Jump to ratings and reviews
Rate this book

Плачот на срната

Rate this book
Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат…

Но и покрај прекрасните чувства кои горат помеѓу нив, не можат да останат имуни на мистериозниот случај со исчезнатите девојки во нивното мало гратче, па наскоро се впуштаат во опасна истрага. Заплеткани во едно клопче од пресврти, многу емоции и возбудливи настани, средношколците се обидуваат да не потклекнат пред бурата што постепено се создава пред нивните очи.

„Плачот на срната“ е дебитантско дело кое изобилува со богати метафори, речиси допирливи емоции и раскошни детали. Делумно мистерија, делумно љубовна приказна во која ќе уживате до последната страница.

365 pages, Paperback

First published September 8, 2020

1 person is currently reading
49 people want to read

About the author

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
40 (44%)
4 stars
35 (38%)
3 stars
12 (13%)
2 stars
3 (3%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 15 of 15 reviews
Profile Image for Monika Paloska.
17 reviews14 followers
October 20, 2020
Почекав некој ден да ми слегне книгата, но некако уште ја чувствувам, ми остави длабоки емоции и разбуди некој немир и мрачни чувства уште од првата страница. Книгата многу ми се допадна иако во делот трилер очекував повеќе. Убиецот го предвидев и го погодив со самото негово спомнување во книгата. За трилер млако, али брате начинот на раскажување, сите тие описи, иако премногу описи толку сѐ тоа убаво вклопено, толку нежно, нема ништо нападно, ништо досадно, сексот умерен, опишан на еден невулгарен начин, значи од тој аспект совршено.
Аурора е средношколка која е растена во проблематично семејство со татко алкохоличар и мајка жртва на семејно насилство. Очајот ќе ја фрли во мракот на депресијата и меланхолијата, но еден врисок ќе ја врати на патот на животот кој вклучува борба до последен атом сила. Карактеристична со црвената коса и хетерохромија на очите се соочува со исмевање и навреди од врсниците. Кога еден ден ќе се најде во тесно поради тинејџерска караница во бегање ќе ја отвори вратата на училницата незнаејќи дека ја отвара вратата на својата судбина. Таму затрупан со сликарски платна седи тој. Алексеј. Сликарот кој со сопствените очи гледаше директно во очите од неговите сништа, очите на девојката кои реши да ги претстави на платно. Мислејќи дека сонот и цртежот ги поврзаа не се ни свесни дека она што ќе ги врзе еден за друг се три трагични настани. Исчезнувањата на три нивни врснички Марија, Моника и Вероника. Настаните кои ќе следат со секоја свртена страница ќе ви го задржуваат здивот во градите, а мрачното чувство ќе ви се враќа секогаш кога ќе помислите на книгава. Навидум наивната тинејџерска приказна крие јасна порака дека непријателот е тука блиску, само треба убаво да се загледаме околу нас и дека е најважно да се слушне гласот на детето и да се земе предвид она што тоа има да го каже.
Дело проткаено со уметност, длабоки емоции, познати цитати, уметнички дела, фанатизам, страста кон фотографиите, љубов, неправда, депресија, ладнокрвност, борбеност, психички растројства и вистинско пријателство.
Пак ке кажам уште ја чувствувам книгата длабоко во себе.
Profile Image for Емилија Анастасова.
Author 11 books31 followers
January 18, 2021
Најпрво да му честитам на Слаѓан, иако толку млад сепак напишал толку зрела книга. Преполна со метафорички описи и раскажувања, симболика и паралели. Многу добро изградена фабула која го држи вниманието на читателот. Умашно ја изградил приказната како искусен раскажувач, а не како некој на кој оваа книга му е дебитантна. Со еден збор Браво.
За содржината: Во сред мистериозните случувања во малиот град, каде во едно средно училиште исчезнуваат три девојќи кои се пронајдени убиени се среќаваат Аурора и Алексеј меѓу кои се разгорува љубов. Се впуштаат во опасна авантура да го откријат убиецот на девојќите. Дали ќе успеат во тоа и што ќе се случи...?
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
June 24, 2025
Ова дело како да било отцепено од минатото наше, од едно подзаборавено детство, од некои времиња кои ги оставивме, за да се оставиме себеси и продадеме евтино. За да се заборавиме. А Слаѓан нѐ враќа назад. Не враќа кон невиноста на некои други времиња. Нѐ враќа дома.

Зошто тоа го велам? Затоа што приказната за сликарот и црвенокосата не е само обична драма, мистерија, романса. Тоа е изронет дел од златните времиња на кинематографијата и книжевноста, кој дел сите нас нѐ научи како да се љубат тие уметности.

Црвенокосата и сликарот. Таа е спасена од нејзиниот миленик, а тој е спасен од нејзините очи. А таа не е само црвенокоса, а тој не е само сликар. Двајцата се надополнувања свои од еден откинат систем, каде се сошиени семејното насилство, тајните на општеството, педофилијата на изопачениот ум, булингот, лагите и молчењата.

Готски елементи, трагични ликови, величствени приказни. Мислиш читаш (гледаш) квалитет налик Now and Then, Donnie Darko, Scream; мислиш со секоја сцена слушаш мелодии од едно поедноставно време. Авторот те пренесува во еден свет каде маестрално и на посебен и уникатен начин се исткаени уметноста, музиката, литературата, борбеноста, истрајноста, мистеријата, плачот (на срната).

После исчезнувањето на три девојки во малиот град кој со самото негово име е предвесник на сенката која се крие и доаѓа, „златната четворка“ оди во потрага по одговори. Се соочува со сопствени падови и демони, игра паралелни улоги, чекори по слични патеки. Тоа што Аурора (поларната светлина во нејзините очи отсликувајќи близнаци кои се исти а сепак различни) го доживува дома, го завршува на крајот со крешендо од емоции и дела. Нејзината коса не е црвена само по горчливата крв која ја следи, туку и поради мистичноста на срната која ја носи истата боја во своето крзно. Плачот не е само на Аурора, плачот е на сите оние допрени од злокобноста на педофилијата и семејното насилство. А Слаѓан не само што ни го доближи тоа на сиров и суров начин, туку и ни даде надеж. Како што само тој знае како треба и колку треба.

Слаѓан флертува со зборовите, ги љуби речениците, прегрнува совршени посебности. Неговите параграфи те изненадуваат со секоја следна реченица од тоа колку се прекрасно оживеани, како поезија, како мелодија. Кога напиша „Ги пијам солзите на Исус“, јас се скршив. Кога напиша „Знаеш, отсекогаш сум посакувала луѓето вечно да се движат помеѓу дваесеттата и триесеттата година од животот – тоа според мене е најубавиот период, нели?“, јас се уништив.

Ми рече ти драг Слаѓане, дека „книгите секогаш си ги наоѓаат читателите“ и така бидна. Пред една година истото ми го кажа и една моја драга личност од Оксфорд кога првпат ѝ објаснив што впрочем е „Безсловен“. Како да знаел универзумот дека приказните ни се толку слични, нѐ предизвика за себеси да се предизвикаме со нови соголувања. И можеби да се излечиме уште повеќе. Во Ана ја видов мајка ми, во Аурора себеси, во останатите останати мои блиски и далечни. Приказните се раскажуваат за да одекнат низ вечноста, и да се најдат една со друга. Само ваков вид на дела ќе останат.

„Плачот на срната“ ја купив одамна и некако не се чувствував подготвен да ја прочитам. И реков дека ќе ми треба повеќе време да ја прочитам, ама оставив сѐ и дозволив да ме убие и повторно оживее. А сега знам зошто. Требало сега. За Слаѓан да ми даде надеж која ја бев изгубил периодов, дека добрината е најважна од сѐ.

Ти кажав еднаш, и ќе ти повторам уште еднаш. Не престанувај да твориш. Не престанувај да ни подаруваш вакви уметнички дела. Не престанувај да бидеш добар, љубовен, светол – има веќе многу темнина, дури и во овие книжевни кругови во кои не очекував дека би имало. Осветлувај нѐ Слаѓане, како аурора бореалис, како нејзината хетерохромија, маѓепсувај нѐ – мистично и вечно.
Profile Image for Ana.
64 reviews2 followers
November 14, 2021
Преубава книга, преубав стил на пишување, уживав во секоја страна. Многу ми се допадна како се изградени ликовите, како се поврзуваат меѓу себе, како е прикажана чистата и силна љубов. Го обожавам и преплетувањето со уметноста, преубавите насликани дела и убавината на природата. Исто така и начинот на кој е испреплетена мистеријата за исчезнатите девојки и тензијата при разрешувањето на истата.
Со нетрпение очекувам и следно дело на Слаѓан, браво 😍
.
Еден од моите омилени делови:
🌅" Знаеш како уметниците го нарекуваат овој момент на заоѓање на сонцето?"
"Како? " тивко праша Аурора, впивајќи го небесниот сјај на последните сончеви зраци.
"Златниот час" ,одговори сликарот и ја стави раката на рамото на девојката " The golden hour" 🌅
Profile Image for Marina.
20 reviews5 followers
January 6, 2022
Книга за која многу се зборува и која одамна ја посакував.
Првенче на нашиот млад и талентиран автор Слаѓан, за кое давам топла препорака!
Од насловот очекував љубовна приказна, и почетокот ме наведе дека сум била во право, но како течеа настаните, така растеше изненадувањето, воодушевувањето, ме преплавија емоции, толку многу неочекувани пресврти, мистерија до самиот крај.

Столот на пишување е фасцинантен, зрел, ликовите се одлично доловени, настаните се умешно насликани, приказната во целина изобилува со метафори и држи внимание од прва до последна страница. Одличн�� книга, умешен спој на љубовна драма, мистерија, трилер.

Во центарот на настаните е средбата на тинејџерите Аурора и Алексеј и раѓањето на нивната прва младешка љубов. Но она што е во сржта на истите се нарушени семејни односи, дистинкционален брак и последиците на истото врз децата, тинејџерската депресија, средношколските друштвени кланови, врсничко насилство, однос ученик - професор - многу длабоки и значајни теми за кои треба гласно да се зборува.

Аурора е кревка, нежна, повредена, разочарана.. Тинејџерка која размислува како да го оконча своето страдање кое е производ на ужасниот брак на нејзиниот насилен татко пијаница и нејзината мајка која е слаба, немоќна, поттчината.
Алексеј е талентиран и надежен сликар, кој пати по својот татко, секогаш отсутен, чија кариера е пред сѐ друго. Повелечен, затворен, депресивен... таков ја запознава Аурора и таа нивна средба е како мелем за нивните ранети срца.
Нивната љубов се раѓа во време додека нивното мало гратче е запрепастено од грозоморен настан - три девојќи од нивното училиште се исчезнати и пронајдени мртви.
Додека ни полицијата нема никаква трага, сите се осомничени и никому не смее да му се верува, се наметнуваат две неминовни прашања - кој е монструпзниот убиец и уште пострашно - која е следната жртва?!

Одлично дебитантско дело! Слаѓан, секоја чест!
154 reviews
January 15, 2021
Оценката 4 е исклучиво заради трудот и фантазијата да се напише книгата. Лично, не сум голем љубител на young-adult жанрот, но со оглед на младоста на авторот не очекувам да пишува поинаку. Тоа не е критика, туку е пофалба за ваков успех на млади години. Ќе речам дека книгата ја чувствував како поделена на два дела, каде во првиот цело време читам како се развива романсата помеѓу двата лика Алексеј и Аурора, а во вториот како да читам крими мистерија. Затоа во првиот дел малку ми стана и искрено досадно, бидејќи очекував развој на настани поврзани со стилот мистерија, но читав само за младешка љубов. Пет ѕвезди нема да дадам, затоа што многу рано сфатив дека професорот Томас е убиецот, воглавно бидејќи книгата не изобилува со сомнителни ликови кои ќе ни го одвлечат вниманието од вистинскиот убиец. Крајниот заклучок е дека кажувам едно големо браво за прва книга, за успех на истата и голема почит во секој аспект независно од критиката. Годините се пред авторот во кои сигурна сум дека ќе се развие повеќе во стилот на пишување и ќе созрее авторски, бидејќи неговата прва книга сепак ветува на тоа поле.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Grcheva Viktorija.
37 reviews1 follower
July 12, 2025


"Ако во светот нема љубов, тогаш се е илузија и монотонија."

"Ти си уметник на својот живот.Немој да ја даваш четката на некој друг.Секогаш барај ја светлата боја во црнината на животот..."

Прекрасна приказна која нема да ја испуштите од раце се додека не ја прочитате до крај.Зошто животот е суров или подобро кажано зошто луѓето се толку сурови? Тие одново и одново мораат да ни го скршат срцето.Дај му го срцето на некое животинче и тоа никогаш нема да ти го скрши.

Алексиј е страствен и талентиран сликар на кој му претстои блескава кариера.Тој е момче со прекрасна душа,чуден,а понекогаш и осамен.Скршен од болка по исчезнатата пријателка која нејвероватно е жртва на серискиот убиец.Досега веќе се трага по три изчезнати девојки од нивното училиште,тага болка и неизвесност со денови.Каде се девојките???

Аурора прекрасна црвенокоса девојка со мачкини очи кое живее во проблематично семејство,нејзиниот таткото алкохоличар кој цел живот ја малтретира мајка и,а вооедно и неа.Таа во својот живот се чувствува толку осамена што не и се живее.Во тој нејзин осамен свет ги има само музиката, книгите и нејзиниот мачор.

Еден чуден сон,еден прекрасен цртеж и една средба им ги променува животите засекогаш.Тие двајца се сродни души кои се поврзуваат на чуден начин и од тогаш стануваат неразделни.Тие не можат да останат имуни на случувањата околу нив,па не верувајќи и на полицијата се впуштаат во истрага за исчезнатите девојки не размислувајќи дека тоа може да ги чини живот.Понекогаш убиецот е тој со најубава насмевка,најубави зборови и најшармантен изглед.Тој толку невин човек што е толку близу до нас,а ние не можеме ни да претпоставиме дека е тој.

"Не можеме да прескокнеме некое поглавје во нашите животи,мораш да го прочиташ секој ред,секоја буква...Некои поглавја ќе не расплачат,а други ќе не возбудат или развеселат.Можеби ќе сакаш да прескокнеш некоја страница,но тоа е невозможно нели? Ќе читаш за нешта што не ти се допаѓаат ,ќе се соживуваш со настаните.Но мораш да продолжиш понатаму.Таков е животот."

"Да се биде човек меѓу луѓето и да се остане таков без разлика на каква било несреќа ,тоа е целта на животот."

Ќе успеат ли овие прекрасни лика да ги преживеат ужасите во нивните животи и да го откријат убиецот ве оставам да откриете.
Од срце ви ја препорачувам, од мене чиста
10+++ ја причитав во еден здив.
Profile Image for Наташа Алексовска.
358 reviews10 followers
March 20, 2021
Секој човек е една повредена срна, од било кој агол да погледнавме. А, солзи - негов заштитен знак. Но, што ќе се случи откако еден сон може да биде претворен во реалност еден ден? Понекогаш, несвесно ги занемариме нашите соништа коишто ни се најдобар патоказ во животот. Или, пак недоволно ги сфативме, како и да било, сеедно е.

По игра на судбината ќе се запознаат Алексеј и Аурора. Уште од самиот почеток кај Алексеј ќе почнат да пулсираат тие љубовни вибрации, а можеби и кај Аурора, хм... Понекогаш, можеби токму поради тоа што имаме било каков здравствен проблем, не прави посебни. Ние ќе познале да направевме самите на себе сосем погрешна слика од вистинска. Баш поради тој недостаток ќе биде пронајден некој човек што ќе не засака како такви. Впрочем, како што е случајот со Аурора којашто има хетерохромија, т.е. двете очи и имаат различна боја.

Но, двајцата ќе ги шокира веста за трите исчезнати ученички од нивното училиште. Што ќе направат тие двајцата со нивните другари во истрага за самите ученички? Низ какви маки ќе биде потребно да поминат за да пристигнат до целта? Овде таа ќе биде откривање на главни виновници? Дали ќе успеат и со каков исход ќе биде нивна истрага? Само упорните и оние коишто никогаш не ќе се откажат и покрај сите пречки ќе пристигнат на врвот.
Profile Image for Вики.
84 reviews
May 18, 2023
Ммм... работи што не можеш да ги купиш со пари? Па, тоа би биле: време, среќа, пријатели, соништа, надеж, љубов и... здравје.

Овој е цитатот од книгата што ми остави впечаток, и што е вистинит. Оваа книга е и љубовна приказна, но и мистерија. Аурора е црвенокоса убавица, што обожава да си го минува времето задлабочена во некоја книга и со својот мачор Бонго, а Алексеј е талентиран сликар, но страда заради исчезнувањето на својата најблиска пријателка. Мистериозноста на приказната е тоа што покрај неа, исчезнуваат уште две девојки. И Аурора и Алексеј се повлечени, и по некоја случајност се запознаваат и меѓу нив се раѓа љубов. Со секоја страница што ја читате, вие се нурнувате во приказната за Алексеј и Аурора и нивните животи, и полека откривате на што сè се спремни за да ја дознаат вистината за исчезнатите девојки.
3 reviews
November 22, 2020
Прекрасно дебитантско дело! Толку емоции, пресврти, богати метафори...
Многу добар спој на романса, драма, мистерија/трилер, со многу цитати,
музика, уметност... Дефинитивно вреди да се прочита, браво!
Profile Image for Keti Jordanoska.
8 reviews
September 28, 2020
Sto da pisam , a da ne zgresam....Woow sekoja cest ! Prekrasno i vozbudlivo delo koe ne me ostavi da fo ispustam od race do samiot kraj.Prodolzete samo vaka .
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
56 reviews3 followers
May 12, 2025
Книга преполна со чувстава, книга која ги будии твоите чувства, книга која ти ја полни душата и не те остава да оставиш. Книга која сакаш што побрзо да ја прочиташ, а не сакаш читањето за заврши. Прекрасна.
Profile Image for Ana.
51 reviews5 followers
June 4, 2023
Како за прва книга од овој автор - солидно. Да се поработи на стилот на пишување, описите се добри, ама на моменти и премногу ги има. Може да се каже дека е добар обид за мистерија, ама убаво би било да не е толку предвидлив крајот. Има простор за подобрување, се надевам дека ќе има и други дела.
Displaying 1 - 15 of 15 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.