Едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваа многу нови работи. Открија дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваа на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаа во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ правеа заедно, додека еден ден...
ДЕВОЈЧЕ И МЕЧЕ е топла, сонувачка приказна за другарството и за растењето.
Сега кога ги прочитав сиет три книги од Костуранов, би ги рангирала вака: 1. Девојче и мече - најубава приказна 2. Ѕвездено дете - најубави илустрации 3. Девојчето и градот - најубави бои
Секоја убава на свој начин, едноставни, а поучни. Браво за Костуранов, ова големо дете чека упте книги.