Понор е збирка раскази, во кои авторот Ѓелески продолжува, со уште порадикална потреба, да ги истражува и да ги поместува креативните потенцијали на современиот, урбан и нему лично омилен – хорор-жанр, како и предизвиците на т.н. поетика на стравот, втемелена врз сознанијата дека стравот е основната и најискрена од човековите емоции.“
Елизабета Шелева
„Оваа книга почнав да ја пишувам со цел да ја проширам картографијата на мојот литературен свет и да ја прикажам сенката што ја пушта големиот град што ги привлекува сите жители кон своето јадро, со ветувањето за подобра иднина. Понор е град во кој, доколку еден жител одлучи да живее според туѓ терк или има намера да диктира туѓ живот, неговото тело станува транспарентно и лесно за запоседнување од неговиот двојник… Градот го третирам како жив организам што се храни од несреќата на неговите жители.“
Ми се допадна книгава во главно. Морничави, необични раскази кои ги соголуваат слоевите на нашето декадентно, распаднато општество. За жал, имаше и неколку кои побудија револт кај мене благодарение на своите мизогинистички подтонови. Сметам дека може да се критикуваат и мажите и жените подеднакво на поумесен начин, без тоа да преминува во навредување и деградирање на целиот женски род. Поради ваквите размислувања на авторот, не можев потполно да уживам во неговото дело и затоа би го оценила со 3 ⭐️