"Ако некој гледал од високо, од кое и да е високо, ќе видел на правилниот пат на мокринското поле сѐ до болницата во Ново Село колона од подгрбавени и растрчани луѓе. Мал беше дворот на болницата да ги собере сите загрижени Мокринци. Лекарите, дојдени од други градови, тогаш за прв пат видоа нешто што не се случува секој ден. Солидарност. Нема, а гласна."
Ова е најновото дело на Лилјана. Се работи за збирка раскази. 23 приказни кои ќе ви ја доближат традицијата, фолклорот, легендите и предците.
Многу уживав читајќи за сите ликови во книгата. На крајот дури ми беше жал што нема повеќе страници. Би можела до крајот на животот да читам книги од Лилјана и да не ми се здосаде. Тука е и прекрасниот стил на пишување кој ми недостигаше.
Читајќи ја книгата во читателот се појавува една носталгија кон минатото. Колку поубаво и помирно било тогаш и како можело да ги најдеш сите добри карактеристики во луѓето. Секако, тука се и оние лошите, но добрината, солидарноста и едноставно големината на човечноста ги засенувала сите лоши. Тука е и копнежот по родното место, по семејните корени. Меѓутоа што било поминало, од сето тоа ни остануваат само спомените и сите тие приказни кои се бескрајно вредни за да бидат раскажани. Книгата е преубаво мало богатство. 💙