Дело кое вреди да се прочита. Долго време ја гледав на интернет и сакав да ја прочитам и кога ја купив заедно со 12Д веднаш почнав да ја читам. Тема на книгата е реинкарнацијата на две души близнаци и тоа прикажана преку пет нивни животи. Амелија и Леон се души близнаци половина и половина која прави цело, тие стануваат Лилјана и Алексеј,Викторијана и Илијана, Гордијана и Анел и на крај Леона и Рубин. Низ животите преку пет различни приказни тие трагаат еден по друг, трагаат по целото, трагаат по љубовта.
Романот има јасна порака дека душите се една половина од целото и тие нема да престанат се додека не се соединат во него. Многу ми се допадна стилот на авторката. На многу убав начин со одлични објаснувања авторката доаѓа до суштината при тоа нудејќи уживање во читањето.Уживав во секој збор од книгата. Ликовите се доловени, местата и времињата исто така имав чувство дека патував со временска машина. Ја препорачува на сите оние кои се на духовен пат.
Што ми се допадна кај оваа книга. Интересна приказна исполнета со емоции, детали и интересни ликови. Оваа книга имаше примамлив тајмлајн на случувања кои го задржуваат вниманието.
Што не ми се допадна кај оваа книга. Читајќи до ова дело ми недостасуваше конекција помеѓу ликовите и читателот (во случајов јас).