Што ако дознаеш дека целиот твој живот досега бил само една ГОЛЕМА лага?
Маја, млада девојка со уметничка душа живее растргната помеѓу темните сенки од рамнодушноста на својот татко Кристијан, се поголемите чудни илузии во нејзината глава наметнати од нејзината психички пореметена баба Зорица и спомените од својата прерано почината мајка. Не поминува ни ден, ниту пак ноќ, а таа да не си го поставува прашањето што толку одамна ја измачува, всушност откако знае за самата себе.
Зошто еден татко НЕ би ја сакал својата единствена ќерка?
Една од навидум неповрзаните илузии споменати од нејзината баба ќе ја натера да се впушти во жестока потрага по вистината проследена со исто толкав жесток страв од се она што би можела да го дознае. Но, кога ќе открие една навистина шокантна тајна, таа ќе сфати дека некои нејзини прашања е подобро засекогаш да останале неодговорени. Оваа динамична книга исполнета со неочекувани пресврти со гаранција ќе ве држи во неизвесност до последната страница, а крајот е таков што не би можел да го предвиди никој дури и во своите најморничави соништа.
Никогаш не треба да се плашиш од неа. Никогаш не треба да имаш страв од вистината. Фразата е охрабрувачка, ама од ваква вистина да не се плашиш е огромен предизвик. Александар како ли се сети на ова ?
Креативност, драма, романса, трилер и мистерија. Сепак за среќа морето ме смири од шоковите кои ми ги приреди авторот.
Секое семејство крие некоја тајна што никој не смее да ја дознае, но што ќе се случи кога таа тајна ќе почне да се раскопува во длабочина и ќе испадне на виделина. Дали тоа ќе значи крај за една семејна идила или нов почеток. Маја студент на Академијата за уметност, а воедно и главниот лик во делото уште од самиот старт на книгата е разочарана од односот на нејзиниот татко и се обидува да дознае зошто тој има ладен однос спрема нејзе и зошто никогаш не се поставил како нејзин вистински родител. И покрај забраната од нејзиниот татко, таа заминува во посета на нејзината луда баба каде што ќе дознае дека нејзината мајка е жива. Маја се соочува со нејзиниот татко, но тој не сака да и открие ништо. Согледувајќи дека нема ништо да дознае од нејзиниот татко кој постојано ја употребува добро познатата реченица "Не е твоја работа", Маја по совет од нејзиниот колега Марко ќе ангажира приватен детектив.
Навлегувајќи се подлабоко во сршта на проблемот таа ќе се покае што воопшто сакала да ја открие вистината. А за да дознаете зошто таа толку ќе биде шокирана од сознанијата и кои пресврти ќе се случат во целиот процес прочитајте и дознајте.
Каков само крај, неверојатно. Бравос Александар, во тебе има голем потенцијал, верувам дека твоите следни книги ќе бидат уште подобри. Од мене голем ,,ветер во грб" за тебе, секоја чест.
По оваа книга не можев да прочитам ништо речиси цел месец, комплетно ме зароби приказната за Маја, нејзиниот татко и нејзината баба односно... Ќе си премолчам овде, сума сумарум, воодушевена сум!
Трогателна животна приказна која ме потресе, приказна од која се згрозив..Знаев дека Александар има нешто шокантно спремено,ама не верував дека толку ќе се потресам од крајот..Се чита во еден здив..
Понекогаш вистината е поболна и од самата смрт.Но дали би можеле да живееме цел живот во "СТРАВ ОД ВИСТИНАТА" ?
Маја е прекрасна девојка која живее за умерноста,таа има се што ќе посака.Но не и најважното љубовта на својот татко,бидејќи само тој и останал во животот.Мајка и починала на денот на пораѓајот и таа никогаш ја немала ни запознаено.Баба и Зорица цел живот откако Маја знае за себе го поминала во психијатриска клиника.Бабата има некои свои илиќузии и демони со кои секојдневно се дружи и живее во некој свој имагинарен свет.
Татко и на Маја воопшто не и обрнува внимание,тој не ја ни сака,но зошто? Маја ќе тргне по илузиите на својата баба и ќе почне да копа по минатото и да ја бара вистината. Дали целиот нејзин живот бил само една огромна лага? Што се крие зад суровоста на нејзиниот татко?
Некои вистини заслужуваат да бидат закопани на дното на најдлабокиот океан,бидејќи секое нивно откопување може да предизвика такво цунами што не секој може да го преживее. И прашање е кој би можел да го преживее. Или ќе исплива на површината носејќи се со суровата вистина низ животот или ќе потоне во СТРАВ ОД ВИСТИНАТА и ќе се закопа на дното на океанот заедно со неа.Не сите луѓе имаат совршени судбини,не осудувајте,туку подадете рака таму каде што е потребно.
Каков шокантен крај ве очекува и што крие таткото на Маја ве оставам да откриете.Обавезно да си ја прочитате.
Еве една мала кратка рецензија за Страв од Најлошото.
Александар Николовски е млад автор кој досега има издадено неколку книги. Ова ми е првата прочитана од него, ама после ова, веднаш преминувам на другите. Ме тресна од земја! А кога ќе ми текне дека ова мало книгиче ми седеше пола година на полица...
Ова е приказна за Маја, една млада девојка која навидум има се, а всушност нема ништо. Таа расте со својот богат татко, но никогаш не ја добива љубовта од него. Нејзината мајка е почината, а баба и е во психијатриска болница. Животот во луксуз не и значи апсолутно ништо кога ја нема толку потребната љубов.
При една посета на баба и, Маја открива нешто шокантно. Нејзината мајка која починала на породувањето, е жива! Тоа го тврди нејзината психички пореметена баба!
Може ли да и се верува на старата жена? Ако е навистина жива, каде е? Зошто не ја побарала досега? Има ли вистина во зборовите на бабата?
Кога ја завршив книгава за час и половина, останав со отворена уста! Е, ваков пресврт навистина не очекував, ни во најлудиот кошмар! Аце, ти симнувам капа! Мајсторски си ја напишал! Кратко, а преполно со пресврти. Буквално ме остави без зборови! На изборот на ликови и пресврти можат да му позавидат и крими писатели од светски ранг. Единствена маана, кратко! Приказната можеше да биде малку подолга. Ама ова е само мое мислење. Дефинитивно, автор во подем, баш она светско, а наше! Препорачувам од срце!
За мене еден од најслабите романи на авторот. Самата приказна е веќе видена и прочитана, недостига неговиот жар за добра тема која ќе го задржи вниманието од почеток до крај. Ја осетив како книга за тинајџери, со повторување на одредени делови, и и недостигаше онаа препознатлива тензија која ја пронајдов во преходните негови романи. Романот не го преставува и не го прави добар само неговиот „бомбастичен„ крај ( кој уште на почетокот знаев како ќе заврши). За мене добра книга преставува онаа која од самиот почеток ќе го задржи моето внимание, ќе ме воодушеви со текот на случувањата, ќе има одредени логичности во самата приказна и ќе ме натера да си преставам слика за лицата и околината.