Оваа ведра и преубава романса, со многу хумор, но и малку горчлива вистина, нѐ носи во Брисел, во Амстердам, во Лутон, во Охрид, во Софија и во Скопје и тоа токму овој период од годината. Приказна со многу бои, мириси, слоеви... што се чита во еден здив и се доживува со сите сетила! Уште едно дело што ветува уживање во леснотијата на читањето, напишана во препознатливиот стил на Пандева, на раскошен македонски јазик!
„Она што најмногу ѝ недостигаше на македонската литература - божикна приказна. Колку европска толку македонска!“ - Даниела Трајкоска, уредник на Културната рубрика во „Вечер“
По два исклучително напорни месеца од мојот свет на возрасните, кога навршува една година од кога последен пат го искористив пасошот и ми се патува, ми се плаче, баш меѓу двата Божиќа, ми дојде дозава опуштање како крисмас муви, добро де, новогодишен филм и тоа на македонски. Од македонска литература сум читала сè, само не хумористичен роман. Љубовни романчиња со среќен крај не читам, ама ова не е баш такво. Да, дејството е пребрзо и пренереално за мој вкус. Ама, мене ме доби со погледот кон македонската традиција, со жалната реалност на македонските млади и способни луѓе, со толку познатите мајчинско-ќеркински разговори... Препорачувам да се чита исклучиво меѓу двата Божиќа.
Дваесет дена пред Божик(25 декември) Дона ја чувствува таа прекрасна еуфорија во градот Брисел. Иако е навикната покасно да слави сепак не може да и' одолее на таа атмосфера. По напорниот работен ден одлучува да се почасти и си купува една вафла покриена со бело чоколадо. Но нема среќа да ужива во слаткото задоволство, таа чест ја има нејзиниот капут.
Што е пострашно од растопено чоколадо на бело капутче? Растопено чоколадо и разлеан црвен соја сос на бело капутче. Вечерата на еден костумосан господин завршува исто како нејзината. Наместо да му се развика за невнимателноста, Дона почнува неконтролирано да се смее. Па тој не знае како да ја сопре освен со бакнеж. И го прави токму тоа.
Тој бакнеж води кон запознавање на Дона со Хари Потер. Да, точно прочитавте. И не, тоа не е момчето волшебник од книгите на Џ.К. Роулинг. Тоа е еден згоден костумосан маж кој по некоја случајност и' е сосед на Дона.
Тие се запознаваат и дознаваат колку всушност се разликуваат и од колку различни земји потекнуваат. Дона чие име е всушност Македонка родена е во Македонија но по сплет на околности добива виза за работа и веќе четири години работи во ЕУНИК, а Хари кој е Англичанец работи во Брегзит групата.
Како што се запознаваат така се' повеќе развиваат симпатии еден кон друг. Но дали тоа е љубов или само мала авантура? Дали и покрај сите различности тие ќе останат заедно? Дали вреди да се бори за таа љубов?
Не знам колку пати имам кажано но повторно ќе кажам. Го ОБОЖАВАМ стилот на Лилјана. Нејзините дела ми се најголемо откритие за оваа година. Многу сум среќна што ја имав можноста да го прочитам нејзиниот најнов роман меѓу првите. Преубава божикна приказна која е збогатена со раскошни зборови од македонскиот јазик. Романтична комедија која ме маѓепса со преубавите описи од неколку различни градови. Нешто ново, поразлично, забавно и прекрасно! Уживав читајќи за авантурите на ликовите и се смеев на глас на некои сцени. Преубаво ремек дело за среќен завршеток на годината. ❤
Малку бев скептична во вреска со книгава иако корицата на прв поглед ме привлече, ама да ви кажам одамна немам читано ваква убава книга. Иако мала по страници ама многу богата. Една интересна љубовна приказна која ме прошета од Брисел до Амстердам, па во В. Британија, Охрид, Софија и Скопје. Многу добро ги преставува културните и политичките разлики помеѓу Европа и Балканот, особено со Македонија. И посебно ме допре оној наш актуелен проблем што младите заминуваат да работаат во другите земји, ама иако квалификувани понекогаш се приморани да направат некои "недозволени" нешта за да ги остаарат своите соништа, зашто за нас Македонците се затворени вратите инаку. Прекрасна книга, весела и ме изнасмеа. Единствено малку ми сметаше честата употреба на она "е добро де". Е добро де после не му обрнував внимание. 😀 Топла препорака.
Книгава е баш за овај период. Нели и самиот наслов кажува 😁😁😁 Но, е толку добра љубовна божиќна приказна, а Лилјана е прекрасен раскажувач. Додека читав се чувствував баш како дел од неа. Како дејствието да се случува пред мене, а јас како скриен набљудувач, пратам и исчекувам што следно ќе се случи. Преку оваа приказна фино се прошетав во Брисел. Малку подоцна во Лутон,Велика Британија. За на крај приказната да стигне до Македонија, односно Охрид и Скопје. Божиќната атмосфера те понесува, како католичкиот Божик, така и православниот. Запазени се доста традиции и обичаи.
На кратко Дона Мисирлиева или поточно Македонка, по случаен пат на судбината се запознава не случајно надвор од нивната зграда со првиот сосед. А Дона веќе во таа зграда живее две години. Но, кога судбината сака да си поигра со нас, тоа и се случува.И започнува нивната приказна.
Кратка во страници и затоа и се чита во еден здив.