„Не! Вие не се криевте од себеси. Вие се криевте од својата гордост! Вие не сакавте да и‘ признаете дека не сте совршен.“ „Се радувам за професорот. Изгледа навистина најде во неа достоен соговорник. Таа толку го инспирира, што сигурно се почувствувал млад. Впрочем, младоста не е прашање на телото, туку на духот, како што знаел и Ниче. Што велите“, се насмеа Јоханес. „На кого мислиш“, го праша расеаниот Витез. „Ах, Даниел! Не се прави дека не знаеш за кого зборуваме! За Византијката!
Книгите на Кица Колбе се добро осмислени мрежи од приказни кои нудат на читателот блаженство при читање.
Можам да кажам дека книгите се одделуваат од спектарот на македонскиот класичен роман, не се типични за нашата романескна конвенција, а тоа е уште едно нешто што само жените во нашата книжевност најдобро умеат да го направат - да му понудат на читателот приказна која ќе го оттргне од баналноста на секојдневието.
Најголема препорака се книгите од оваа извондредна Филозофина. <3