Мало книгиче, а толку многу емоции...
Вака накратко можам да ја опишам новата книга на Наде Стоиљковиќ. Секоја страница, секој ред од напишаното е исполнет со срцепарателни приказни, приказни на кои ако не пуштиш некоја солза, не си човек. Толку емоции, толку лузни, толку солзи. Раскази се, не сакам да ги прераскажувам овде еден по еден. Ме фрапира реченицата дека сите се вистински случки.
Ти симнувам капа, Наде. За храброста да ги запишеш животните судбини. Да ја преточиш човечката болка во пишан збор.
Едно големо БРАВО!