Преку книгава вистински може да се согледа човечката големина на Конески, неговите размисли за многу теми (и литературни, и човечки) се толку свежи, што се добива впечаток дека сега се кажани. Разговорите се водени 0д 1985 до 1990 година, а Конески е течен раскажувач, со убава мисла. По прочитувањето на книгава добив впечаток како и лично да го познавам, а и уште повеќе ми е драг. Како што во една прилика Славко Јанески рекол: „Блаже никогаш не ќе е минато!“