"Областа на книжевната фантастика е допирана само маргинално во досегашните изучувања на македонската книжевност. Во тој поглед книгата на Лидија Капушевска-Дракулевска е прво комплетно и комплексно истражување на феноменот во ваков обем кај нас." - Акад. д-р Влада Урошевиќ
"Трудот не е само панорамски приказ, туку вистинска мапа со сите одлики, специфики на книжевно користење и обликување на фантастичното во македонскиот расказ од почетоците до денес. Оттука и неговата улога во натамошното проширување на хорозонтот на проучување на македонската книжевност." - д-р Александар Прокопиев