Jump to ratings and reviews
Rate this book

Балканвавилонци

Rate this book
Романот „Балканвавилонци“ е кулминативна точка на долгата романескна низа (балканска сага) на Луан Старова. Станува збор за комплексно, слоевито и ерудитивно дело кое може да се нарече, роман-енциклопедија, роман-библиотека, или роман-океан. Благодарение на спокојното и минуциозно водената нарација, во која се вткаени вешто портретираните ликови на двајца интелектуалци Таткото и Климент Камилски, како и на нивните фасцинантни разговори и духовни хоризонти, читателот е исправен пред невралгичните пунктови на балканската културна и јазична историја, како и пред лавиринтите на балканскиот менталитет и сензибилитет. Суптилно реферирајќи на некои од стожерните библиски митови (пред се, легендата за Вавилонската кула), асоцирајќи на шармот на Платоновите дијалози во кои соговорниците ги вкрстуваат аргументите и светогледите, како и надоврзувајќи се на некои од клучните столбови на европската романескна традиција (пред се, Сервантес и Флобер), Луан Старова создал интелектуално заводливо, епски кохерентно и драматично четиво за културните проникнувања меѓу балканските народи, засведочени во јазичното наследство

496 pages, Hardcover

Published January 1, 2014

1 person is currently reading
14 people want to read

About the author

Луан Старова

15 books1 follower
Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945 година во Скопје. Основно образование завршил во „Гоце Делчев“ во Скопје, а гимназија во „Јосип Броз Тито“. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето, во 1967 година, се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Постдипломски студии учел во Загреб, каде го одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“ На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 година бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 година во Загреб ја одбранил докторската дисертација. Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Редовен член е на МАНУ од 2003 година.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 ноември“ на Скопје, републичката награда „11 октомври“, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, а добитник е и на државната награда „Климент Охридски“ и други. Од 2006 година е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“. На 28 април 2015 година на Старова му била врачена наградата „Роман на годината“ што ја доделува „Утрински весник“. Наградата му била доделена за романот „Балканвавилонци“, објавена од МАНУ.

Творештво:

Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

Луѓе и мостови (1971)
Kutijtë e pranvëres (1971)
Barikadat e kohës (1976)
Доближувања (1977)
Релации (1982)
Кинеска пролет (1984)
Пријатели (1986)
Континуитети (1988)
Митска птица (1991)
Песни од Картагина (1991)
Мостот на љубовта (1992)
Татковите книги (1992)
Време на козите (1993)
Балкански клуч (1995)
Француски книжевни студии – 20 век (1995)
Атеистички музеј (1997)
Пресадена земја (1998)
Патот на јагулите (2000)
Тврдина на јагулите (2002)
Балкански жртвен јарец (2003)
Ервехе – книга за една мајка (2005)
Љубовта на генералот (2008)
Потрага по Елен Лејбовиц (2008)
Амбасади (2009)
Нови Амбасади (2011)
Граница (2014)
Балканвавилонци (2014)
Враќањето на козите (2016)
Полифонисти (2016)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
2 (100%)
4 stars
0 (0%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.