Адам и Ребека се заедно речиси откако знаат за себе. Тој нема убав спомен без неа, таа нема тажен спомен во кој тој не бил нејзиното рамо за плачење. Но со текот на годините, животот носи нови предизвици, амбиции, подеми и падови. Некаде по патот, ги проголтува тркалото на кариерата и ги раздалечуваат скриени стравови. И тогаш се случува најголемото од сите предавства. Нешто незамисливо. Нешто непростливо.
Сега, Адам посетува психијатар и очајно бара сили да научи да продолжи да го живее животот. Но искрено, не е сигурен дали верува во живот по љубов… особено не по таква љубов. Ги лечи раните со низа девојки на кои не им ги ни помни имињата, но има едно име кое никако не може да го заборави, колку и да се бори.
Ребека е навидум ладна и индиферентна на сѐ што се случува. Но вистината е дека има чувство дека светот ѝ е распаднат на милион парчиња кои злокобно кружат околу неа, а никако не може да ги спои и повторно да си го врати животот во нормала. Чувствува невидена болка, чувствува немир, празнина… како да ѝ недостасува цел еден дел од срцето. Но свесна е дека токму таа е виновна и мора да ја плати цената. И покрај тоа, нешто не ѝ дава целосно да крене раце од човекот кој некогаш ја сакаше повеќе од сѐ на светот, а сега ја мрази како никој друг на светот… А и како би можела, како ли се живее без парче од срцето?
Книгава беше многу покомплексна од тоа што очекував. Во главно, ми се допадна и ми се допаднаа некои од темите што беа обработени, а во кои се пронајдов. Од друга страна имам доста забелешки. Ликот на Ребека ми беше многу антипатичен и иритантен. Изневерување поради тоа што имаш проблеми во врската, кои патем не си ни пробал да ги решиш, не може никако да се оправда. Адам премногу лесно ѝ прости на Ребека (од причина што дозна дека имала проблеми со менталното здравје 🤡), па и на Андреј. Исто ми сметаше коментарот на Ребека дека не постои случај во кој жената физички го напаѓа мажот, сопругот??? Не знам дали тоа е реалното мислење на авторката но, во секој случај, ептен игнорантно. Родителите на Ребека пак не знам од која причина беа присутни во книгава кога за ништо не придонесе затегнатиот однос меѓу Ребека и татко ѝ, можеа и воопшто да не беа споменати. На крајот, смртта на Џими беше скроз непотребно трефната сцена, бесмислено и неосновано. Книгава ми беше подобра од нејзината прва книга, затоа 3.75 ⭐️.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Само што ја завршив и уживав во секоја страна. Многу ми се допадна и начинот на кој е напишана , паралелно ги гледаме Адам и Ребека во минатото и сега. Многу ми е мило што повторно се дружев со овие ликови . Одлична приказна , со добро вметнати теми од секојдневието со кои многу луѓе се соочуваат. Приказна баш како што кажува насловот, за едно предавство, страст и тие два збора...❤ "Затоа што без некои случки во животот, луѓето никогаш нема да бидат исти" "Некои краеви не можат да се сменат. Колку и животот да го сака обратното" 5/5 ⭐