка може да поднесе човековото срце.

Додека ја читав книгава, ми дојде една мисла т.е. нешто како заклучок, дека ова е едно книжевно дело во кое се собрани многу животни мудрости.
На моменти мораше да ја оставам и да здивнам од јачината на емоциите, толку моќно и сликовито прикажани.
Едноставно сочувствувате со ликовите, и нивната болка е и ваша болка, а нивната радост е и ваша радост.

Верувам дека долго ќе ја паметам оваа книга, а на сите кои сѐ уште ја немате прочитано, топло ви ја препорачувам.

Издание е на Бата прес.
1 review
November 12, 2020
Genijalna
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Наташа Алексовска.
360 reviews10 followers
Read
February 9, 2025
Ева на одмор во Турција ќе се запозна со Виктор. Но, дали секогаш животот оди по нашиот план? Што кога една пречка ќе ја урна таа убавина на животот како кула од карти? Како Ева кога ќе се најде во една таква ситуација ќе се справи со последиците од неа? Дали Ева може да започне нов почеток, исто како да не го запознала претходно Виктор?
Profile Image for Mihailo.
6 reviews
October 6, 2022
Постојат книги кои ти се допаѓаат. Постојат книги кои просто те воодушевуваат со безбројте емоции. Куќата со жолта фасада е ме воодушеви во секој поглед. Мајсторски стил, мајсторски создадена приказна што никого не остава рамнодушен. Секоја чест за авторката и со нетрпение ја очекувам нејзината следна книга! Инаку, нејзината прва книга, ТОчка на враќање, која ја прочитав втора (во издание на Бата прес), воопшто не наликува на првенче, туку на дело на веќе талентирана авторка.
Displaying 1 - 6 of 6 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.