Jump to ratings and reviews
Rate this book

Лето во кое те нема

Rate this book
„Лето во кое те нема“ е роман за внатрешните борби, за отуѓеноста меѓу партнерите, за истрајноста во барањето на вистината. Но, и роман за семејството и провинцијата.

Раскажан во прво лице, романот нѐ воведува во љубовниот триаголник меѓу тројца поранешни пријатели. Протагонистите, обидувајќи се да се ослободат од товарот на минатото, сфаќаат дека тоа е возможно само доколку се соочат со него. ‘Лето во кое те нема’ е отпор насочен кон лажниот морал и лагите што секојдневно ни се сервираат како неприкосновени вистини.

114 pages, Paperback

Published September 1, 2020

Loading...
Loading...

About the author

Петар Андоновски

8 books30 followers
Петар Андоновски е роден 1987 во Куманово. Студирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите “Ментален простор” (поезија, 2008), “Очи со боја на чевли” (роман, 2013). Неговиот роман “Очи со боја на чевли” беше во најтесен избор за Роман на годината на Утрински весник. Застапен е во антологијата Нов македонски хаику бран (СВП, 2011).

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
23 (35%)
4 stars
24 (36%)
3 stars
17 (26%)
2 stars
1 (1%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 8 of 8 reviews
Profile Image for Златко Стојковски.
89 reviews14 followers
September 23, 2020
Не сум многу упатен, но претпоставувам дека е ова првиот македонски квир роман. Не можам да речам дека не ми се допадна - Петар е мајстор кој одлично си го знае занаетот: дури и е восхитувачки колку промислено ја има вметнато секоја ситница токму онаму каде што треба, што подоцна одлично е опишано во извонредниот поговор од Оливера Ќорвезировска. Но, како и во неговите претходни романи, мене најискрено ми сметаат неговите ликови - тие се толку нереални, што дури не можеш ни да ги замислиш. Тука не можам да го кажам тоа за трите (ако може да се рече) главни лика, но секој спореден е како излезен од нечиј сон, само како силуети на некои не-овоземни битија. Нивните имиња се нереални, нивните ексцентрични постапки се уште понереални, нивниот концепт, воопшто, и суштината зошто се тие тука и такви, се несфатливи. Токму тоа ми ги прави неговите романи похерметични, не можам да се впуштам во таква интеракција како со романите на Фросина Пармаковска, на пример, каде сѐ е толку приземно, како да е излезено од мојот свет (секој нејзин лик го чувствувам како некој близок до мене). Кога читам роман на Петар, тоа е како некој сон, или како ликови од филм на Вуди Ален влезени во филм на Теренс Малик. Заради тие ликови кои како да не се од оваа планета (или барем не од ова поднебје од кое се друго е) не можев да уживам во целост и тука.

Но она што особено восхитува е што Петар Андоновски отвора едно поглавје во македонската книжевност, и се впушта низ едни води каде никогаш никој наш писател не пловел. Неговите теми не можат да бидат пооригинални од тоа што се и за тоа мора да му се честита. Па се надевам, и искрено посакувам, и покрај моите забелешки кои се веројатно само плод на моите лични преференци, дека „Лето во кое те нема“ ќе ги достигне и престигне успесите на „Телото во кое треба да се живее“ и „Страв од варвари“.
Profile Image for Petar Gjorgjioski.
44 reviews
January 9, 2021
(Подарок од прекрасната Катерина Котеска ❤️)

Доста возбудлив и интересен краток роман, љубовта покажана во поинакво светло што е несекојдневно за нашите автори.
Profile Image for Viktorija Zelnicki.
5 reviews8 followers
March 12, 2021
Според темпото и збиеноста, ова е повеќе новела/подолг расказ отколку роман - но, фала богу!
Дејството тече брзо, a останува интимно, чат пат нафрлува познати слики, сцени, извадоци од книги и раскази, намерно е будалесто до крај, со крајна цел - да не остави малку забезекнати, растроени, но се на се прилично паметно напишано.

Ја читав книгава пред некој месец, и со текот на времето, впечатокот ми е се подобар, а најважно - доста од штосовите во книгава остануваат и после читањето, пр. кога Владо цитира поезија качен на стол, или размисли од типот - "за неговите дела никогаш не пишував, а како да пишуваш објективна критика за некој што толку ти значи", итн, итн.
Profile Image for Kiki Kokosova.
61 reviews8 followers
June 15, 2021
За мене, тука се гледа голем напредок за разлика од претходните, уште од првите редови јазикот е мазен, многу пријатен за читање. Начинот на кој ја обработува оваа тема, љубов, е нежен и непосреден, многу ме потсети на Канингем. Супер!
Profile Image for Jasminka.
460 reviews61 followers
February 1, 2021
Прекрасен стил, реченици, осмислено до ситници ми се чини, оригиналност на ниво, посебно на овие наши простори, ама... едноставно не се најдовме на иста бранова должина. Не дека сум човек со многу предрасуди, ама едноставно, некои работи ми се премногу за соџвакување. Или можеби после одличната „Страв од варвари“ имав превисоки очекувања? А со душа ја чекав и си ја вдомив...
Profile Image for Ana Iljoska.
7 reviews1 follower
February 13, 2025
Првпат читам дело од овој автор. Ја купив книгата без да бидам свесна за квир аспектот на романот – тема што бара посебно внимание кога се внесува во книжевноста на нашиот јазик. Често и лесно вакви теми може да звучат на западно клише или пак да бидат хиперболизирани квир елементите. Сепак, бев пријатно изненадена.

Нарацијата е вешта, стилот спонтан и лесен за читање – книга што се соџвакува во едно седнување. Романот обработува психолошки меѓупартнерски, но и социјални теми на иселување и обид за заборав на корените. Авторот мајсторски нѐ вовлекува во магијата на еден туѓиот живот, но токму таа магија почнува да се губи кога нѐ запознава со споредните ликови, кои делуваат неавтентично во контекстот на романот.

Сепак, остава впечаток на интимна приказна што успева да го долови чувството на отуѓеност меѓу еден пар којшто можеби и никогаш вистински немал шанса да изгради поврзаност на сопствено тло, без туѓи темели.
Profile Image for Ivana.
55 reviews16 followers
April 20, 2025
Одамна немам прочитано книга на македонски, а оваа ја завршив во едно седење. Искрено, не бев фан на стилот на пишување, но доста интересни теми се раздлабочија во романов.

Пс. Прекул ми е кога автори спомнуваат специфични локации во Скопје во нивните книги, уште повивидно ми е замислувањето.
Displaying 1 - 8 of 8 reviews